Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7098
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Антика > Македонски градови и области
Мариово
Сподели на Facebook

Потеклото на името и областа Мариово

Мариово е област која од антиката до денес го носи истото име, “Мерихова“ се среќава уште од античко-македонски и византиски натписи и списи.

Наспроти ова е и преданието (легендата) за “Мариината страна” /земја (со турската јазична спрега – Мари + јова ) која вели дека името е од Мара султаната.Но, изгледа дека ова е фантазирачка идеализација од страна на жителите на своето име во време на турското ропство. На ова укажуваат и евиденциите кај Римјаните каде оваа област се води како “Марина“ што со претходното “Мерихова” од македонско-античко и византиско време, ја укажува истата епонимична форма. Се разбира, стои и можното преклопување со името на една од султаниите – Мара, особено што жителите уживаат и одреден степен на автономија со неа, но тоа не може да го отргне фактот дека ова име е далеку пред нејзиното време.

Кога станува збор за самата област, таа претставува природна географска целина, на југ оградена од Скочивирската клисура, од каде комуницира со Линкестида (денешна јужна Пелагонија, т.е битолско-леринскиот крај), на североисток граничи со Полошкиот манастир а на север со Дреновската клисура која ја поврзува со Тиквешијата, односно со античка Пеонија. На запад е ограничено со Селечка планина а од југоисток од Ниџе која ги одделува Пелагонија и Мариово од античката Еордаја во Долна Македонија.

Во антиката и Мариово и областа Дериоп и припаѓале на Пелагонија што се потврдува и во доцната антика (VI век н.е) кога Пелагонија е поим за цел леринско-битолско-прилепски крај. Ова било така и првобитно пред одделувањето на областите Линкестида, “Derriopos” а веројатно и Мариово (“Dostoneia”?). Можно е и да се работи за одделна област во нејзини рамки чие име сеуште не се знае но допрва може да ни го открие некој епиграфски извор.

На терминацискиот натпис (за разграничување) од 120 год. н.е откриен во Витолиште иако се сочувани делумно два етникони, сепак истите не можат да се дополнат. Затоа досега ни останува единствениот познат откриен етникон од Мариово – тоа е оној на “Достонеите” кој се споменува два пати: на натписот вѕидан во црквата од с. Пештани каде се споменува управната заедница ( “koinon”) на Достонеите, а на вотивниот натпис од с.Дуње, Достоноецот - Seueros Seuerou кој со мајка си - Nike Apolloniou во 232 год. н.е им направиле посвета на Диоскурите. Токму ова е веројатното име на жителите на некогашното Мариово (значи – “Dostoneis”) а со тоа и на областа на Мариово (“Dostoneia”) или барем дел, зашто низ историјата Мариово е под разни административни поделби.

Потекло на етничкиот карактер на Мариово

Според Тит Ливиј, “Erigon” (р. Црна) течела низ Пеонија, Страбон вели дека Пеонците се нарекувале и Пелагонци а пак Плиниј дека Пелагонците биле пеонско племе. Во “Илијада” пак, Хомер за епонимниот водач “Pelagon” /Pelegon, вели дека е син на речниот бог “Аxios” (Аксиос – Вардар) но и татко на пеонскиот јунак Астеропај, од што е јасно дека Плиниј и Страбон се во право и го потврдуваат Хомеровиот податок за заедничкиот пеонско-пелагонски конгломерат. Секако овој пеонско-пелагонски конгломерат е настанат при хомогенизација во одреден историски миг. Дека пак не е тоа однос меѓу староседелци и новодојденци, се потврдува кај Хомер кој ги споменува и двете племиња. Но Пеонија и Пелагонија често и се мешале, Псеудо Скимнос градот Пелагонија го лоцира кај Axios(Вардар), што ќе рече дека под овој поим е опфатено кај него цело Мариово бидејќи се наоѓа поблизу до Вардар, источно од областа Пелагонија сфатена во најтесна смисла на зборот. Од ова се гледа дека најстарите жители на Мариово се познати и под името Пелагонци/Пеонци. Затоа и се повеќе истражувачи посочуваат дека градот Пелагонија е токму во Мариово, нешто што со ископувањата кај с. Бонче и пошироката околија (но и другите низ Мариово) веќе се потврдува. Градовите-седишта на раните кралства во античка Македонија, држеле пошироки области а жителите се именувале според нив, па и лоцирањето на Пелагонија кај Псеудо Скимнос кај Вардар може да се сфати во оваа територијална смисла.

 


Што се однесува до етничкиот состав на населението во Мариово, именскиот материјал од натписите дава иста етничка слика како и во другите области на Пелагонија и Линкестида. Од римско време, интересно е што и покрај имињата на доселени Римјани, пред се ислужени војници-ветерани но и др. романизирани именувања, има доста натписи со имиња на староседелците од бригиската компонента на античките Македонци.Такви се имињата “Beithys”,”Doules”,”Mesta”,”Mestylos”, посведочени на надгробните споменици од с. Дуње и с. Пештани. Обичајот пак да им се даваат божески имиња ( nomina sacra – пр. на надгробната плоча од с. Дуње, името “Semele”) на смртните луѓе, НЕ Е НИТУ ГРЧКИ НИТУ РИМСКИ, посведочен е САМО ВО МАКЕДОНИЈА И ВО МАЛА АЗИЈА (кадешто се отселуваат дел од бригиско-македонските племиња). И не само кај Грците и Римјаните но овој обичај ГО НЕМА НИТУ КАЈ ИЛИРИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ (“Deorum nomina hoominibus imposita”, Fanula Papazoglou, Зборник Филозофског факултета, Београд, XIV/1, 1979, стр.13)
Ова е уште еден доказ кој ги руши теориите за божемното илирско потекло на Пелагонците и Пеонците или тракиско на Пеонците а пошироко за Македонците како грчки (хеленски) народ и да не спомнуваме. Овој тип имиња се среќаваат на антропоморфните споменици посведочени само на планинските венци на Пелагонија, Мариово и во граничните делови на Пеонија. Нивната форма и обичајот на давање божески имиња на покојните, докажува силна локална традиција која ги надживеала сите налети и завојувања дури и романизацијата.Во архајскиот период посведочени се антропоморфни споменици без натпис (Беранци, Живојно и Градешница) од домашен тип надгробни споменици. Тие се во вид на шематизирани човечки фигури, изработени од локален камен (гнајс, шкрилец), понекогаш имаат врежани црти на лицето.Карактеристика е што секогаш се направени за еден покојник, покрај името на покојникот понекогаш се испишани годините на живот но не и имињата на оние кои му го подигнале споменикот.

Друга особеност е завршетокот со формулите “HEROS” или “HEROS CHAIRE“, што се среќава само во овие простори а како хероизација на покојникот, т.е своевиден култ на херојот врзано и за верувањето во задгробниот живот. Како што е ова хероизација вообичаена за цела Македонија и во Мариово таа се изразува со коњаник во фронт, во науката т.н.р “тракиски коњаник“(?! - иако е тоа македонска карактеристика). Овде интересни се и два наоди од Росоман кој е исто така во Пеонија за споредба на хероизацијата. Имено, јужно од училиштето во Росоман, пронајдена е надгробна плоча со т.н.р.”тракиски коњаник” а нешто посеверно над магистралниот пат е пронајдена вотифна плоча со рељефен приказ на Херакле и Нике – херојот и богињата на победата. Со ваквите наоди и во Мариово, се потврдува хероизацијата како македонска карактеристика на Пеонија, Пелагонија или како се се именува оваа област, но се задржува како чисто етничко-македонски белег.

Претставите на Херакле се чест наод во Македонија
Подоцна и Римјаните во оваа сфера прават имитации но со свои особености. Така, на надгробните стели од нивните ислужени војници хероизирани претци, тие се прикажани со биста во фронтот, според римскиот обичај, наместо со коњаник, како што е македонскиот.
На надгробните споменици од Мариово застапен е мотивот на фигура (Витолиште, Мелница, Вепрчани, Кален, Пештани) двапати комбинаран со хероизиран покојник во вид на т.н.р “тракиски коњаник“ (Кален, Пештани), а од скулптурата сочувани се само 3 бисти (Витолиште, Мелница, Дуње) една машка и една женска фигура од типот на Голема Херкуланка (Мелница), за жал сите без глави, што не дава можности за проценување на нивните уметнички квалитети и за поточно датирање. Но со оваа типично македонска карактеристика одат и најновите откритија од Мариовско со деловите од штитот со името на македонскиот крал Деметриј како и масивноста и високите архитектонски решенија од бедемите на најверојатниот двор од македонскиот крал. Се разбира треба да се почекаат целосните истражувања, но и оваа досега потврдува исклучив македонски етнички карактер на оваа област, кој ја надживеал и романизацијата.
Кога сме кај последната, за нејзиното ширење најмногу допринесува римската војска стационирана во Мариово. Од римските легии тука се посведочени две : “Legio I Minervae”, на ципусот од ветеранот C.Domitius Bellicis, чиј когномен е од германско потекло. Од крајот на I-иот и почетокот на II-иот век во Македонија биле врбувани војници за I-та италска легија чиј оддел се наоѓал во Витолиште каде војникувал P.Ailios Dionysios од Пештани при што добил римско граѓанско право, кое пак го немал неговиот татко. Самото име Дионис како жител на Пештани, го потврдува македонскиот етнички карактер на Мариово во римско време, а здобивањето со римско граѓанско право дури по учество во римските легии и експедиции само укажува на македонското ропство под Рим.
На македонскиот етничко-духовен карактер на Мариово и неговите жители, укажуваат и вотивните надгробни споменици со исклучиво македонски божества. Така ги среќаваме : Артемида (Беловодица, Штавица, Крушевица, Кокре), Диоскурите (Дуње), Херакле (Мелница, Пештани), Хермес (Крушевица), хероизираниот покојник (Херос) во литератуирата познат како “ тракиски коњаник“ (Кален, Ореовец), Дионис (Лениште), Либер и Либера (Пештани), кои се всушност “interpretation romana” на локалниот и македонски Дионис како и неговиот женски пандан. Од источните култови, посведочен е индиректно култот на Изида преку теофорното име “Eisias”. Но во мариово во поширока смисла на зборот покрај овие божества (Диоскурите и Херакле во с. Волково, а Хермес во Прилепец), посведочени се уште Афродита со Пријап (Прилепец), Мојрите (Ореовец), Хигија и Асклепиј (Ореовец) што претставува “interpretation graeca” на домашен македонски култ на змијата посведочена во с. Беловодица и с. Ореовец.Тоа убаво се гледа од натписот во карпа кај Плетвар посветен на преторијанецот Tiberius Klaudius Rufus, покрај кој е прикажана змија и јајце / патера.

Артемида богинката на ловот чест приказ по локалитети во Мариово кое што изобилува со богата флора и фауна
Според мислењето некои стручњаци но и со најновите ископувања токму во Мариово се наоѓал градот Пелагонија, главен град на IV-та македонска мерида. На повеќе локалитети во мариовскиот крај пронајдени се антички остатоци но без систематски археолошки истражувања, оваа прашање сеуште не може да се затвори иако веќе излегува броен наод за ова.

(Користени податоци од Материјалите на научните собири “Мариово и Меглен” оддржувани до 1995 год., собрани во Зборникот “Мариово и Меглен“, 2000 Прилеп-Скопје)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6936 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

понеделник, 05 декември 2016
Моментно посетители: 393

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Поход на Печенезите во Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Черкезите, Македонија и нивниот прогон од неа
--------------------------------
 Потеклото на парадите – од Македонците
--------------------------------
 Поход на Скитите кон Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Македонскиот антички штит бил дрвен
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: