Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Антика > Македонски градови и области
Стибера, село Чепигово, прилепско
Сподели на Facebook

Стибера, или како што археолозите љубат да ја наречат Македонска Помпеја, е еден од најголемите антички градови во Македонија а, истовремено, и еден од најатрактивните антички градски населби.

Таа се наоѓа во близина на прилепското село Чепигово, а нејзините остатоци лежат на јужните падини на ридот Бедем каде во неговото подножје се влева рекичката Блато во Црна Река (Еригон).
Неколкуте пишани антички извори соопштуваат за животот и убикацијата на Стибера. Во подоцнежните записи таа воопшто не се споменува, па оттаму се претпоставува дека исчезнала пред ИВ век, и тоа за време на владеењето на царот Галиен.
Со археолошките истражувања на овој локалитет пронајдена е цела една ризница од подвижен археолошки материјал, што главно му припаѓа на периодот на II и III век, кога Стибера го доживеала својот процут. Од него се издвојуваат керамички садови, монети, мермерни споменици, повеќе од триесет статуи и бисти на угледни граѓани од тоа време, околу дваесетина постаменти и плочи со натписи и голем број на мермерна пластика. Тоа зборува дека со овие ископувања е откриен дел од градскиот бедем. Градот бил обиколен со обѕидие од кршен камен. Во внатрешноста на градот се откриени темелите од некогашниот храм посветен на божицата на судбината - Тихе, а подигнат во спомен на една богата граѓанка и на нејзините блиски роднини. На тоа место постоел извор, кој повеќе имал култна и мистичка, одошто практична вредност. Таму било изградено, а подоцна и обновено, светилиштето што најверојатно и било посветено на истата божица, како и храмот. На овој простор пронајдени се разновидни мермерни украси, статуи и бисти, меѓу кои и статуата на божицата Тихе на постамент со натпис. Храмот се состоел од наос и предворје. Неговите ѕидови биле изградени од кршен камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Начинот на градење на наосот е типично римски. На источниот дел од наосот постоеле седум ниши, меѓу кои една голема централна и по три од обете страни. Зачувани се нивните подови, апронајдени се и шест мермерни полукружни плочи кои, според големината, одговараат на подовите на нишите на чии страни биле врежани имињата на лицата чија биста стоела во одделната ниша. Тие најверојатно веќе биле мртви кога овој храм бил обновен и кога биле изработени нивните бисти. Меѓу нив се наоѓаат бистите на угледниот војсководец и граѓанин добро познат на овие простори, Тит Флавиј Орест, и на неговиот син Филоксен.
Од откриените архитектонски градби се издвојува античкиот гимназион. Тој се состои од две одделни градби: Хероон со светилиште и Перистил со предворје и екседра. Во Хероонот биле чувани статуи, бисти херми, стели и постаменти со натписи, декрети, победнички трофеи направени во чест на заслужни граѓани, победници во натпревари и истакнати донатори на гимназионот. Тука се пронајдени статуи на разни божества и еден жртвеник, во форма на низок кубус со квадратна вдлабнатина озгора на хоризонталната површина што служела за принесување на жртви. Перистилот се наоѓал до југозападниот агол на Хероонот. Оваа градба била свртена на север кон плоштадот. Долж неа се протегало предворјето кое имало влез во доѕиданата екседра. Во таквите градби била изведувана теоретска училишна настава. Овде стоеле голем број статуи од кои се сочувани само три мермерни женски статуи. Комуникацијата помеѓу овие градби и плоштадот се одвивала во еден долг и тесен простор, несомнено користен и како атлетска патека - најстариот и наједноставниот градежен елемент во гимназионите. Во подножјето на бедемот, над патеката имало седишта од каде публиката можела да ги следи натпреварите. Тука биле одржувани трки, фрлање диск, стрели, копје, што на градот му давале посебна убавина и свечена атмосфера.
Овие архитектонски градби, вклучувајќи ја и декоративната архитектонска пластика, говорат за економското богатство и моќта на семејствата од И до ИИИ век и укажуваат на важноста и угледот што овој град го поседувал во тој период од неговата историја.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7542 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,66 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 48

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Цесија
--------------------------------
 Како макот ги преживеал Македонците
--------------------------------
 На една минута Македонија во 50 Библии
--------------------------------
 Највредната препродадена збирка од Македонија
--------------------------------
 Што е фалангата?
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: