Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Антика > Македонски градови и области
Исар, Марвинци
Сподели на Facebook

На теренот на ридот Исар, кај селото Марвинци, во близина на градот Валандово, е пронајдена една раноантичка населба што припаѓала на долномакедонската област Амфакситида.

Повеќеслојноста на оваа градска населба зборува за еден континуитет, без позначајни прекини, каде времето успеало да ги сочува најраните траги на нејзиното постоење.

Ридот, висок 40-45 м.,е над устието на Анска Река во Вардар. Акрополата на градот ја крепеле одбрамбени бедеми. Поголемиот дел од архитектонските наоди, пронајдени на овој локалитет, укажува на профани стамбени објекти, додека пак, последната фаза на објектот упатува на можнa керамичка работилница.Начинот на градење, од најраните фази кога е мошне примитивен, па се до последните фази на изградба, битно се разликувал. Според археолошките сознанија, овој град за првпат настрадал во III век пред Христа, во времето на келтската наезда од 279 год. пне.

Од откопаниот подвижен материјал се гледа културниот и економскиот развиток на градот низ вековите на неговиот опстанок. Во V и IV век пне., била увезувана стока чие потекло било претежно од Коринт и Јонија, Мала Азија. Пронајдена е керамика во гробовите од постаро железно време, потоа, амфори од класичниот и доцномакедонскиот период, кога покрај увезената керамика од поголемите производни центри, се среќаваат и локални керамички производи со автохтона македонска традиција, но и такви со имитирање на грчки форми. Во текот на македонската епоха се продлабочиле врските со соседните водечки културни центри во Македонија, меѓу кои спаѓаат Пела, Бероја, Амфиполис, Тесалоники.. По углед на овие поразвиени центри била изработувана керопластика (теракотни предмети), потоа, накит, монети и сл.

Античката градска населба на Исарот, својот економски напредок, пред се, го обезбедувала преку агрикултурата, сточарството, рударството, имајќи притоа на ум, со колкаво богатство на рудни наоѓалишта располага овој регион, како и грнчарството што како традиција се задржало и во римскиот период.

За времето на Римското Царство, градот бил обновен и проширен на соседните тераси. Подигнати биле стамбени објекти меѓу кои минувал водовод. Се издвојувал еден пораскошен објект, патосан во мозаик техника-опус сецтиле, а пак, на другиот крај од објектот бил изграден храм, посветен на Херакле, односно на императорот Комод. Во негова близина постоеле и други, солидно изградени, приватни и јавни градби. Археолошките наоди покажуваат дека во овој период градот доживеал подем и процут. Монетите, керамичките садови, мермерните статуи и релјефи, како и надгробните плочи со портретни претстави, говорат за град кој не заостанувал зад другите поголеми македонски градови од тоа време.

Кон средината на III век, околу 268 г. за време на готската наезда на овие простори, градот пак настрадал. Но, набргу е обновен и обѕидан со одбрамбени бедеми, така што се стекнал со обележје на каструм. Во обѕидието биле вградени споменици и блокови од декоративна пластика.
Според досега извршените првични ископувања и пронајдениот археолошки материјал, констатирано е дека животот во овој антички град на Исарот продолжил до V - VI век.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7331 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,25 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 32

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Во Јапонскиот парламент – “Лига за Македонија”
--------------------------------
 Св. Ахил еп. Лариски
--------------------------------
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
 Св. Андреј Јуродив
--------------------------------
 Византија паѓа заради долгови
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: