Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7492
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Македонизам > Филизофија на Македонизмот > За Македонизмот и минатото
Барон КОНСТАНТИН БЕЛИ “МАКЕДОНЕЦОТ”
Сподели на Facebook
Баронот Константин Бели – “Македонецот“ како што со гордост се потпишувал низ европските метрополи, е роден кон средината на XVIII век (околу 1760 – 1770 год.) во Постол (Пела) - Егејска Македонија, од каде рано емигрира неговото семејство во Австро-Унгарија.
Заврши високи наобразби и со својата способност и интелектуална моќ, си изборува место меѓу највисоките државници на дворот во Виена, иако Македонец по род, но особено е важна личност за Баварија во чие државно организирање и управување учествува подоцна (германските обединувања и разединувања приматот помеѓу Австрија и Прусија) 


Виена европската престолнина во која доаѓа Константин Бели

Натрупува богатства и имоти кои му ја унапредуваат целата кариера. Правилата по европски империи, не дозволувале на странец кој не може да докаже неколку колена благородничка крв да стане член на некој од Редовите и тајни друштва а уште потешко пак да се здобие со баронски титули. Но Константин Бели достигнал се.

Далечината пак од родната Македонија, му ги јакне македонските чувства, копнее Македонија да е слободна. Сфаќајќи дека без организирана интелигенција, македонизмот не ќе можи да се оддржува а камо ли шири, тој се насочува во образувањето македонски кадри и во помош на напатениот македонски народ.

Тајните друштва се влијателни но не и пресудно влијателни. Основната дејност им е на хуманитарни активности од тајна или полутајна природа. Баронот Бели во овие граниици ја става неговата оставнина на Македонија и Македонците во 1835 год во “Тестамент“ со кој подарува 2000 книги од богатата библиотека која ја поседува за училиштето и црквите на родниот Постол (Пела). 


Пела (Постол) македонската античка престолнина од која тргна барон Константин Бели - Македонецот

Во личната порака за ова баронот Бели пишува:

“Кога Македонија ќе достигне таков степен на развиток за да создаде свои училишта, тогаш општинскиот совет на Пела е должен книгите да и ги отстапи на јавноста во Македонија“;

• остава дел од имот во пари со Завештание од нив: “Да се издржуваат извесен број клиники во кои се лекуваат Македонци болни од секаква болест“ a овој Фонд да се вика:

“ЛЕГЛА НА БОЛНИТЕ – ЗАШТИТНИЦИ НА БАРОНОТ КОНСТАНТИН БЕЛИ - МАКЕДОНЕЦОТ“.

• основа и Фонд за образување Македонци – студенти и го именува со:

“КОМИСИЈА ЗА СМЕСТУВАЊЕ МАКЕДОНЦИ ОД ОСТАВНИНАТА НА КОНСТАНТИН БЕЛИ“.

Баронот Константин Бели изнесува и подробности дека потпишал и “Завештание” при Баварската влада од чија камата:

“Да се дава стипендија на двајца Македонци за време од 6 години што би студирале на Академијата во Минхен” кои баронот однапред ги признава – како “усвоени синови на г-дин Бели”. Единствен услов кој се барал од нив во тестаментот е:

“ДА ЈА САКААТ И ДА ЈА ПОЧИТУВААТ НАШАТА ДРАГА НЕКОГАШ СЛАВНА ТАТКОВИНА - МАКЕДОНИЈА”

За олеснат пристап на Македонците, баронот овој Фонд од Минхен подоцна го преселува во Атина како најблиска слободна христијанска столнина во тоа време. ПОРАКАТА сега е и со грчко писмо кое и во Македонија е единственото присутно и легално покрај турското, заради црковно-училишната грчка управа.


Григор Прличев како Македонец е корисник на фондот од баронот Бели за стипендирање на студенти Македонци

Бидејќи упатствата биле јасни во однос македонската народност на студентите, Грците подоцна сакајќи да го ескивираат овој Фонд одат на студенти Македонци но кои би ги превзеле под својата пропаганда. Така еден од нив е и студентот по медицина Григор Прличев од Охрид кој се издржува од оваа стипендија на баронот, кога го создава “Сердарот”.

Грците го наградуваат Прличев со македонски пари т.е. пари дадени за македонска кауза, што ги користат всушност за грчка, а во времињата кога баронот и не може да влијае зашто е веќе починат а извршителите на оставнината природно се поврзуваат со властите и тајните грчки ложи во Атина (зашто и самите се изгледа дел од тајни ложи).

Интересно е што подоцна и синот на Прличев ќе е член на тајни масонски ложи иако веќе преселен во Бугарија. Со ова е изгледа направен спојот помеѓу баронот Константин Бели и неговите извршители кои ги образуваат но и внесуваат и штитениците од Македонија во ложите. Очигледна е и стратегијата на тајните ложи да се игра двојно - покрај мисијата и со секоја власт каде ќе се најде членот на ложата (Бели со австриската, извршителите со грчката, синот на Прличев со бугарската подоцна и.т.н).

Григор Прличев иако навидум игра за Грците користејќи ги поволностите од тоа, тој игра и со руските, бугарските, српските но на терен ги создава пред се – македонските национални чувства и кадри. Токму Охрид е најсилното и не случајно жариште на македонизмот во овој период. Миладиновци, Шапкарев, Узунови, училиштата и писмата на Македонците против грчката и бугарската црква и учители се не случајни.

Токму заради ова игра овие дејци кога одат во Бугарија им пишуваат делумно и таму она што на Бугарите им одговара но не и во Цариград ( Цариградскиот весник), Охрид или било каде друго место. Очајни се Бугарите денес кога вадат нешто од Бугарија а молчат за се друго. Всушност Македонциве ги играле Бугарите (како што подоцна Мисирков најдобро ќе го изрази тоа).

Но вистинската љубов на баронот Константин Бели кон својот македонски народ и воопшто македонизмот уште во почеток на XIX век најдобро ги изразил во својот “АПЕЛ“ упатен “ КОН СВОИТЕ ЕДНОРОДНИ МАКЕДОНЦИ “, објавен од Виена во 1838 год:

“АПЕЛ КОН СВОИТЕ ЕДНОРОДНИ МАКЕДОНЦИ “

Виена 1838 год.

“СВЕТОТ Е навистина чувството да се сака татковината, неизбежно е за секој благороден човек и е неопходно за оние кај кои останала трага од честољубивост и сакаат да живеат вечно од устата на поколението, а не да умрат наеднаш, откако го подишат за неколку минути како и животните оној атмосферски воздух и избришани од списокот на живите, да останат засекогаш непотребно бреме на земјата. Но колку е оваа вистина светла и од сите воопшто се исповедува, толку помалку влијае врз ЧУВСТВАТА на сите нас.

НИЕ, БОГАТИТЕ, благодарение на она што тркаламе во изобилството на печалбите, мислејќи повеќе на своето лично и материјално богатство, само се стремиме да ги умножиме своите желби, тркалајќи се во вечна заблуда и суета, каде што бескрајната фантазија, откако еднаш не одвлекла од умереноста, сака да не заблуди во бескорисни и фантастични среќи, кои всушност никогаш во животот не ги најдовме, и си остануваме без да ги вкусиме од она морално и постојано задоволство – ДЕКА СМЕ ГО ПОМОГНАЛЕ БЛИЖНИОТ И СВОЈАТА ТАТКОВИНА.

А во своите последни минути, уплашени од совеста, умираме мошне нажалени, и нашата татковина, СЛАТКАТА МАЈКА ТАТКОВИНА, не облекува траур за нашата смрт, ниту пак не придружуваат молитви на останатите наши браќа; нашата татковина не отстранува како НЕДОСТОЈНИ ЧЕДА ЗА НЕЈЗИНАТА ЉУБОВ, како туѓинци и изроди со зборовите : “ ВИТОСАЈ СЕ ОД МЕНЕ, ИЗРОДЕ !!! “.

И нашето потомство го осудува нашето бесчувство и рамнодушност со обичните зборови :

“И жив беше бескорисен, а умрен е достоен за осуда “. Тажен глас ! Жален глас ! Татковината да се откажува од своите чеда, од браќата, од молитвите, а роднините и целиот говорен свет од пофалбата ...“

Виена 1838 год.
барон Константин Вељо Бели - Македонецот

(Оригиналот на писмото објавен и во весникот “Лоза “ I /I (1892), II ) 


Апелот на барон Константин Бели го објавуваат и „Лозарите“ во емиграција

И не може човек да остане рамнодушен на овие зборови преточени и во конкретни дејства од страна на баронот Бели, како што не останале подоцна Македонците – патриоти емигранти во Софија кога го покренуваат весникот “Лоза” и самите во улога на печалбари и бегалци.

Не случајно првата страница ја започнуват токму со извадок од Апелот на баронот ”кон своите еднородните Македонци”. Пред него само го ставаат геслото на весникот, всушност една изрека од Софокле која вели:

“НИКАКВЕЦ Е ОНОЈ ШТО ИМА ПОДОБАР ПРИЈАТЕЛ ОД СВОЈАТА ТАТКОВИНА“.

Древниот престол на Македонија и македонизмот градот Постол (Пела) со баронот Константин Бели на овој начин, далеку по Александар го започна НОВИОТ МАКЕДОНИЗАМ, токму во времето на будењето на нациите. Со ова македонскиот народ се нареди во истиот ред, ниту закасна ниту подрани кога семето се пушти в земи во првата половина на XIX век (1835 год.). 

Внатре за`рти и се воздигна надземи, кревко во почетокот со нежни ливчиња но тргна, го гледаа и почнаа да се грижат се повеќемина за него- го дофатија “Лозарите” но и следниот голем Македонец од Постол (Пела), Крсте Петков Мисирков.

Престолот ги дава – великаните, со македонскиот ПРЕСТОЛ - ПОСТОЛ е македонската круна, таму во македонската алеја се наредија најголемите – Александар III “Македонски”, Константин Бели – “Македонецот” и Крсте П.Мисирков - “Пелски”.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 9468 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,75 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 22 октомври 2017
Моментно посетители: 74

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Први жртви на II Светска војна - Македонците
--------------------------------
 Кралските круни потекнуваат од Македонија
--------------------------------
 Најквалитетниот опиум на светот – македонскиот
--------------------------------
 Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово
--------------------------------
 Македонскиот крал-бебе на бојното поле
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: