Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7436
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Суверена Македонија
За политичарите и времето
Сподели на Facebook

По минатото, удираат и “важни” политичари, велат - “Да го заборавиме минатото а да ја гледаме иднината” (?!).

. Но со потребата да ја скакаат сегашноста , се негираат и лично :
- Ако во поблиското лично минатото не трчале на избори, не би добиле власт ,за да ни зборуваат во сегашноста а за иднината.
- Ако во подалечното лично минато, дедо им не влечел камења ,направил куќаре и одгледал деца, та едно тргнало по свој пат, не би се родиле нашите “важни“ политичари. Денес се под “амнезија” во фотељите паднаа од небо па гледааат само иднини ( ?!), конечно..
- Ако во заедничкото минато, предците не избориле своја држава, немало нашиве “важни” политичари да не водат кон “светлата” иднина.
Патем, иднината е маглива - никој не ја знае, но минатото и сегашноста се доживеани или се живеат, па се знаат.

  За минатото

Прочитаниот ред, е веќе – минато, но и овој кој го читате сега , ќе биде - минато, како и оној – идниот.
Најреалистичниот пренесувач на минатото од Балканот и Добитник на Нобелова награда, Др. Иво Андриќ за минатото ќе рече :

“ Само неуките и неразумни луѓе можат да сметаат дека минатото е мртво и со непреоден ѕид засекогаш одвоено од сегашноста.
Напротив, вистината е дека се она што човекот некогаш го мислел, осеќал и работел, нераскинливо е вткаено во она што ние денес го мислеме, осеќаме и работеме. Да се внесе светлината на научната вистина во настаните од минатото, значи да и се служи на сегашноста. “
( И. Андриќ – “Како влегував во светот на книгата и книжевноста” – вес. “Политика “ 13 март 1976 год., стр. 2 )

“Негаторите” на минатото, Нобеловецот ги нарекува – “неуки и неразумни луѓе”, очигледно и зошто, па бара научно осветлување на настаните од минатото од кое треба да извлечеме заклучоци во служба на сегашноста !

А минатото, сегашноста и иднината се нераздвојни, заедно ја чинат вечноста или постоењето . Тоа е и самата историја, која удрила печат со името – Македонија врз оваа земја како на тапија.
И Библијата ( Стариот и Новиот Завет ) е една од нашите тапии па неможејќи да го уништат таму нашето име, почнаа да го својатаат небаре : Тие биле – Ние а Ние сме биле – Тие ?!
Со монопол над црквата фалсификуваа ставајќи фрази кои ниту постоеле ниту ги има во неа.

Пример 1 - каде што стои – “ Отидовме во Македонија”, во преводот си додаваат – “Отидовме во Mакедонија , провинција на Грција “(?!), нешто што ниту стои во оригиналот, нити пак постоело кога е пишувано, ( држава со име Грција за првпат е дури 1829 год., поими Елада, Ахаја –да, но не и Грција ! ).
Лукавост е и уфрлањето на Македонија како провинција на Грција, што никогаш не било а најмалку во Библијата, зашто каде се спомнува Македонија ,тоа е одвоена од “Елада” ( Грција ).

Пример 2 - каде што стои националноста на лицето - “Пред него стоеше еден човек, Македонец “, во преводот се врти - “Пред него стоеше човек од Македонија”, што е друг контекст, човекот од Македонија може да биде и Влав, Евреин, Ерменец и.т.н, но не и јасното во оригиналот - Македонец.

Потребата за фалсификати, потврдува дека името Македонија не е нивно.
Зошто ако името било “така нивно” ,попат го “загубиле - така лесно” и добиле друго ?!
Со туѓи имиња и минато, си го растегаат своето до обезименост, низ хаос од народи, раси и временски невклопувања.
Грците се и Данајци и Ахајци и Крито-Микенци и Хелени и Византијци и Македонци и.т.н, сеедно што секој го ништел предходниот доаѓајќи во Грција ?! Дури и денес за светот таа е - Грција, но таму е – Хелас (Елада ), што е различно и збунува.
Бугарите се и Турано- Бугари и “Словени“, Хуни, Авари, Скити,Бактри, Мизијци, Тракијци, Власи, Кумани,.. и што ли не, сеедно што се ништеле доаѓајќи од страна ?!
Србите се и Сер(б)ви, Скити, Раси, Маќедонци,Трибали,Илири,..?!
Албанците се и Илири и Дарданци, Македонци, Епирци, Арбанаси ,Арнаути, Шиптари, Качаци и Геги и што ли не ?!
Власите се и Епирци, Грци, Романци, Даки, Богдани, Цинцари, Македонци,.. (?!)

Секој си го вбројува и македонското за – свое име (?!)
И од сите нив само ние “случајните” Македонци сме останале да им го чуваме името за вакви потреби, да не потсетат дека е и “нивно”, сеедно чие ( кому од нив ?!).

Единствено Македонија како име за разлика од предходните не е врзано за повеќе народи но за еден кој си го носи како единствено валиден. Само уште Хрватите се со ист пример , тие античкото име “ Croatia “ го имаат за национално име.

Денес бараат да си го смениме името, што е исто да го смениш – времето ( минатото). Тоа не може и не смее никој, без разлика на притисокот и прагмата на политичарите од сегашноста .
Колку и да изигруваат овоземни богови од кои се почнува и завршува, она што сигурно завршува се нивните мандати и безначајни постигања .

А името ќе живее - ги надживеало сите сатрапи, ханови, деспоти, цареви, кралеви, султани и паши, но и предавници, па ќе ги надживее и Претседателите, Премиерите, Министрите и др. денешни функционерски имиња.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3918 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,87 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 22 јуни 2017
Моментно посетители: 111

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најстариот пајтон во Македонија – 150 години
--------------------------------
 Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист
--------------------------------
 Македонскиот крал-бебе на бојното поле
--------------------------------
 Преп. Теофан
--------------------------------
 Целиот учен свет на антиката – во Александрија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: