Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8850
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Македонизам > Филизофија на Македонизмот > Македонизмот и неговата филозофија
Поими татко (вина) и (на) род
Сподели на Facebook

Поимот Татковина во својата основа во македонскиот јазик го содржи зборот – Татко. Што се значи поимот татко а што – татковина ?

• Таткото - Давател на живот ( заедно со мајката )
• Таткото - Хранител на семејството
• Таткото - Заштитник ( жртва ) на (за) семејството.
• Таткото - Градител на домот.
• Таткото - Воспитувач на чедото.

Токму се ова е и – татковината.

• Татковината – Дава живот ( породилниците и болниците )
• Татковината - Храни со нивјето и пекарниците.
• Татковината - Штити со војската и полицијата.
• Татковината - Гради и вдомува со становите и куќите .
• Татковината - Воспитува и образува со училиштата .

Ако одиме со ред на секоја од овие ставки ќе видеме следно :

- Таткото – Дава живот зашто тој е нашиот “ создател” , тој не створил па и црквата вели дека тој е во ”Светите тајни – Тајната на создавањето “.
- Таткото според ова е – Божји представник зашто и фактички го представува – Бог-творец ( Сесоздателот).
- Таткото e со честа слична на Бог – творец, која самиот бог му ја пренесува сместувајќи го не случајно во 4-тата од  “10 Божји заповеди”, каде вели – “Почитувај ги родителите, ако сакаш да поживееш на земјата”.
- Таткото во - Единство со мајката го представуваат – Бракот кој е пак во Светите тајни. Бракот е Божјо ( Заветно) единство од маж и жена зашто и се создадени еден од друг и еден за друг ( Според заветот - жената од ребро на мажот).

- Ако тргнеме од тоа дека сме сите создадени од ова – Единство наречено – Брак на нашите родители, ако и самите сме со време – родители а со тоа и учесници во тајните на – Создавањето, треба да ја имаме високата -Почит за својот татко и татковината.

- Што е Таткото – тоа е Татковината, а штом сме татковци, и ние сме – Татковината. Бидејќи пак жената (мајка) е – Единство со мажот и таа е – Татковината. Токму заради ова – Единство татковината се нарекува – Ту едното ту – Другото.

- Таа е и – “мајка Македонија” но и – “татковина Македонија” ( во минатото и “Патрида Македонија”). Патриотизмот како духовно и природно наследство со кое не обдарила ,е во нас – Втемелена обврска од почит и пиетет кон неа – нашата и единствена – Македонија.

- Доказ за таа љубов ( сакање ) е способноста за големи жртви за неа : Да се сочува тоа добро или да се поврати ( ослободи ) за што сведочат илјадниците гробови на туѓинските војници но и на нејзините ајдуци, комити, партизани – расеани во неа и надвор од границите и.

- Македонскиот патриотизам не само сакање на родокрајот, но и на сите нејзини плодоводни и шумни краишта до кај што е единствениот и милозвучен македонски јазик ; До кај што пее елегичната песна со јачот на зурлата, гајдата и кавалот слеани со ударите на тапанот и орото од нејзините луѓе.

- До кај што единствениот вез ишарал кошули, вути и килими во кои провејува црвената боја. До кај што прадедовска рака подигнала храмови ги осликала и со резби недостижни по убавина обдарила. До кај што се нејзините слави и традиции со маса народ збран единствен по добродушност и искреност.

- Но тој е и надвор – До кај што останале нејзини раскинати делови а со се ова а на што вештачки калемат нешто што не се зафаќа. Тој е и кај далечните краишта на светот до кај се расеало Македонското семе под ударите на ѕверјето збрано од секаде а во Македонија.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7602 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,66 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 16 април 2024
Моментно посетители: 10

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Наумакија – македонска поморска вештачка битка
--------------------------------
 Најстариот кадар од македонската Филмска уметност
--------------------------------
 Најславниот антички пат врви низ Македонија
--------------------------------
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
 Крстот на кој е распнат Исус, низ Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: