Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8861
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Антика > Македонски градови и области
Тесалоника не е грчко, туку е Mакедонско име
Сподели на Facebook

Мнозина кај нас денес и во минатото сметале и сметаат дека името Солун е вистинското македонско име на овој град, додека името Тесалоника (евентуално Тесалоники) е „грчко“, па со одбивност се однесуваат кон ваквото име.

Мнозина кај нас денес и во минатото сметале и сметаат дека името Солун е вистинското македонско име на овој град, додека името Тесалоника (евентуално Тесалоники) е „грчко“, па со одбивност се однесуваат кон ваквото име. Меѓутоа, вистината е сосема поинаква. Името Тесалоника е вистинското автентично македонско име, додека името Солун е подоцна изведено. Но, да поминеме на фактите.


Овој град бил основан во 315 година пред Христа од страна на македонскиот крал Касандар. Градот бил основан во близина на постарата населба Терма и извесен број околни села. Касандар го нарекол овој град Тесалоника според името на својата сопруга Тесалоника, која била сестра на Александар Трети Велики Македонски, што значи дека била родена ќерка на Филип Втори Македонски. Значи, градот бил основан од еден Македонец и бил именуван според името на една Македонка - родена сестра на најпознатиот македонски цар.

Но, каква е етимологијата на името Тесалоника? Зошто Филип Втори ја крстил својата ќерка со ова име (кое подоцна станало име на познатиот македонски град)?

Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Имено, во 354 година пред Христа, Филип Втори Македонски (по неуспешниот обид од претходната година) успеал воено да ја освои грчката област Тесалија, која тогаш била бранета од Грците Фокијци. Војната против Грците во Тесалија не била воопшто лесна и траела повеќе месеци, но на крајот завршила со победа на Македонците. Не долго по оваа победа, на Филип Втори му се родила ќерка. Во чест на освојувањето на Тесалија, Филип ја крстил својата ќерка Тесалоника. Практично, името Тесалоника е сложенка, составена од зборот „тесало“ (кратенка од Тесалија) и суфиксот „ника“. Ова име во слободен превод значи „победникот над Тесалијците“, т.е. де факто - „победникот над Грците во Тесалија“. Ете тоа е етимологијата на ова име, според кое подоцна бил именуван и македонскиот град. Практично, името Тесалоника не само што не е „грчко“, туку тоа е и „антигрчко“ име, затоа што во себе содржи информација за победата на Македонците над Грците во Тесалија. Трагикомично е тоа што денес Грците се „гордеат“ со ова име, а ние Македонците го отфрламе прогласувајќи го за „грчко“ (иако во суштина тоа е чисто автентично македонско и „антигрчко“ име). Подоцна, македонското име на градот Тесалоника почнало да се изговара и како Салоника, а од ова име е произлезено и подоцнежното име Солун (како кратенка од Салоника). Но, така е кога не се знае сопствената историја. Од името Солун нема бегање, но ни името Тесалоника не смееме да го отфрламе, ако не поради друго, тогаш поради чест и спомен кон дамнешната победа на Македонците над Грците, која била овековечена преку ова име.
Да кажеме неколку збора и за етимологијата на составните делови на ова име. За првиот составен дел („тесало“) рековме дека се однесува на Тесалија, т.е. на Тесалијците и тука нема што да се објаснува дополнително. Што се однесува до вториот дел (суфиксот „ника“), некој можеби веднаш ќе забележи дека тоа е „грчки збор“, именка, што значи „победа“, па оттаму целото ова име е „грчко“. Но, дали навистина е така? Како прво, зборот „ник(а)“ е доста застапен и во современиот македонски јазик, но не како посебна именка, туку како суфикс и (во голем број случаи) го има истото значење како и грчката именка. На пример, именката „работник“, претставува сложенка составена од именката „работа“ и суфиксот „ник“. Оттаму, етимологијата на именката „работник“ е „тој што владее со работата“. Етимологијата на именката „волшебНИК“ е „тој што владее со волшепството“. На ваков начин етимолошки можат да се објаснат и други именки: цариНИК (тој што владее со работата на царината), коњаНИК (тој што владее т.е. јава коњ) и други.
Суфиксот „ник“ се користи и за друга намена, каде што исто така има слично етимолошко значење: свињарНИК (место каде што доминираат свињите), рибарНИК (место каде што доминираат рибите) и сл.
Откако го објаснивме значењето на суфиксот „ник“, некој можеби повторно ќе забележи дека тоа, сепак, по потекло е „грчки суфикс“, кој ние Македонците сме го прифатиле од грчката именка „нике“.
Но, ни ваквата забелешка нема да биде на место. Имено, познато е дека именки во кои е содржан овој суфикс (со идентично значење како во македонскиот јазик) се среќаваат и во други словенски јазици. Во хрватскиот (дјелатНИК, привредНИК), во српскиот (ратНИК), во рускиот и други. Па како можеле припадниците на овие далечни народи да го „примаат“ овој суфикс од Грците и да го вкоренат во својот секојдневен говор, кога се знае дека тие во минатото немале апсолутно никакви помасовни контакти со Грците? Познато е дека зборови заемно се прифаќале и се прифаќаат од еден во друг јазик, но тоа е само кај народите што граничат меѓусебе. Оттаму, излегува дека попрво овој збор Грците го прифатиле од предците на Словените, а потоа останал како именка во грчкиот јазик, додека во македонскиот и во другите словенски јазици главно се задржал како суфикс, иако значењето останало исто. Постојат грчки антички сведоштва според кои Грците прифаќале многу зборови од туѓите јазици (конкретно од македонскиот, но и од други „барбарски“ јазици). На пример, античкиот автор Атенај од Наукрат јасно истакнал дека токму атичките (атинските) автори примале зборови од Македонците.

Пишувајќи за постоењето на туѓи зборови во грчкиот јазик, Атенај пишува:
„Знам исто така дека многу атички писатели користат македонски идиоми како резултат на големото меѓусебно влијание помеѓу Атика и Македонија“. (“Deipnosоphists“ III. , Loeb Classical Library, William Henemann, London p. 201).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7268 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,78 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

понеделник, 22 април 2024
Моментно посетители: 58

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Преп. Теофил Мироточив
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
 Македонскиот антички штит бил дрвен
--------------------------------
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 Черкезите, Македонија и нивниот прогон од неа
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: