Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонија во Втората светска војна
Тито за македонскиот старешински кадар од Бугарија
Сподели на Facebook
Интересен е ставот на Тито кон македонскиот старешински кадар (и воопшто интелектуален кадар), кој е различен во зависност од каде доаѓа.
Кога се работи за старешинскиот кадар од екс кралството СХС како да не му смета, па доста од командниот кадар на НОВ и ПОМ е токму од воените училишта и единици на тоа кралство. Но со Македонците кои се образуваа во воените училишта или работеа во бугарската армија и држава, е повнимателен.

Можеби ова се должи на тоа што бугарската армија беше окупаторска и фашистичка, но ни претхдната српско-кралска не беше поразлична. Едноставно Македонците во тие две армии се нашле кај се нашле и ниту можеле нешто да направат ниту смееле. Впрочем и самиот Тито беше во Австро-Унгарската војска (во чиј состав беше Хрватска) служејќи за нејзините интереси секаде а беше и заробен во Русија за тие интереси.


На младата македонска војска во 1944 годна и се приклучуваат и Македонци од Бугарија, мобилизирани предходно во нејзината војска
Се разбира дека овие Македонци требаше да се проверат и ако ништо немале на душа против својот македонски народ (а оние кои се пријавија беа такви), требаше да се прифатат. Но фактите беа дека токму Македонците по народност од бугарската армија беа првите што се пријавија први доброволно да и служат на Македонија во нејзиното целосно ослободување од Германците. Но што вели Тито во своите депеши до ГШ на НОВ и ПОМ кога истиот го известува за желбата од група Македонци офицери од бугарската армија, која наместо во истата сега сака да помогне во развојот на младата македонска армија и во неа да се бори и служи?

[ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА]

25 ноември 1944 година
[Белград]

Бугарските офицери, иако се од македонска националност, ние не можеме да ги примиме во нашата војска, зашто нивните изјави предизвикуваат сомневање во нивните добри намери.
Апостолски нека дојде веднаш кај нaс, заедно со политичкиот комесар.


(Извори: А-ВИИ, к.26. рег.бр. 9-5/12)

Факти од писмово:

1. Група Македонци офицери од бугарската армија, доброволно ја напуштаат истата и сакаат да и ги посветат своите кариери и животи на македонската армија иако истата е на делеку поназадно (и ризично) ниво.

2. Тие се повеќето од македонската емиграција во Бугарија или пак од своите автохтони македонски територии (Пиринска Македонија) и најприродно си влечат кон своите македонски корени и интереси.

3. Токму во тоа е и стравот на Тито (кога вели дека се плаши од некои нивни изјави). Тито има причина и за загриженост што со ова ќе се зајакне стратешки македонскиот воено-интелектуален потенцијал, кој може да се сврти против него.

4. Дека бил во право ќе се докаже многу бргу. Македонците предводени од Ченто, Брашнаров и др. патриотски определени лидери ќе тргнат во остварување на македонскиот сон (обединета Македонија), а не Титовиот.

Генералот Михајло Апостолски во почетокот на декември 1944 година е викнат на реферирање кај Тито заради неговиот прифатлив однос кон Македонците дотогашни офицери во бугарската армија
Во почетокот на декември 1944 год., Генерал-лајтнатот Апостолски и политичкиот комесар Борко Темелковски-Љиљак, се викнати на реферирање во ВШ кај Тито заради нивниот прифатлив однос кон Македонците офицери од бугарската армија. При ова тие добиваат и инструкции за односот кон овие офицери како и воопшто кон бугарските воени команданти.

Тито е свесен дека Македонија е интересна сфера на големите сили. Покрај Британците кои веќе го покажаа својот интерес преку отворените инструкции од нивната воена мисија при ГШ на НОВ и ПОМ (подоцна тајните преговори Ченто-Черчил), таа беше и за Русите интересна. Сталин во судирот со Тито кој како да веќе започна со првите искричења, токму Македонија ќе ја држи како Пандорина кутија за контролираниот распад на Титовата или буграската држава. Затоа не сака ништо да остави на случајноста особено не Македонци – офицери во бројна македонска армија.

Покрај се ова следуваа и завршни операции ширум Југославија (пред се Сремскиот фронт) за каде тешко дека ќе прифатеа да гинат македонски едници

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3620 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,4 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 156

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Черкезите, Македонија и нивниот прогон од неа
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
 Наметки од антиката и Византија - истоимени
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
 Вампирите кај Македонците уште во XII век
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: