Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Македонизам > Филизофија на Македонизмот > Македонизмот и неговата филозофија
За нацијата – конкретно
Сподели на Facebook

Гелнер пак оди со национализмот како неминовен дел на државноста, еден неиздржан кај него став, а протежиран постојано.

Велејќи дека нациите и државите не се иста случајност, тој тврди дека национализмот сметал оти тие се предодредени една за друга и дека едната е нецелосна ако ја нема другата што било трагедија ?!

Дали сега пак треба да го потсетуваме за Евреите кои илјадници години немаа држава па ништо не им сметаше да си го одржуваат својот национализам, во кава и да беа средина и општествено уредување. Дури и денес кога имаат своја држава остатокот од нив кој не е мал и живее ширум светот си го оддржува својот национализам како што впрочем си го оддржуваат и оддржувале бројни емигрантски нации. И тоа не од денес но секогаш, но за ова и понатаму има тема.

По ова Гелнер оди на дефинирање на нацијата при што тој разликува две дефиниции за да се појаснел овој нејасен став:

1. Двајца луѓе и припаѓаат на иста нација доколку, и само доколку споделуваат иста култура, при што културата значи систем од идеи, знаци, асоцијации и начини на однесување и комуницирање.

2. Двајца луѓе и припаѓаат на иста нација доколку се препознаваат еден со друг како припадници на истата нација. Со други зборови, нациите го прават човекот ; нациите се артефакт на човековите убедувања, лојалноста и солидарноста.


При вториот став оди поопширно па вели и дека група луѓе-жители на одредена територија или група која зборува определен јазик, станувала нација ако и кога нејзините членови јасно ќе си признаат едни на други определени заемни права и должности врз основа на нивното заедничко членство во неа.

Токму во последново е изгледа суштината на сите нејаснотии при обработката на национализмот од страна на Гелнер. Имено тој спомнува се што може да ја поврзе групата во нација – територија, јазик, култура, убедување, лојалност, солидарност, заемни права и сл.. но основното го испушта од вид. Дури и ќе заврши дека “нивното заемно препознавање ги преобразува во нација а не некои други заеднички, особини, без разлика кои и да се и ја одвојува таа категорија од неприпадниците”.

И сега пак, што целовремено Гелнер испушта од вид намерно или не при ова кога вели “а не некои други заеднички особини, без разлика кои да се..”?

Се разбира за него токму тие заеднички особини се неважни а тие се целата суштина на национализмот, имено – ЕДНОРОДНОСТА !
Токму најважното Гелнер го испушта и за него е потполно неважно и споредно затоа и спомнува се:

- територија (видовме може да се живее било каде а пак да си се негува националната посебност),
- јазикот (може да се говори и со туѓ јазик а пак да постои национална посебност - факт сите колонијални народи, сеедно што мајчин јазик им е денес шпанскиот, португалскиот, англискиот или францускиот),
- културата (Која?, вака општо поставено е непрецизен и широк поим),
- убедување, лојалност, солидарност, заемни права и сл. (големи и растегливи а променливи категории).

Значи за да постои еден национализам можеби не се неважни и горните категории кои Гелнер убаво ги посочил, но пред се треба да има – НАРОД, нешто кое случајно го испуштил инаку не-случајниот Гелнер. А за поимот НАРОД овде има посебна обработка.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6578 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 35

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонци – прогласени за херои на Нирнберг
--------------------------------
 Вампирите кај Македонците уште во XII век
--------------------------------
 Нова обука на аскерот за Македонија
--------------------------------
 Македонците и воената кола, двоколка
--------------------------------
 Потеклото на парадите – од Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: