Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонија во Втората светска војна
Германците пред капитулацијата на Бугарите 1944 г.
Сподели на Facebook
Германските команди уште пред 09 септември 1944 год. имаа сигурни податоци за бугарските намери да капитулираат, па Командата на Југоистокот итно предвиде мерки за бугарските единици во Македонија.
Црвената армија во поход кон Берлин, во Бугарија немаше посебна работа, 1944 година
Германците знаеја со кого имаат работа и дека Бугарите знаат да ги сменат страните во зависност од тоа која страна е посилна во моментот. А и Црвената армија се повеќе и дишеше во врат на Бугарија и надираше по должината на целиот источен фронт. Затоа уште во средината на август 1944 год. испланира три операции шифрирано наречени: “Јуда“ (“Judas“), “Песји син“ (“Hundessohn“) и “Слон“(“Elefant“):

- смислата на првата операција беше во тоа да на лозинката “Вероотпадништво“ (“Treubruch“), се пристапи кон разоружување на сите бугарски окупациски единици на подрачјето од Македонија и Србија,

- смислата на втората операција, беше во завземањето на Софија и да се окупира дел од Бугарија,

- со третата операција - “Слон”, требаше да се осигура спасување на германските војници кои Бугарите, пред да прејдат единиците на Црвената армија преку бугарската граница на 08 септември 1944 год., ги беше интернираа.

Освен нив, Командата на Југоисток планираше уште две операции: “Подземје“ (“Unterwelt“), со цел уништување на сите германски построенија и бази во Бугарија за да не паднат во руски раце, и операцијата “Гудеријан“ (“Guderian“) за превземање на бугарските тенковски бригади со кои Германците ги наоружуваа довчерашните си бугарски сојузници. Но со развојот на настаните во Бугарија и брзото преоѓање на Црвената армија преку Дунав на бугарско тло (08 септември 1944 год.), таа операција не е изведена, како ни операцијата “Подземје“.

Како и да е Бугарите се докажаа како доследен Хитлеров сојузник зашто до последен миг не се откажаа од него. Капитулираа дури кога руските сили ја преплавија Бугарија - на 09 септември 1944 год. но бројни бугарски единици во Македонија и понатаму ќе останат да се борат против македонскиот народ, а за интересите на Хитлер.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6190 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 14

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 “Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
--------------------------------
 Најголема археолошка акција со светот
--------------------------------
 Св. мччка Теодотија со трите деца
--------------------------------
 Македонците и воената економија на силите
--------------------------------
 Најквалитетниот опиум на светот – македонскиот
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: