Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7505
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Македонизам > Македонски конституционализам > Македонски конституционализам
Прапочетоците на македонскиот конституционализам
Сподели на Facebook
Македонската конституционалност е доградувана од многуте кралеви со кулминација во време на Филип II и син му Александар.
Непобитни се доказите дека и предходниците, од Пердика до Аминта, таткото на Филип, имаат улога во трасирањето пат за Филип и изградбата на силна централизирана држава.

Прапочетоците треба да се бараат уште од Каран, првиот историски македонски крал, кој  прв воспоставува власт над териториите од разединетите македонски племиња. Ги обединува, а востановува и престолнина Ајгаи опишана и кај Јустин (истата легенда и кај Миладиновци, кои ја собираат од народот по 26 века?!). Но заради  временската далечина во која историскиот прогрес не е на нивото од времето на Александар и наследниците, кај првите македонски кралеви појаки се други елементи на конституционализам. Така, повеќе се развиени религиозно-митолошките форми вградени во државата како констутивни и преовладувачки. Не е ни чудно што македонскиот крал истовремено “бил и главен свештеник одговорен за религиозните обврски на државата и нејзиниот народ кон неговите богови” (Елис, 30), традиција што останала долго.

 

Монети со ликот на Каран
 
Кралското семејство, особено му се посветувало на култот кон Херакле, кого го сметало за свој родоначелник и не е чудно што тој преовладува во државното живеење. Ликот на Херакле е во монетарниот систем (на монетите), во духовниот живот- по цела Македонија се храмови, попатни градби и плочи во негова чест; Херакле е во митологијата, традицијата, обичаите и фолкорот. Херакловите атрибути, лавјата грива и стапот се најпостојаните симболи на кралевите, лавјата грива повеќе ја ценеле од златото па на главата како круна неа ја носат. Закитен со Херакловата првосвештена највисока титула, македонскиот крал ја добива и улогата на непристрасен и врховен судија во судските спорови, со исклучок на некои специфични случаи, подоцна.
 
И култот кон сонцето е прастар македонски култ негуван и вграден во македонскат хералдика, монархиска но и народна симболика .Со сето ова се заокружува конституционализмот на прапочетокот од македонското државно живеење, низ формите на организираност во монетарниот систем, монархијата, религијата, судството, одбраната и др.
 
Македонија е со “најстарата патријахална монархија“ која подоцна за време на Филип ќе доживе извесна модернизација со новиот систем на изборна монархија. Ова е направено во склад со потребите на новото време, но без напуштање на автентичниот македонски континуитет и длабоки традиции.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5012 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 22 ноември 2017
Моментно посетители: 35

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Македонците и базите
--------------------------------
 Македонскиот крал-бебе на бојното поле
--------------------------------
 Планевите на градбите по македонскиот обичај
--------------------------------
 Поимот лептерно (лефтерно – лесно)
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: