Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Суверена Македонија
За постоењето и за заборавот
Сподели на Facebook

Почетокот на нов живот и неговиот крај, ги обединува – постоењето. Спротивно на постоењето или игнорирањето на постоењето, се обезбедува преку – заборавот.

Заборавот на сликата од личното минато, од старите албуми, куќи, од нашите предци, слави, проодувања... Што повеќе тие слики се губат и бледнеат во нашата свест, што повеќе не меле општата итаница , ние се повеќе се обезличуваме и се повеќе – забораваме.

И нашите негатори удрија на наше замајување со се и сешто само да не доведат до – заборавот. Да ја заборавиме и плукаме својата земја а ги величаме туѓите. Да заборавиме кои сме што сме и од каде сме, да си го заборавиме или по можност смениме името Македонија со ново, кое со време би заживеало и по кое би не распознавале.

Знамето ,16 – кракото сонце, не дадоа ни да заживее, со надворешни и домашни “олеснувачи” го сменија, па денес сме со ново знаме.
Друго е што не им појде од рака и среде македонскиот народ да го наметнат, па си го вее своето 16-крако сонце без кое нема веселба, натпревар, слава и сл.
Фрапира - само што блесна сонцето низ Македонија по толку милениуми, веќе е корен кој народот го препозна од националната си меморија. Од минатото- од манастирите, од тешките порти, пафтите, надгробните плочи, од наметката на Богородица, но и од орнаментите кај Македонците-муслимани. Сонцето се вее и на јарболи и на гравури, но и во свеста на Македонецот .

Уставот, од кој побараа да заборавиме дека имаме македонски народ во Егејска Македонија. Но народот си ги одржува контактите со своите браќа и без Уставот .Пак промена на Уставот а со олеснувачи во 2001 год. кога требаше да се заборави од Уставот – македонскиот народ – целосно. Не успеаја па сега се спомнува во Уставот, што во однос на заборавот е веќе нешто.Тоа не е некоја утеха со оглед на се друго што се направи, но е нешто.

Името, по рецепт на заборавот се смени а се доби “привремено“ кое и сега е – ФИРОМ. Но и ова не им тргна од рака, побројни се оние кои не признаа со официјалното ни име – Македонија. Но траат “преговори “ ?!

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6015 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 47

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонско писмо кое најдолго патуваше
--------------------------------
 Македонците први за воен род – коњица
--------------------------------
 Софија, подигната и обновена од цар Македонец
--------------------------------
 Абодрити, словенско племе во Дакија
--------------------------------
 Поход на Скитите кон Македонија и нивниот крај
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: