Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9388
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Македонизам > Филизофија на Македонизмот > Македонизмот и неговата филозофија
Бугарите спроти зародишот на македонизмот
Сподели на Facebook
Истапувањето на македонските патриоти во одбрана на македонскиот национален индивидуалитет, во зародишот на македонизмот (нешто по средината на XIX век), особено ги погодува бугарските националисти. Бранејќи ги своите бугарски национални интереси (и самите штотуку испилени), сакајќи официјална.
Европа да не дознае дека тука се работи за трет народ, кој не е ниту грчки ниту бугарски туку македонски, тие се спротивставуваат на овие македонски национални истапи.

Бугарите особено ги плаши тоа што овие македонски национални истапи со тенденција кон масовност, во овој прв национален настап своето потекло го врзуваат за античката македонска држава и нејзините славни кралеви - Филип и Александар Македонски. Затоа и брзаат пред европската јавност да докажат дека всушност се работи за прикриени “гркофили”, кои од посебни интереси почуваат да се декларираат со “грчкото“ име - Македонци. Но до Европа, допираат и засебните тежнеења на овие Македонци, толку различни од бугарските и грчките. Овие “знаци” на македонска национална свест, бугарските првенци, намерно сега ги нарекуваат “куцовлашки чувства“ (кои, се божем својствени на Влавот и Гркот, но никако и на некаков Македонец !). Се ова го прават само за да ја скријат индивидуалноста на македонскиот народ, кој ја нема можноста тоа послободно да го искажи заради тешкото ропство. Навистина во ова време и Бугарите сеуште се под османска власт но таму рускиот притисок врз Турците веќе се чувствува во се и условите се порелаксирани одошто во Македонија (набргу ја добиваат Егзархијата а нешто потоа и слободата).

И како што признава П.Славејков, бугарските првенци, оваа засебна македонска национална свест намерно ја нарекуваат “куцовлашко чувство” токму заради прикривање на оваа појава (П.Р.Славејков, “Македонскиот вопрос“, вес.”Македонија“, Цариград, V, 18.III.1871). Бугарските првенци покрај намерното искривено прикажување на пројавениот македонизам во некаков прогрчки правец различен од “словенскиот и јазично поблизок” бугарски, ги напаѓаат носителите на македонизмот и со приземни епитети “глупави луѓе“ и “незнајковци“ (во истиот текст од П. Славејков). И не може да не се забележи што Бугарите и денес по цел век и половина не отишле подалеку од оваа проста пропагандна почетна логика. Тие дури и денес кога не негираат како народ, јасните македонски национални стремежи низ минатото ги прават “влашки” а кога немаат одговори на бројните факти од разни учени, немајќи одговор во очајот истите само ги нарекуваат “глупавост” , “незнаење” и сл.

Ваквото бугарско пишување, логистички поддржувано во она време и од руската државна политика, лесно продирало и се ширело низ Европа која и самата е во вриежи и со несигурна наука (многу научни дисциплини сеуште не се појавени, застанати или неразвиени). Кога е историската наука во прашање од ова време, пак, нема европска земја во која таа не е на некакви романтичарско-легендарни основи. Особено е штетно штотуку наметнатото учење за некаквиот славен антички грчки свет од кој и целата европска цивилизација црпи културни и општествени основи (всушност последица на Бајроновиот восхит но и од другите странски дејци учесници во грчкото ослободување). Ако зад бугарските интереси се криеја руските, тогаш зад грчките беа британските, секоја голема сила од овие две форсирајќи ја помалата поморска земја (Грција на Средоземно Море а Бугарија на Црно Море - Босфор) си отвара нов поморски стратешки пат. Во клин помеѓу ваквите бугарски (руски) и грчки (британски) влијанија се наоѓаат македонските патриоти, сами и без никого а да се бранат од толкуте интереси и се што тие носат. Колку и да од осаменоста во таа борба се разочарувале, пателе или дури и застранувале од тој пат, со најразличен склоп на околности, тие - првите македонски патриоти, го потпалија факелот на македонизмот. Го носеа и предаваа на нови и нови факли а сите од тоа време па на оние по нив, овие пак на следните и тако се ред до денес. Колку и да се трудеа Бугарите, бугарофилите или бугароманите да го спречат разгорот на овој македонизам, ако тоа не успеаја тогаш во зародишт, уште пак помалку ќе можат денес.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6121 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,07 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 06 декември 2024
Моментно посетители: 47

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
 Античката “Теургија” и македонскиот фолклор – едно
--------------------------------
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: