Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Македонизам > Иднината на Македонизмот > Врските со Македонците од соседството
Македонското национално малцинство во Грција
Сподели на Facebook
Никакви права не му се обезбедени ни на македонското национално малцинство во Грција. Според компетентни, наши и странски извори, пред балканските војни (1912 година) во Егејска Македонија живееле 326 426 Македонци.
И покрај познатото раселување (“размена”) на населението врз основа на Северскиот мировен договор од 1920 година и посебната конвенција за иселување на малцинствата, како и поради принудната емиграција во прекуокеанските земји, според најрестриктивните официјални грчки и странски статистички податоци македонското национално малцинство во Грција, во 1928 година броело 81 981 жители, што секако е минимизирање на неговиот број. Проценето е дека тоа и тогаш броело повеќе од 300 000 души. (Грчкиот попис на населението од 1928 година е објавен во официјалната публикација на Министерството за стопанство и статистика.)

На оваа малцинство не му се обезбедени никакви малцински права. Имено помеѓу двете светски војни Грција ова малцинство го нарекувала “Славофони”, “Славомакедонци” или “славофони Грци”. Северскиот договор од 1920 година ја обврзува Грција на заштита на негрчките народности во Грција, гатантира еднаквост во правата без оглед на нациналност, јазик и вероисповед, но овие одредби никогаш не беа извршени.

Имено, поради постоењето на малцинствата на нејзината територија, Грција од своето осамостојување била должна да презема меѓународни обврски за своето однесување кон малцинствата (Лондонски протокол од 1930). По Првата светска војна, како и другите балкански држави во договор со сојузниците грција се обврзува и на посебна заштита на малцинствата на нејзината територија.

Меѓутоа, на 27 номври 1919 година во Неј, помеѓу Грција и Бугарија е склучена Конвенција за иселување на малцинствата. Со оваа Конвенција земјите-договорнички на своите поданици од етничките малцинства, по вера или јазик, им го признаваат правото слободно да се иселат во нивните соодветни територии. Иселениците го губат државјанството на земјата што ја напуштаат во моментот на отпатувањето и добиваат државјанство на земјата во која заминуваат. На тој начин, всушност е извршено иселување на добар дел од Македонците од приморскиот дел на Македонија, односно од Егејска Македонија, така што Грција (и со Лозанскиот договор, со Турција) го менува етничкиот состав на територијата што ја поседува на штета на малцинствата.
На тој начин е намален бројот на македонското малцинство во Грција, а и кон останатиот дел таа не ги исполнува обврските за нивните права според меѓународните договори од крајот на Првта светска војна, како и според оние кои ги склучила подоцна.

По Втората светска војна Грција повторно превзема мерки против Македонците. Така на 01.10.1947 година е донесен Закон (декрет) за одземање на државјанството, а на 23.08.1953 Закон бр.2536 за колонизација на граничните подрачја, во 1959 година Закон за принудно давање изјава за лојалност, во 1967 година интерна наредба за забрана на употреба на македонскиот јазик, уставен акт за одземање на државјанството и други форми на асимилација на Македонците.

Вакви и слични нелегитимни акти не се ревидирани ни со поновите правни акти за репатријација на грчките државјани и политички бегалци (одлука на министрите за внатрешни и за јавни работи бр. 106841 до 1982 година), според кои во Грција можат да се вратат само Грци по род, а врз истата дискриминаторска клаузула е оневозможено остварувањето на нивните имотни права во Република Грција (Закон бр.1540 од 1985 година)

Извор: Меѓународно јавно право стр.136,137

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3870 пати
Просечна оцена од посетителите
 4 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 9

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист
--------------------------------
 Македонија ограбена ризница на културно наследство
--------------------------------
 Свешт. мч. Игнатиј Богоносец
--------------------------------
 Македонското име одбрането и со ихитофауната
--------------------------------
 Први жртви на II Светска војна - Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: