Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонија во Втората светска војна
Судири на Македонците и Бугарите по 09.IX.1944 г.
Сподели на Facebook
Односите со Бугарите по 09 септември 1944 год.и новата отечествена влада иако се настојува да се воспостават, сеуште не се јасни.
Новите власти сакаат да покажат спремност за соработка, но нивните трупи во Македонија и Србија сеуште се со Германците или пак им го предаваат своето оружје и техника попрвин ними одошто на македонските или српските сили.


Додека престојува на Вис, Тито е принуден да праќа повеќе депеши за македонско-бугарските судири

Промените на Командантите и некаквите разговори како да се само заради покажување желба, но конкретна корист од Бугарите нема. Тито со сојузниците ги следат работите но тие никако да се расчистат. Тој упатува повеќе депеши. Еве како тие течат:

ДО Г[лавниот] Ш[таб на НОВ и ПО]
НА МАКЕДОНИЈА

13 септември 1944
[Вис]

Преку Радио-Москва сме известени дека Велчев, Министер на новата бугарска народна влада на Георгиев, го сменил досегашниот командант на Петтата бугарска армија во Македонија и го назначил за нов командант – Генералот Кецкаров. На новиот командант му наредил бугарските трупи да соработуваат со вас во борбата против германските трупи.

Во врска со тоа, воспоставете итно врска со новиот бугарски командант и оддржете состанок со него на кој треба освен вас да присуствува и нашиот делегат Темпо, началникот на штабот Генерал-мајорот Илиќ, и на тој состанок да се договорите за заедничката координација на операциите.
Јавете ни ја точната состојба на германските окупаторски трупи, распоредот на вашите трупи и на 5-та бугарска армија за да можеме да ви дадеме сугестии во оперативна смисла.
По ова постапете итно и веднаш известете ме.

(Извори – А-ВИИ, к.26, бр.8-3/12)

Состанок е оддржан на 23 септември 1944 год. во Пехчево. Од македонска страна се: Генерал мајорот Михајло Апостолски - Командант на ГШ на НОВ и ПОМ, Генерал мајорот Павле Илиќ - Началник на штабот и Бане Андреев политички комесар во ГШ на НОВ и ПОМ, како и претставникот на Тито, Темпо а од бугарска: Генералот Кецкаров - Командант на 5-та бугарска армија со соработници. Состанокот е за евентуално бугарско учество во завршните операции или барем предавање на техниката и оружјето за да ги измијат дамките од фашизмот. Од политичките прашања се разгледани и одлуките на АВНОЈ а во врска признавањето на Македонија и од страна на Бугарија.

Тито и во Москва и во Крајова е во постојани консултации и преписки со сојузниците и Македонците за односот кон Бугарите
Тито пак е во Москва за начелно да договара стратегија за содејство со Црвената армија. На 28 септември 1944 год. тој доаѓа во градот Крајова (Романија) каде конкретно преговара со руските воени претставници но и бугарските власти за тоа каде кој би дејствувал за да се спречи извлекувањето на Групата германски армии “Е“.

За разлика од сите кои со години се борат против окупациите и фашистичките ѕверства на своите територии (Русите, народите на екс-Југославија, Британците,...) Бугарите пак се во улога на молител да бидат вклучени во завршните борби како би го “испрале срамот од сојузништвото со Хитлер но и ѕверствата кои при тоа ги правеа низ земјите и народите каде извршија окупација“.

Но колку и да сака новата влада, на теренот работите не и одат во прилог, Бугарите и натаму се со Германците или пак одбиваат да се борат против нив. Во најмала рака во позиција да бидат толерирани и од Македонците и од Германците заради исчекување на нивното конечно завземање страна или барем заминување за да не ја зајакнат другата, Бугарите речиси секаде попрвин прифаќаат оружјето да им го предадат на Германците одошто на Македонците.Развлекуваат за да добијат на време со што би добиле почиста ситуација која од алијансите ќе надвладее за таму да се приклучат после се. Под притисок од сојузниците заради пасивноста, новата бугарска влада врши смени на команданти и слични пред се “козметички потези” како би добила изглед на вистински загрижена сојузничка страна. Македонскиот народ е гневен и се почесто неговите единици на терен доаѓаат во судир со Бугарите иако сега се наводни “сојузници”. Тито е принуден да дава инструкции за овој судир:

За Ранковиќ

01 октомври 1944
[Крајова]

Со Бугарија прашањето ќе го уредиме кога ќе дојде кај мене делегацијата.

На МАКЕДОНЦИТЕ ЈАВИ ИМ ДА НЕ ДОАЃААТ ВО СУДИР СО БУГАРИТЕ, зашто сите тие прашања во најскоро време ќе бидат решени*

Од Италија префрлете во земјата се што таму не е неопходно...
( з.н - следуваат инструкции за другите региони на екс-Југославија – Босна, Хрватска, Србија, Црна Гора како и за ранетите и туберкулозните од истите)

(Извори: А-ВИИ, к.26, рег.бр.12-1 и 12-2/13)


Појаснение

Кај Прилеп, Македонците се принудени да ги разоружаат Бугарите затоа што не сакале да се борат против Германците
* Оваа инструкција, Тито ја дава по депешата од Врховниот штаб (ВШ) од 30 септември 1944 год. со која е известен дека единиците на Македонците дошле во судир со Бугарите кај Прилеп затоа што овие не сакале да се борат против своите довчерашни сојузници – Германците.

Под притисок од општ оган врз нив, двата бугарски полка кои одбиваат да се борат против Германците, се разоружани од македонските сили. Заради напнатоста помеѓу Македонците и Бугарите и низ другите региони на Македонија, ВШ “бара став спрема Бугарите” зашто и нему како ВШ“ не му е јасно дали бугарските единици добиле задача да содејствуваат со Црвената армија” (А-ВИИ,к.26, рег.бр.13-1/13).

Но и речиси месец по ова судирот меѓу Македонците и Бугарите не стивнува а добива и нови пожестоки димензии. Македонците гневни од однесувањето на Бугарите кои се само терет на народот а нема никаква корист од нив, им издаваат наредби со кои целосно ги ограничуваат нивните активности и движења а им бараат и предавање на злосторници и слични барања. Бугарите за ова “плачат” во Москва та дури и Тито е жестоко критикуван од Русите. По тоа Тито праќа една драматична депеша кон Македонците:

[ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА]

20 ноември 1944 година
[Белград]

Наредбата што ја издадовте вие во поглед на бугарската војска, за забрана на нејзиното движење ноќе, укинете ја веднаш *. Исто така, запрете го вашето барање за предавање на воените злосторници, бидејќи е тоа работа на централната влада.

Престанете со заострувањето на односите со бугарската војска, а сите судирања и расправии настојувајте да ги решите на самото место, со помош на руските офицери **. Мошне е незгодно што, дури преку сов[етската] влада мораше да дојде до ваква интервенција, за да се избегнат судирањата меѓу вас и Бугарите.

Би требало Апостолски да дојде во нашиов штаб, а исто така и Боби.

(Извори Архив Војно-историског института [A-ВИИ], к.26, рег бр. 9-4/12)

Појаснувања:

* Се мисли на наредбата од ГШ на НОВ и ПОМ од 13 ноември 1944 год. со која се забранува влегување на отечествените бугарски единици во Скопје, без одобрување на ГШ на Македонија, како и Наредбата за ограничено движење на припадниците од 1- ва бугарска армија од 18 ноември 1944 год., но и други предупредувања за Бугарите.


При ослободувањето на Скопје, македонското раководство не дозволи да учествуваат и Бугарите (ако дозволеше денес ќе беше дека Бугарите пак не „ослободиле“ и во 1944 година)

** Се мисли на членовите на Советската воена мисија при ГШ на НОВ и ПОМ. Судирите со Бугарите покрај другото, доаѓаа и заради некоректниот однос на бугарските штабови, грабежите на народните добра, разузданиот однос на бугарските војници и слични појави заради кои ГШ на НОВ и ПОМ беше принуден да преземе ригорозни мерки кон Бугарите.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7135 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,55 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 15

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Архелај I, најголемиот Македонски крал–реформатор
--------------------------------
 Македонците и чамците
--------------------------------
 Раката на „Св. Георгиј Победоносец“– во Македонија
--------------------------------
 Македонскиот крал-бебе на бојното поле
--------------------------------
 Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: