Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонија во составот на СФР Југославија
Прва македонска влада
Сподели на Facebook
Обраќање на Лазар Колишевски до Народното собрание, 14 април 1945 година
Составот на владата
Лазар Колишевски
Пред да ја составам листата на нашата влада разменив мисли со многу другари и членови на фронтот. Така, разменуваќи ги мислите со ним најдов, дека тие другари наполно ќе одговорат во составот кој денеска го вигјате прд нас. Гледав да во новата влада бидат засрапени по возможност сите малцинства и како што гледата се застапени. Втор потпредседател на владата е Турчин, Абдурахман Ахмедов, како министер за социјална политика Неджат Аголи, албанец, како представител на албанското малцинство. Во владата влезе и д-р Попадич. Тој не само што е Србин, туку е и активен борец во нашите партизански одреди и веќе десет години живее во Македонија, така да е наполно запознат со битот и ивотот на нажиот народ.

Политика на владата
Политиката на правителството ќе биде насочена и кон тоба да можат да се приобштат кон новата власт сите тие елементи до сега стоеле на страна и не зеле участие во изградуенјето и подршката на нашата власт. При тоа требе да се има вид дека ние нема да правиме никакви отстапки и никаков компромис на штета на широките народни маси, кои стварно дадоа во таа борба и денес проливат крвта за ослободување на нашата широка татковина Југославија и за слобода на Македонија.

ДИСКУСИИ

Мане Чучков, министер во Федералната влада:
Слободна Македонија


Во светлината на тоа Правителство новото положение на Македонија, на слободна Македонија, точно е и добро поставено и добро разбрано и никој не може сега да си прави илузија дека ке се направи нешто да го промени патот на тоа историско тркало. Становиштето и фундаментот на који Македонија е поставена се тврди и силни, уште повеке зашто Македонското прашанје не е веке Македонско, а може и јужнословенско. Македонското прашанје е сигурно решено и во сигурни раце и сите опити на тие реакционерни клики, кои се истоветни и при нас и пи ним таму, кои со ништо не се отличават, кои прават сојуз и со гјаволот само за нивните часни интереси, за нимните пари, тие ссе клики кои се разбијат исто онака као секој историјски догагјај од новото време (Долу со нив!).

Димитар Влахов, илинденец:
Македонската борба


Димитар Влахов
Нашето право на слободно национално саштествувнје е признато од сите слободолјубиви народи. Ние имаме нашата власт во Федеративна Југославија под водачество на Маршал Тито и таја власт е призната од сите слободолјубиви народи. Во таја нова Федеративна Југославија ние сме дел, ние сме неотклона част и ние сме признати како народ кој има право на слободно национално саштествуванје. Има крагови кои се заинтересовани затова да продолжи оноа старо положение кое саштествуваше порано, имено да Македонија биде поробена и да македонскиот народ не се признае како отделна југословенска нација. Тука преднјачат разни турски прикрити фашисти реакционери, грчки монархисти и прикрити фашисти кои зајавуат дека нема макдонија, дека македонското прашанје не саштествува, дека она е решено преди триесе и неколку години.

СОСТАВ НА ПРВАТА НАРОДНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА
(16 април 1945 г.)

ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ, претседател
ЉУПЧО АРСОВ, потпретседател
АБДУРАИМ МЕХМЕД, потпретседател

КИРО ПЕТРУШЕВ, министер
НИКОЛА МИНЧЕВ, министер
Д-р ПАВЕЛ ШАТЕВ, министер
СТРАХИЛ ГИГОВ, мионистер
ТОДЕ НОШПАЛ, министер
БОГОЈА ФОТЕВ, министер
Д-р ВУКАШИН ПОПАДИЌ, министер
Д-р НЕЏАТ АГОЛИ, министер
Инж.ГЕОРГИ ВАСИЛЕВ, министер


Составот на првата македонска влада

ПРЕЗИДИУМ
на Народното собрание на Македонија
УКАЗ
No 1

На основание чл. 2 од законот за Народна Влада на Федерална Македониа, Президиумот на Народното Собрание на Македониа, денес на 16 април 1945 година за Влада на Федерална Македониа именува:

За Председател на Владата: ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ
За прв Подпредседател на Владата и Министер за финансиите: ЉУБЧО АРСОВ
За втор Подпредседател: АБДУРАИМ МЕХМЕД
За Министер на внатрешните работи: КИРО ПЕТРУШЕВ
За Министер на Просветата: НИКОЛА МИНЧЕВ
За Министер на Правосудието: Д-р ПАВЕЛ ШАТЕВ
За Министер на Индустриата и рударството: СТРАХИЛ ГИГОВ
За Министер на Трговиата и снабдуенето: ТОДЕ НОШПАЛ
За Министер на Земледелието и шумарството: БОГОИА ФОТЕВ
За Министер на Народното Здравие: Д-р ВУКАШИН ПОПАДИЌ
За Министер на Социална Политика: Д-р НЕЏАТ АГОЛИ
За Министер на Градежите: Инж. ГЕОРГИ ВАСИЛЕВ

Президиумот на народното Собрание на Македониа


СЕКРЕТАР: /Д-р. В.Спиров/
ПРЕДСЕДАТЕЛ: /Мет.Андонов-Ченто/


Обраќање на Ченто пред Народното собрание на Македонија


ЗАПИСНИК Бр. 1

Составен дел од првото заседание на Президиумот на АСНОМ одржано на 6 август 1944 година, во село Рамно (Прохор Пчински)
Заседанието го отворуваа председателот на Президиумот Методи Андонов-Ченто со следниот дневен ред:
1. Предлог за кооптирање нови предстаавители во АСНОМ
2. Формирање на отдели при Президиумот и избирање раководни лица (повереници)
3. Организирање поделата на области во Македонија и избирање лица за спроведување на организацијата на тија области (НОО)
4. Избирање лица за испраќање при Националниот комитет на ХОЈ и во иностранство
5. Испаќање протесни телеграми по повод на говорот на Ивана Субашиќа и интервјуто на Сава Косановиќ
6. Разно

… По другата точка формирање на отдели при Президиумот и избирање раководни лица (повереници), после опширна дискусија по предлогот на председателот Методи А. Ченто кој претрпе многу измени се усвојува со оглед на денешните нужди на Македонија, следните 8 отдели и нивните раководни лица:
1. Повереник за информации – Панко Брашнаров
2. Повереник за внатрешните работи – Киро Петрушев
3. Повереник за просвета – Епаминонда Поп-Антонов
4. Повереник за народна приведба – Лазар Соколов
5. Повереник за финансии – Благоја Фотев
6. Повереник за саопштенија и градежи – Страхил Гигов
7. Повереник за социална политика – Ацо Петровски
8. Повереник за судство – Петар Пирузев

... Следи исцрпувањето на дневниот ред заседанието се закључи.

Секретар: /потпис нечиток/
Председател: М.А. Ченто, с.р.
Членови: /потпис нечиток/

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 13587 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,28 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 60

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 “Дромон” е најпознатиот византиски воен брод
--------------------------------
 Првото нуркачко ѕвоно на светот од Македонците
--------------------------------
 Свешт. мч. Игнатиј Богоносец
--------------------------------
 Првата црква во Европа е во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: