Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7665
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Антика > Македонија под Рим
Тит Ливиј (59 год. п.н.е – 16 год. н.е)
Сподели на Facebook
“Laudator temporis acti” Тит Ливиј, е еден од најпознатите римски историографи од августовиот период, ја создал најобемната досега позната, римска историја која го опфаќа интервалот од 753 год. п.н.е (основањето на градот Рим според Варон) се до 9 год. н.е.
Но, за себе творецот на грандиозното дело не оставил многу податоци па повеќе знаеме од други извори. Така во “Хрониката на Св. Хиероним” од Стридон (420 год.н.е) се вели дека во 59 год. п.н.е, кога Гај Јулиј Цазар и М. Калпурниј Бибул биле конзули, е роден Тит Ливиј во Patavium (“…nascitur T.Livius Patavinus scriptor historicus.”),сметано од основањето на градот Рим т.е во 695 год. Св. Хиероним ја бележи и смртта на Тит Ливиј во 16 год. н.е или 770 год. по римско сметање.


Тит Ливиј (Titus Livus, 59 год. п.н.е. - 16 год. н.е.)
Тит Ливиј е роден во најбурниот период од римската историја во нестабилно време, полно со превирања и неизвесности. Републиканското уредување е згаснато, Гај Јулиј е убиен кога Тит Ливиј има 16 години по што пак започнува граѓанска војна. Образуван во родниот Patavium, Ливиј на 30-годишна возраст доаѓа во Рим (по конечната победа на Август Октавијан над Антониј и другите фаворити) и се зближува со Август. Сепак, Ливиј е со републикански уверувања, а во говорите го воздигнувал и Гнај Помпеј на што Август и не се лутел но го сфаќал како политичко неискуство.

Сепак не е познато што толку го зближило Ливиј кон Август. Манускриптот од Оксфорд содржи биографски податок дека Ливиј припаѓал на витешката класа “equestri adscriptus ordini”. Тит Ливиј се стекнал и со големи наобразби и говорнички вештини па е сметан за еден од најелоквентните луѓе во Рим по Цицерон и Асиниј Полион. Сенека во делото “Писма до пријателот “ (100,9) за Тит Ливиј вели:

“…тој напишал дијалози што би можел да ги вброиш како во филозофски така и во историски дела, а и такви книги кои содржат исклучиво филозофија.. “

(во оригиналот):

“…scripsit enim et dialogos quos non magis philosophiae adnumerare possis quam historiae et ex professo philosophiam continents libros…”

Квинтилијан ги зголемува неговите квалитети: “clarissimus candor” (X, I, 101) и “lacteal ubertas” (X,I, 32).
Иако делото на Ливиј е и комплетна пропаганда за Августовата обнова на религијата и обичаите, тој останува доследен републиканец. Преодот од република кон принципат, Ливиј го смета за нужност но  вели и дека кога управата на државата е во рацете на еден човек нема слобода за народот. Илузии за ова има во првата книга:

“…Сепак сите сакаа да се избере крал бидејќи се уште не беше почувствувана сласта на слободата.“ (I,17)

(“…regnari tamen omnes volebant libertatis dulcedine nondum experta”) или пак нешто потоа:

“…тоа иако беше мошне благо и умерено владеење, сепак бидејќи беше на еден човек...ако фамилијарното злосторство не го прекинеше во намерите за ослободување на татковината“ (I, 48)

“ …tam mite ac tam moderatum imperium tamen, quia unius esset…ni scelus intestinum liberandae patriae consilia agitanti intervenisset…”.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4216 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 17 ноември 2019
Моментно посетители: 28

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
 Царот на Јапноија во 1976 г. ја посети Македонија
--------------------------------
 Македонците и ножот
--------------------------------
 Елијан за Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: