Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонија во Втората светска војна
Одговор на ГШ на НОВ и ПОМ на приговор од АНОКМ
Сподели на Facebook
Група членови од Акциониот Народноослободителен комитет на Македонија (АНОКМ) приговараат на Манифестот изработен од Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ (формиран уште во ноември 1943 год).
Претседателот на ИО на АСНОМ Методија Антонов Ченто загрижено и внимателно ја следи меѓународната положба на Македонија во крајот на II Светска војна
Претседател на овој Иницијативен одбор (ИО) за свикување на АСНОМ е Методија Андонов-Ченто, затоа тој со овој одговор потпишан од него и од Командантот на ГШ на НОВ и ПОМ, Генералот Михајло Апостолски, се обидува да разјасни некои дилеми кај овие членови.

Имено овие членови Македонци по род засегнати од пројугословенската Титова назначена улога, испраќаат приговор на Манифестот од ИО за АСНОМ за деловите каде според нив се засегнати македонските интереси. Особено инсистираат на ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА и ОБЕДИНЕТ МАКЕДОНСКИ НАРОД, т.е при поставувањето на новите граници, да се има предвид за сите распарчени делови конечно се обединат (Егејска и Пиринска со Вардарска Македонија). Во подолгиот одговор на таквиот нивни приговор, двата клучни раководители Македонци од АСНОМ и ГШ, велат:

14 март 1944 год.

Драги другари,

Вашето изложение од декември месец миналата година го добивме. Поради големи покрети и борби кој ги водевме против германо-б`лгаро-албанските хорди, кој се опитаја да ја разбијат нашата војска, ние не можевме по-рано да ви одговориме. Па и сега, ние не ќе можеме по обширно да ви одговориме, ама се надеваме се оти ќе дојдете при нас, каде ќе можеме сите проблеми да ги разјасниме, кој са поставени во Манифестот. Сега ние сакаме да се обрнеме само на најважните ваши примедби.

1. Вие викате оти нашиот Манифест не го носи обележјето на еден Манифест, туку да е тоа еден обикновен позив до македонскиот народ, макар да са додирнати основните принципи на народноослободителната борба во Македонија. Ние сметаме да тоа не е важно, схваните го вие Манифестот, ако сакате како обниковен позив и како таков го третирајте, ние против тоа немаме ништо.

2. Во вашето изложение вие викате да штабот е превземал компетенцијата на Народното собрание, и да не смејал да е определуе оште сега линијата на борбата во окончална форма. Ние пак сметаме да штабот е требало од името на целата наша војска и на целиот наш народ, да каже на својот народ која е целта и каков е карактерот на нашата борба, за тоа што во времето на издавањето на Манифестот друго политичко раководно тело не постоеше во Македонија, а времето налагаше да се издаде Манифестот или нешто подобно.

Нашата војска е лејала крв во токот на три годишни тешки и нерамни борби за интересите на својот народ. И она е најмеродавна да го каже патот на својот народ по кој он треба да појди за да се здобие со полна национална слобода. Никој друг нема право да збори денеска од името на нашата војска освен штабот, кој не представуе само единаесет души, туку целата наша војска. А нашата војска го представуе целиот наш народ. Во тоа сме се уверили минејќи низ македонските села и градови, каде нашиот народ не дочекуваше и не дочекуе како своја војска.

Другарите треба да знајат и тоа да нашата војска не е војска на Краљ Петар или цар Борис, па да не се занимава со политика, него напротив нашата војска е НОВА ВОЈСКА, политички наполно свесна и дорасла да води и политика а не само борба и само за тоа така политички наполно свесна може да ги издржи тежините на партизанскиот начин на борбите.

Ние ќе се бориме за постигнуење на целта на нашата борба, која е поставена во нашиот Манифест. Ќе се бориме да го собереме целиот македонски народ во таја борба. Секој поштен Македонец, кој дојде при нас ќе го примиме како брат, но секој кој појде против нашиот покрет ќе го сметаме за непријател на нашиот народ. Ние сметаме дека во таја борба ќе успееме и дека македонскиот народ, ќе биде вистина слободен во една Нова Титова Југославија.

3. Што се однесуе до прашањето ЗА СОЕДИНЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, кое вие го подготвувате во вашето изложение, ние сметаме да ќе можеме да го постигнеме и реализираме тој вековен идеал на нашиот народ по скоро во една Титова Југославија, од колкото во некоја друга политичка комбинација. СОЕДИНЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НАМ НИ ЛЕЖИ НА СРЦЕ КАКО И ВАМ И ЌЕ СЕ БОРИМЕ ЗА НЕГОВО СОЕДИНЕНИЕ ДО КРАЈ. Зар Димитри Влахов родом од Кукуш, другар на Гоцета Делчев во борбите за слободата на македонскиот народ, подпретседател на Антифашистичкото собрание на народното ослободуење на Југославија, нема да се бори за соединението на македонскиот народ?

Но треба да се знае драги другари, во време на издавањето на Манифестот МЕЃУНАРОДНОТО ПОЛИТИЧКО ПОЛОЖЕНИЕ НЕ НИ ПОЗВОЉАВАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРОБЛЕМ ДА ГО ИЗНЕСЕМЕ НА ДРУГ НАЧИН, ОСВЕН КАКО ШТО Е ИЗНЕСЕН ВО МАНИФЕСТОТ. ТИТОВА ЈУГОСЛАВИЈА ДЕНЕСКА Е СТВАРНОСТ, ПРИЗНАТА МЕЃУНАРОДНА СИЛА, СО ЧИЈА ПОМОШТ НИЕ МОЖЕМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ СОЕДИНЕНИЕ НА НАШИОТ НАРОД. Примерот на Словенија, која го постигна своето соединение уште во текот на оваја народно-ослободителна борба потврдуе да едино низ воена и политичка борба може да се изврши соединението на еден народ, које ќе можи да се примени и на македонскиот народ.

4. Што се однесуе до другите ваши примедби и мненија по прашањето на нашата недемократичност, крутост, недостаток на иницијатива, спутавање на дејноста на комитетот и т.н ние ви одговараме да во нашиот народно-ослободителен покрет слободата на мнението е загарантована и нема, нито пак може да постоји по демократски покрет од нашиот. Само ние нема да позволиме печалбите на нашата борба да се обрнат против интересите на нашиот народ.

5. Ние сметаме да е време да секој чесен Македонец дојде во редовите на нашата војска и учествуе во оваја борба во која се решава садбината на нашиот народ. Секое оклевање е злочин, а секое роварење против нашата војска е издателство према нашиот народ. Ние се надеваме да вие штом ќе го примите ова писмо, ќе дојдите во нашиот штаб да заедно е наставиме борбата во која се решава садбината на нашиот народ.


Тука треба да имате и тоа пред вид, дека утре секој Македонец ќе биде прашан каде беше во време на борбата и што е направил за слободата на нашиот народ, или е пак свесно или несвесно служил на окупаторот.

Борбата на нашиот народ е дојдена до таков степен, да нужно треба незабавно да пристапеме на сазивање и формирање на Антифашистичко собрание на Македонија, на кое нашиот народ дефинитивно ќе изгради своја народна власт.

Од тија разлози нужно е да што поскоро излезите на терен, кај нашата војска, каде ке са састанат делегати на македонскиот народ и каде ке можите и вие својите политички погледи да ги изнесите, бидејќи на овоа собрание ке се донесат историски одлуки, со кој ке се определи садбината на нашиот народ.
Одново ви напоменуваме да е секое одлагане злочин пред целиот народ.

Смрт на фашизмот-слобода на народот

14 март 1944 г.

Председник на Иницијативниот одбор за Свикуење на А.С. на Н.О. на Македонија М(етодија) П. Ченто

Командант на Главниот штаб Генерал М(ихаило) Апостолски

(Извори: Архив на Македонија. – Ф. НОБ. К.35, Арх.бр.1522; “Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава”,  том II,стр. 438-441, Институт за национална историја, Скопје, 1981 год.)


Главните македонски раководители - политичкиот Методија Андонов Ченто и воениот Михајло Апостолски во опширниот допис повикуваат на внимателност кај Македонците

Факти кои се наметнуваат од писмото:

1. По постојаните борби со германско-бугарско-албанските окупатори, Ченто и Апостолски како раководители на ИО од АСНОМ и ГШ на НОВ и ПОМ, опширно им ги изложуваат македонските интереси на членовите на АНОКМ кои приговораат, во однос југословенските и меѓународните.

2. Опширноста на одговорот, сенсот, умерениот тон и повикот кон приговорачите, на АСНОМ да ги искажат своите гледишта, укажува на високо демократско ниво, почит кон поинакво мислење и уважување.

3. Ова, особено се потврдува во делот кој најмногу ги засега и приговарачите и одговарачите – Дали македонскиот народ ќе остане необединет и по војната кога ќе се кројат новите граници? Македонските раководители ја следат меѓународната ситуација и се свесни дека Тито е признат фактор и дека крај него конечно ќе биде признат и статусот на македонскиот народ и држава. Но тие се надеваат да по тоа, ќе можат да предизвикаат и состојби на нужно обединување (примерот на Словенија).

4. Дека и вистински верувале во обединета Македонија, покрај посочувањето на Димитар Влахов се откриваат и самите (обединување им “лежи на срце”). Дека се и задоеници на оваа идеја докажаа подоцна со нивните судбини, особено Ченто како македонски лидер и политичар (Апостолски како војник-Генерал не им смета толку на службите кога ќе расчистуваат со сите што се за целокупна Македонија).


Обединета Македонија на старите македонски раководители како што вели Ченто „им лежи на среце“, заради што подоцна ќе бидат елеминирани (Влахов и Ченто на еден од минитнзите во слободна Македонија)

5. Дека оваа идеја е навистина во она време водителка на македонскиот народ, покрај ваквите приговори од тела и одбори, докажуваат и постапките на Тито и Белград. Имено, дури и тие ќе се вовлечат во граѓанската војна во Егејска Македонија, за да го “докажат разбирањето” на чувствата од македонскиот народ за своите собраќа и својата распарчена земја. Расипаноста на Тито е во тоа што откога ќе ја истроши таа голема македонска бунтовна сила во битки по Егејска, со остатоците лесно расчистува и ја става Македонија под свој децениски диктат.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4092 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 61

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Линкестите – македонско племе на рисови
--------------------------------
 Децимирање – казна десеткување заради малодушност
--------------------------------
 На една минута Македонија во 50 Библии
--------------------------------
 Св. мчка Тесалоникија со Авкт и Таврион
--------------------------------
 Македонците и базите
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: