Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7665
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Антика > Македонија под Рим
Ромул и Рем се осветуваат
Сподели на Facebook
Тит Ливиј за Ромул и Рем во своето дело “Ab Urbe condita” продолжува со следните случувања.
Близнаците, одгледани и растени во тежок живот не биле мрзеливи, но работливи, постојано биле со стоката и низ бачилата, оделе на лов пркосејќи им и на дивите ѕверови по планините како бестрашни момци. Духовно и телесно се зацврстуваат зашто со групата момци се борат и со разните разбојници кои ги напаѓаат стадата. Со овие момци делат и добро и зло. Што се случува потоа!

Според преданијата во ова време на ридот Палатиј се оддржувал празникот Луперкал. Палатиј бил именуван според аркадскиот град Палантеј (“Palantium” како име не е латинско, коренот “Pal” е од прединдоевропски период), а подоцна Палатиум додека празникот Луперкал бил востановен од Еуандер.


Хермес, митолошкиот татко на Еуандер

Еуандер е родум од Аркадија (област на Пелопонез), син е на Хермес и една нимфа иако во римското предание се вели дека мајка му е Кармента. Токму по совет на мајка му дошол на левиот брег од р. Тибар и ја подига населбата Палантеј именувана според родниот град. Во преданијата Еуандер е искусен мудрец, вешт во писменост, свирење лира и разни занаети. Така тој во времето завладувајќи со Палатиум ги пренел обичаите и празниците како Пан Лакаеј, кој се славел со трчање на голи момчиња низ игра и разуздани шеги.

Слично, сега Еуандер го заславил и празникот на овчарите, Луперкал, зашто Пан Ликаеј е наречен по планината Ликеиос во Аркадија (Ахаја) а Луперкал се именува според истоимената пештера од Палатин (Италија). “Lupercalia” бил празник на богот Фауст кој во Рим подоцна се славел на 15 февруари како празник на овчарите, за множење на стадата и нивна заштита од волците. Првото светилиште на Фаун го изградил Еуандер во пештерата Луперкал во подножјето на Палатин За култот биле задолжени  “Quinctiales” и “Fabiani”. Свеченоста почнувала со жртвување јарец, коза и куче во присуство на Јупитеров првосвештеник. По свечениот ритуал, голи момчиња (“Luperci”) трчале низ градот и со делови од кожите на жртвуваните животни ги удирале сите луѓе што ги среќавале, особено жените.


Lupercalia, празник на кој младите овчари славенички трчале низ градовите

Како и Луперкал и празникот Пан Лакаеј има иста симболика, Пан бил бог на шумите и ливадите, син на Хермес и една нимфа. Подоцна Римјаните, Пан ќе го наречат Јанус (“Inuus”) а се идентификува и со Фауст, бог на стадата.

По што е важен овој празник во судбината на Ромул и Рем?

Имено, еднаш момците биле занесени во прославата на овој празник, а разбојниците гневни заради загуба на пленот, им поставиле заседа. Ромул успеал насила да се оттргне но Рем е грабнат и предаден на кралот Амулиј со обвиненија од кои најголемото било дека всушност тој бил напаѓач и ограбувач. Бидејќи наводниот напад се случил на територијата со која управувал братот на кралот Амулиј (постариот и неправедно симнат од престолот Нумитор), Рем му бил предаден нему, тој да реши што ќе прави.

Браќата Ромул и Рем, митските основачи на градот Рим
Фаустал, кралскиот управник на стоката кој ги прибрал и одгледал споредувајќи ги совпаѓањата од заповедтта за фрлањето на близнаците, времето, местото, извршителите и другите околности, не само што се сомневал дека одгледува кралски потомци, но бил и сигурен. Тајната која ја криел толку години, сега му ја пренел на Ромул кој е уште кај него. Сега Ромул гневен, сериозно се подготвува да ја врати правдата за злата од кралот Амулиј. Вистината за близнаците полека се шири та доаѓа и до Нумитор, нивниот дедо и татко на мајка им, весталката Реа Силвија. Тој додека го држел во заточение Рем ја споредил возраста, ликот, пркосното држење и надареноста кои се најмалку ропски и целосно се уверил во страшанат вистина. На кралот Амулиј одсекаде му се плети замка и праведна казна. Осветата на близнаците е жестока. Нумитор сега го помага внукот Рем кој собира голема дружина а истото го прави Ромул со друга дружина та по различни патишта поединечно (неприметно и не во толпа) во одредено време пристигаат кај кралската палата. Дружините влегуваат во палатата, а браќата го заклале кралот Амулиј и ја задоволуваат правдата.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7492 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,94 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 12 ноември 2019
Моментно посетители: 29

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 ”Алкалоид” прва фабрика на Балканот за опиум
--------------------------------
 Вампирите кај Македонците уште во XII век
--------------------------------
 Воените лукавства
--------------------------------
 Александриската библиотека
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: