Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонија во Втората светска војна
Групата армии “Е” наспроти Македонија 1944 год.
Сподели на Facebook
Највисоката германска команда на Балканот, освен другите (главно во Словенија и Хрватска) била и Командата на “Југоисток” со седиште во Белград (во Белиот двор).

Максимилијан фон Вајкс
На чело од Командата на “Југоисток” стоел Генерал-фелдмаршал Максимилијан фон Вајкс и во исто време бил и командант на Групата армии “Ф”. Но на Командата на “Југоистокот” непосредно и биле потчинети и Групата армии “Е”, 2 –та оклопна армија и Военоуправната Kоманда на “Југоисток”. Така во нејзиниот состав на 24-ти август 1944 год. (без бугарските, унгарските, квислиншките и др. германско-поданички сили и нивни полициско-моранарички единици) имало 867 000 луѓе под оружје. Ова е повеќе одошто германската Команда на “Југозападот” во тоа време имала на фронтот во Италија.

Во составот пак на Групата армии “Е” биле во Грција, Албанија и на островите во Егејско, Јонско и Средоземно море :
- 3 корпуси и
- 4 самостојни команди
(8 пешадиски, јуришни, оклопни, полициски и тврдински дивизии, 1 противавионско артилериска дивизија, 1 бугарска дивизија, 7 други бригади и 12 тврдински батаљони, т.е околу 350 000 војници.)

Командант на Групата армии “Е“, чие седиште било во Солун, бил Генерал-полковник Александар Лер, многу амбициозен, но и суров командант. Тој во априлската војна 1941 год. командувал со 4-та германска воздухопловна флота, која и покрај тоа што од 03 април Белград е прогласен за отворен град, по негова наредба, на 06 април 1941 год. ненадејно и нехумано ги напаѓа стамбените блокови на Белград носејќи илјадници невини во смрт.


По наредба на Генерал полковник Александар Лер 1941 година Белград е брутално бомбардиран

Инаку, Групата армии “Е”, основана е на 01 јануари 1943 год. од дотогашната германска 12-та армија како јадро и повеќе други помали и поголеми единици а како нејзин прв Командант е поставен Александар Лер. Заради се побројните порази на источниот фронт но и потиснувањето на германските сили како и капитулациите на сателитските држави, Германија мора да мисли на својата одбрана. Токму затоа се отпочнува постепеното извлекување на единиците од Групата армии “Е“ од Грција кон крајот на август 1944 год. Прва судирна зона на Групата армии “Е“ е токму Македонија и македонските герилски бригади кои веќе контролираат поголем дел од македонската територија а по скората капитулација на Бугарија речиси и целосно е ослободена Македонија. Нивниот судир со овие огромни и најсовремно наоружени германски формации кои се повлекувааат по вардарската долина.е неизбежен.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5852 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 52

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Влезот на Османлиите во Европа е заради предавство
--------------------------------
 “Дромон” е најпознатиот византиски воен брод
--------------------------------
 Дезертерство (не)познаница за Македонците
--------------------------------
 Музејот како поим потекнува од деветте музи
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: