Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонија во Втората светска војна
Бугарите и по капитулацијата, верни на Хитлер
Сподели на Facebook
Бугарите до крај останаа најверните сојузници на Хитлер. Дури и Италија која прва ја создаде оската со него, далеку пред да биде и самата цел на сојузнички напади, уште во 1943 год. потпиша капитулација.
Константин Муравјев, министер во Бугарската влада
Со Бугарија случајот беше поинаков, иако Црвената армија надираше од секаде кон Софија, никој не сакаше да отстапи од сојузот со нивниот сојузник Хилер. Тоа го сторија дури кога се беше готово и беше само обична формалност. Муравјевата влада дури и објави и војна на Германија иако како влада постоеше такаречи само на хартија а немаше никакви ингерентности ниту моќ. Командата на германскиот Југоисток за ова бугарско отстапништво, наредува отпочнување со операцијата “Јуда“ (“Judas“) за да се разоружаат бугарските војски во Македонија и Србија.

Ниту Главниот штаб на НОВ и ПОМ не седеше со скрстени раце. Тој на Командата од 5-та бугарска армија истиот ден на капитулација – 08 септември 1944 год. и упати писмо со две основи барања :

- бугарските сили во Македонија да прејдат на страната од македонските антихитлеровски редови (барем да го сперат срамот за злоделата) и се стават под команда на ГШ на НОВ и ПОМ и

- ако тоа не сакаат, тогаш да го предадат барем оружјето кое многу ќе им треба на македонските борци за претстојните тешки битки при извлекувањето на Германците од Грција (им се гарантираа и животите сходно Меѓународните права а и безбедно испраќање до Бугарија)

Но бугарските команданти и воопшто Бугарите-окупатори на Македонија и македонскиот народ, попрвин ја избраа Хитлеровата страна одошто македонската. Дури и тогаш, кога им беше буквално понудено спас, Бугарите оружјето им го предаваа на Германците но никако на Македонците.

Ова и не е за чудење, впрочем нивната лојалност и приврзаност кон германските команданти, Германците во повеќе наврати ја истакнуваа во своите извештаи. Бугарите со нивните команди дури настојуваа што повеќе да останат во Македонија зашто веруваа дека таа ќе остане во состав на замисленото им Големо бугарско царство. Оваа илузија ја разбиваше стварноста која беше сосем поинаква. Но заради овие илузии целокупните бугарски воено-полициски сили оружјето го предадоа на Германците а не дел останаа и понатаму да им служат на нивните интереси. Само многу мал дел од составот на помали и отсечени делови од 3-та бугарска дивизија, самоволно го предадоа оружјето на НОВ и ПОМ.


Партизански походи при разоружување на бугарските војници
 
Македонските вооружени сили во такви услови со напади го одземаа оружјето од Бугарите. Така во борбите (иако сега веќе со послаб отпор од Бугарите) само околу Битола, се разоружани околу 8 000 бугарски војници. Сите бугарски гарнизони во Македонија се оглушија на позивот од ГШ на НОВ и ПОМ, освен Прилепскиот но и тој заради незавидната положба. Така при борбите за краткотрајното ослободување на Прилеп од Германците (09 септември 1944 год.) учество зеде и дел од еден бугарски батаљон од 45-от полк на 15-та бугарска дивизија и мали делови од 10-та бугарска гранична дивизија под команда на Д`митриј Младенов. Но Германците пак го повратија Прилеп на 19 септември 1944 год. со поддршка на борбените групи “Gulman” и “ Pabst”.

Како и да е тоа е единствениот случај некакви бугарски сили да го прифатат повикот на ГШ од македонските вооружени сили, во сите други случаи низ Македонија, Бугарите останаа со Хитлер или го помагаа на било кој начин. Сепак Германците сега повеќе си веруваа на себе, попрвин избираат да ги разоружуваат Бугарите. Истовремено се интензивираат битките со македонските единици на сите фронтови па Германците трпат и се поголеми загуби што е причина и оние Бугари што останале во нивна служба да ги напуштаат.Постепено на овој начин најголемиот дел од некогашните окупаторски бугарски сили се распаѓаат заедно со се некогашниот нивни моќен сојузник.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 14589 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,6 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

сабота, 20 април 2024
Моментно посетители: 29

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
 Златото на Персија кај Александар
--------------------------------
 Архелај I, најголемиот Македонски крал–реформатор
--------------------------------
 Нова обука на аскерот за Македонија
--------------------------------
 Кошула за вардење од уроци
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: