Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7492
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Македонизам > Филизофија на Македонизмот > Македонизмот и неговата филозофија
Други фактори за национализмот?
Сподели на Facebook

Во формирањето на нацијата битни се и два други фактори. Имено човештвото од секогаш се организирало во групи од сите видови, форми и големини, некогаш строго дефинирани, другпат лабави, некогаш уредно вгнездени а другпат испреплетени.

Бескрајно е разнообразието на овие можности и на принципите врз основа на кои се создавале и се оддржувале групите. Но кај сите се појавуваат два заеднички чинители и катализатори на формирањето и оддржувањето од групите: вољата и стравот.

Под првиот - вољата уште се подразбираат и доброволната приврзаност и идентификацијата, лојалноста и солидарноста. Под вториот - стравот уште се подразбираат и принудата и обврзаноста.

Има ретки заедници кои се со исклучивост или од едниот фактор или другиот но сепак најистрајните се базираат на мешавина од лојалноста и идентификацијата (доброволна приврзаност), како и од мешавина од надворешни, позитивни или негативни поттици на надежи и стравови.

За несреќа на ова дефинирање за нацијата формирана само од стравот и вољата, истите фактори важат и за клубовите, здруженијата, бандите, партиите, тимовите и сл. асоцијации кои се формирале токму со некаква воља на членовите гонети од стравот за несиполнување на некое нивно право.

Сепак овие два фактори влијаат и на формирањето на нацијата. Кога нацијата има проблеми од надвор или од внатре со друг национализам, природно се зајакнуваат сите врзувачки механизми кои се ставаат во функција на одбрана и сплотеност, заборавјќи ги или ставајќи ги во втор план дотогашните проблеми.

Денес некои државни и национални водства кога сакаат да ја оттргнат нацијата од економско-политичките проблеми, го злоупотребуваат овој момент и иницираат надворешен “непријател” на нацијата, со што создаваат единство на својата политика.

Грција мошне често го злоупотребува овој ефект со што оддржува постојана висока тензична националистичка атмосфера, која во крајна линија и допринела за вака високиот национализам кај Грците.

Постојани “непријатели” на Грците се – Турците, Македонците (вознесени од национализмот, не викаат -“Славо-македонците”) но и Албанците, што ќе рече сите кои ги опкружуваат. Проблемот е што од сите овие народи токму Грците неправедно со агресија и туѓа поддршка одземале територии, па кај нив се вклучени и стравот и надежта како фактори на постојано оддржуван така висок национализам.

Ако тоа така влијае кај национализмот на “окупаторите”, природно е да влијае и на оние окупираните и газени нации, кои имале и имаат не помал страв и не помала воља да се избават или едноставно оддржат како нации. А тоа го формирало и нивниот национализам и ја зацврстувало нивната нација.

Од ова јасно е дека и овие два фактори, влијаат и влијаеле и во минатото при формирањето на нациите а ќе влијаат и во иднина.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5343 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,66 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 22 октомври 2017
Моментно посетители: 76

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Прва монашка република на Балканот
--------------------------------
 Античката “Теургија” и македонскиот фолклор – едно
--------------------------------
 Македонците и воената економија на силите
--------------------------------
 Дисциплината кај војската на Македонците
--------------------------------
 “Дромон” е најпознатиот византиски воен брод
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: