Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7120
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонија во Втората светска војна
Обиди за пробугарски партии во Македонија
Сподели на Facebook
И во последното присуство на тлото од Македонија во II св. војна, Бугарите не успеваат да формираат некакви пробугарски движења.
Македонските национални чувства и во тие ропски услови се силни.


Хителеровата собратија во окупирано Скопје (од лево на десно): Антон Козаров (1), Министерот за внатрешни работи Петар Габровски (2), Димитар Чкатров (3), Петар Думев (4), Димитар Ѓузелов (5)

1942 год. почеток на есента, Министерот за внатрешни работи Габровски иницира формирање пробугарска партија во Македонија. Директорот на Скопската област од тоа време Димитар Раев пред иследникот, ќе каже:

“Во септември (1942 год. – з.н) бев поканет во Софија од Министерот за внатрешни работи Габровски да учествувам на конференцијата на сите обласни директори од земјата. Меѓу другите прашања, на таа конференција беа разгледани и прашања од политички и стопански карактер. Обласните директори поднесоа извештаи за политичката состојба во нивните области. Некои ја потенцираа засилената конспиративна дејност. Се побара објаснување за тоа.


Димитар Раев за време на истрагата во слободна Македонија

Се рече дека конспиративната дејност се засилува, зашто се чувствува една општествена сила, која ќе ја поткрепува владата и ќе се смета за задолжена да го пропагира она што го прави власта. Се сеќавам дека беше потцртано оти владата не можела да ги привлече и обедини повеќето од т.н.р национални организации. Се посочуваше на организацијата на легионерите, која тогаш не беше легална, но нејзиното постоење се чувствуваше. Исто така се посочи на организацијата на работниците, како и уште некои други организации. 

Врз база на оценките дадени тогаш се реши во целата земја во текот на зимата да се организираат јавни собранија на кои за предавачи ќе бидат избрани луѓе – народни претставници и видни општественици...“


За препораките од Софија и активностите потоа во Македонија, Раев продолжува:

“Во врска инструкциите од последната конференција во Софија, презедов јавна акција во Скопје. Го определив 15 ноември како датум кога ќе бидат свикани собранијата во сите градови на областа и во некои села. За таа цел кон почетокот на ноември поканив некои скопски интелектуалци во мојот кабинет да дадат оценка за можноста таа акција да се реализира.


Со леб и сол за Германците како добредојде, бугарскиот соработник Спиро Китинчев ги пречекува „хероите“ од Сталинград
Беа поканети: Никола Коларов, Коце Ципушев, Димитар Чкатров, Димитар Ѓузелов, Борис Ќурчиев, Д-р Александар Георгиев, Велко Спанчев, Спиро Китинчев, Димитар Шалев, Страхил Развигоров, Д-р Тома Петров, Д-р Страхил Хаџи Панзов, Коце Кратовалиев, Глигор Анастасов, Михаил Домазетов, Трајчо Чундев и уште некои други. 

Им ја пренесов наредбата на владата дека треба да биде преземена јавна акција преку собранија во целата област. Им реков дека на тие собранија ќе треба да се објасни она што е направено во Македонија. Сите се согласија и јас ја потврдив акцијата за закажаниот датум.

Потоа ги замолив да кажат кој каде сака да органзира собрание. Китинчев и Шалев рекоа во Скопје,
Тома Петров и Страхил Хаџи Панзов во Велес,
Михаил Домазетов во Штип,
Страхил Развигоров во Свети Николе,
Д-р Александар Георгиев во Кратово,
Глигор Анастасов во Кавадарци,
Иван Петров во Гевгелија,
Димитар Ѓузелов во Струмица,
Д-р Панчо Хаџи Трајков во Радовиш,
Трајко Чундев во Градско,
Велко Спанчев и Коце Ципушев во Куманово,
Јордан Икономов во Крива Паланка.

Освен за нив, за некои други места јас ги определив следните лица: Борис Паликрушев во Злетово,
Д-р Тодор Гичев и Богдан поп Ѓорчев во Неготино,
Тома Кленков во Кочани,
Д-р Константин Тренчев во Царево село (Делчево – з.н),
Димитар Голчев во Пехчево,
Д-р Тодор Апостолов од Кочани во Велес,
Иван Шопов во Дојран,
Михајло Ефтимов во Валандово.
На сите нив ова по неколку дена им го соопштив со писмо.

За она што требаше да се говори на собранијата јас направив концепт со следните заглавија:

Кратка историја за Бугарија

а) Првото Бугарско царство,
б) Второто Бугарско царство,
в) Третото Бугарско царство.

Ослободителни борби

- Востанија во Бугарија и востанија во Македонија.
- Ослободувањето во 1878 година.
- Борби за обединување 1912 и 1913, 1915, 1918 година.
- Јунскиот договор и идењето на бугарската власт во Македонија
- Што напаравила досега бугарската власт во Македонија (им испратив показатели, бројки, што пред тоа ги добив од соодветните служби).

Чкатров и Дрангов откажаа да формираат собранија. На 15 ноември речиси сите собранија се оддржаа. Откако акцијата беше заклучена, направив извештај до Габровски и пред да му го испратам му го прочитав по телефон..“

Зимата и пролетта 1942/3год., се тапка во место, во Македонија некаво пробугарско движење не заживува (ист грст луѓе, главно чиновници кои истовремено обавуваат уште по барем 3-4 други задолженија на окупаторската власт). Нов Министер за внатрешни е Дичо Христов.


Бугарите со повик кон младите Македонци за предавање, а кои влегоа во партизанските одреди за ослободување од бугарската окупација
Август 1943 год. за потпора на пробугарска влада во Македонија, нови инструкции од Софија за партија “Општествена сила“. Би делувала среде народот зашто се помасовно заминувал во вооружените сили на отпорот.

Асен Богданов новиот висок полициски функционер во Македонија и Димитар Раев од Директорот на полиција и Министерството за полиција ја добиваат новата наредба за формирање партија.

Обласниот директор Раев и помошниците Коста Ненов и Тома Петров се советуваат со Спиро Китинчев, Коце Ципушев, Стамат Дуковски и Димитар Ѓузелов како да се организира партијата и кои лица да влезат.

За ова, подоцна Асен Богданов на неговото судење во слободна Македонија, пред Јавниот обвинител Лазар Мојсов пак ќе рече:

“Јас не учествував на ова советување, ниту пак во работата на комитетот што се формира, за да не се добие впечаток дека оваа партиско-политичка организација се формира на полициски начин. Но јас наредив до околиските полициски началници да дадат известувања за лицата што треба да влезат во комитетите. Во Обласниот комитет, чиј претседател беше Раев, покрај него влегоа и:


Асен Богданов (во средината) (х) меѓу своите - група бугарски војници, полицајци и контрачетници

- Коста Ненов, прв помошник на Директорот,
- Тома Петров, втор помошник на Директорот,
- Спиро Китинчев, кмет на град Скопје,
- Д-р Благој Дрангов, адвокат и човек на Ванчо Михајлов,
- Димитар Ѓузелов, началник на Радио-Скопје,
- Бабанов, Претседател на Трговската комора,
- Коста Ципушев, трговец од Скопје,
- Трајче Чундев, близок пријател на Раев и човек на Ванчо Михајлов,
- Стамат Дуковски, трговец од Скопје,
- Д-р Здравев, Д-р Георгиев,
- Павел Васев, трговец,
- Димитар Шалев, адвокат и
- Борис Бунев, претседател на Тетовското братство.
Можеби имаше уште некои други, но не можам да се сетам.

Пред да се свика комитетот, обласниот директор Раев ми го покажа списокот на лицата и притоа ми рече дека се тоа луѓе блиски на бугарската власт и дека може да се има доверба во нив при формирањето на таа “Општествена сила”. На конференцијата што беше свикана потоа, Раев им ги објасни на присутните задачите што ги поставува пред нив бугарската влада. Како што реков, во Обласниот комитет на Општествената сила имаше и луѓе на Ванчо Михајлов, зашто тие ја имаа довербата на власта, а и беа добро расположени спрема неа.“


Ванчо Мијаловистот и гевгелиски контрачетнички „војвода“ во служба на окупаторска Бугарија: Георги Хаџи Митров и дозволата за носење оружје

И околиските управници во внатрешноста со комитети главно од полицијата и началниците, кметовите и по некој предавник, се на се 10-15 исти луѓе, што доволно кажува на што се сведува оваа “партија”. Задачите на комитетите од оваа партија се:

1. Што повеќе народ да премине на пробугарски позиции;
2. Тие луѓе да се употребат против собраќата противници на бугарската окупација, (т.е – самоуништување на македонскиот народ)
3. да се засили пропагандата меѓу народот дека Бугарите ја донеле слободата во Македонија.
4. Да се создаде видлива соработка на членството од “Општествената сила” во борбата против Народноослободителното движење (НООД).
5. Да се третираат и чисто економските прашања.

Комитетите даваат и мислења при мерки од големи размери (иселување, интернирање и сл.,) бидејќи се и задолжени за соработка со власта.


Смотра на агентите полицајците, а воедно и основачи на пробугарската партија во Македонија, Раев им зборува: „Ште лијне крв“

И оваа иницијатива за пробугарска партија не успеа во Македонија. Членството е ист грст поданичко-сервилни луѓе и од интересни побуди а најмалку од некакви национално бугарски.
Трагикомичноста на последново е што истите луѓе за време на српската окупација биле во слични просрпски организации. Најдобар доказ за ова се и оптужбите во едно од писмата на Д. Ѓузелов, незадоволен од тоа кој се влегол во комитетот за Струмица, (од 22.IV.1944 год.), каде пишува:

“Разбрав дека сте формирале комитет на Општествената сила во Струмица. Без да навлегувам во тоа дали треба да се изјаснам за или против овој комитет, неговиот состав во Струмица ме интересира, зашто во него се влезени лица кои во минатото беа на располагање на српските национални интереси и кои народот ги презира.

Господата, што го инспирирале ваквиот состав на Комитетот, се раководеле од погрешни сфаќања дека треба некого да мират и робовите да ги стават на страна. Така на пример, во Комитетот од страна на предавникот Фиданчев, фигурираат неговите лакеи Калчев и Калкашлиев. Од страна на аптекарот Милчо Стојанов, како претставник на српската државна партија ЈРЗ, фигурира неговиот агент Михаил Ефтимов, адвокат, кој сега е и претседател на Комитетот. Тоа веќе покажува какво ќе биде тоа мртвородено дете, што се нарекува “Општествена сила“...

...Секоја вештачка комбинација со прибирање предавници, значи смрт на самата “Општествена сила” и најзино компромотирање меѓу народот. Освен тоа луѓето кои до вчера се бореа еден против друг од името на две национални идеи: српската и бугарската, денеска не можат да работат во еден комитет и притоа од тој комитет да се очекуваат некои користи за народот и државната работа. Сето тоа е фалш.
Вие со Панде ќе си излезете и ќе ги оставете лакеите на предавникот Фиданчев и на Милчо аптекарот да формираат што си сакаат, зашто тие се фахмани во сервилност и во лигавење. А вие ако не сакате да носите темно петно, зашто “Општествената сила” е мртва пред да се роди, ќе излезете навреме од комитетот за да се спасите себеси и политиката за која ја дадовме младоста и жртви пред светиот олтар на мајка Бугарија. По ова прашање не можам да правам отстапки и извинувања.“

Писмена заклетва на еден одродник од македонскиот народ (Борис Жуглов):
„Се колнам во името на единствениот Господ дека свето ќе ја исполнувам должноста, ќе ги бранам законите на земјата без каква и да е пристрасност, ќе постапувам секогаш чесно и справедливо и готов сум да го жртвувам животот за безбедноста на царот и татковината...“

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5605 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 11 декември 2016
Моментно посетители: 102

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
 Св. мчци: Македониј, Татијан и Теодул
--------------------------------
 Царот на Јапноија во 1976 г. ја посети Македонија
--------------------------------
 Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист
--------------------------------
 Поход на Скитите кон Македонија и нивниот крај
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: