Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8955
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонија во составот на СФР Југославија
АФЖ (Антифашистички фронт на жените)
Сподели на Facebook
Оваа организација на жените од времето на социјалистичка Југославија, всушност претставува и нивно институционално врамување во контролирани државни рамки, каде се мораше да е во склад со официјалната политика.
Едноставно, покрај “Сојузот на борците”, “Сојузот на синдикатите”, “Сојузот на социјалистичкиот работен народ”, “Сојузот на социјалистичката младина“, “Сојузот на пионерите“ и какви се не сојузи, и жените беа неминово да се во некаков сојуз. Така и се воздигна АФЖ.

Првиот одбор на АФЖ во Мостар, 1945 год.

Според официјалната историографија на екс-СФРЈ, за датум-зародиш на оваа организација се зeма 06 декември 1942 год. Тогаш во Босански Петровац се оддржува конференција на жени кои и ја основаат АФЖ а набргу по ова се основани и други месни, околиски, окружни и покраински одбори на АФЖ.. За организираната работа воопшто на жените, пак се зема уште почетокот на печатењето од весникот “Жената денес“ кој започнал со издавање уште во 1936 година.

Во текот на војната особено доаѓа во преден план активноста на жените кои покрај тоа ги трпат и најголемите жртви на истата, тие се и мајки на изгинати од борби или изумрени од болести-чеда, тие се девојки или сестри на изгинати младинци, тие се и оние кои за се оплакуваат или приготвуваат сходно потребата. Но многу од нив ги дадоа и своите животи како борци од првите редови или пак беа ѕверски измачувани, силувани или доживееја најразлични напастија.По затворите и логорите пак страдаат над стотина илјади жени.Голем број од жените беа и болничарки, курири, разнесувачи и собирачи на храна,облека, санитетски материјали и сл. Бројките пак на жртви-жени директни учесници од војната во окупираната дотогашна Југославија, кажуваат се:

Елпида Караманди (1920-1942), прогласена е за народен херој на 3 мај 1943 год.
100 000 жени со оружје во рака се бореле
25 000 од нив околу 25 000 загинале,
40 000 се ранети,
3 000 станаа трајни инвалиди,
2 000 жени излегле од војната со офицерски чинови,
1 900 станале носители на Партизанска споменица 1941 година,
64 жени се прогласени за народни херои.

Во повоениот период жените се мобилизираат масовно во изградбата на опустошената земја. Особено се активираат во периодот на т.н.р “задружен систем” или “колективизацијата” при основањето ткајачници, предилници, шивачки работилници,сеидбено-жнеачките и други полјоделски задруги и многу други дејности.

Заради заслугите на жените, АФЖ е на 20 јануари 1945 год. одликувано со Орден на Народното ослободување. Но, АФЖ никогаш не заживува како поголема организирана сила колку и да се трудат креаторите на социјализмот. Затоа, најпрвин го укинуваат АФЖ како самостојна организација на IV негов конгрес во 1953 год. и го трансформираат во “Сојуз на женски друштва” кој пак уште помалку ќе е успешен па подоцна го преименуваат во “Сојуз на жените“. Како и да е ниту овој Сојуз нешто нема да се истакне (освен по потреба на државниот врв и при прославите на 8-ми март, нема да има некои други позначајни активности).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7148 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 23 јуни 2024
Моментно посетители: 27

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Годината на стаорите кои одонесоа милиони во смрт
--------------------------------
 “Дромон” е најпознатиот византиски воен брод
--------------------------------
 Македонци – прогласени за херои на Нирнберг
--------------------------------
 Први истражувања на флората во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: