Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Судбината на Одринско (Тракија)
Масакар на 44 Тракијци од Бугарите
Сподели на Facebook

Авторот на “независниот” Карнеги Извештај, за бугарските убиства во Едрене и околината на турски заробеници, ги вадеше криви заробениците (сакале да бегаат!?), па во ист стил продолжил да ги правда и идните убиства, сега врз Тракијци.

 


Масакрот на 45-те Тракијци од страна на Бугарите - слика која го обиколи светот во 1913 година


- Првин вметнува со ништо аргументирана теза дека заробениците ги наоружувало населението, кое имало многу оружје?! Продолжува: “од тоа време натаму, Бугарите внимателно ги надгледувале жителите на Карагач” (како да пред тоа биле “невнимателни“!). Со ова го врзува и изборот на 45 Тракијци за ликвидација од Бугарите, зa што пишува:

- “Приквечерта посетите на куќите всушност почнале. НЕ Е СОСЕМА ЈАСНО како биле одбрани четириесет и пет лица за затварање. Еден од нив, единствениот преживеан, Пандели (Пантелејмон) изјави дека неговиот дванаестгодишен син зел малку брашно од магацинот, тој таткото, го вратил пленот, како што било наредено, бидејќи првобитната наредба била вратените работи да се остават на улица, но потоа тој и неговите другари во несреќа биле задржани да ги носат вреќите до станицата. Пандели (Пантелејмон) го опиша она што следувало во подробности и неговата приказна, проверена од комесарот кој го правел Извештајот споредувајќи го со ДВАЈЦА ДРУГИ ОЧЕВИДЦИ, едниот ГРКОФИЛ, другиот БУГАРОФИЛ, го пренесуваме тука. Во него се вели:

“Вечерта (на 8/21 јули) кутрите суштества беа врзани по четворица заедно со своите ремени и поведени по патот за Мараш, спроведувани од шеесет војници. Парите и часовниците им беа одземени пред да ги врзат. Им рекоа дека ги водат во Бугарија, но кога војниците дошле близу мостот преку реката Арда, некој викнал: “Трчајте брзо, возот доаѓа!“

Го преминале мостот и дошле на спротивниот брег. Тука ги наредиле во линија, со лицата кон реката и ги турнале во водата. Следувала ужасна сцена. Додека кутрите ѓаволи се тргале, војниците пукале по секого чија глава ќе се покажела над водата. Пандели му го должи својот живот на едно очајно движење. Кога паднал во водата, го скинал со напор ременот со кој бил врзан со другите. Во водата, сам и слободен, почнал да плива, кревајќи ја главата одвреме на време. Куршумите управени кон него, за среќа, не го погодиле. Потоа се преправал дека е мртов и лежејќи на грб оставил да го носи струјата. Извесно време изгубил свест, потоа се нашол запрен од едно дрво. Се довлечкал до пошумениот брег на сите четири. Еден кочијаш, гледајќи го како бега, се исплашил од неговиот изглед. Во текот на ноќта се вратил во квартот Хилдирим и отишол во куќата на својот чирак. (Пандели е столар во парните пилани во Kарагач)“.


Бугарски високи офицери во планирање од 1910 година во време подготовките за Балканските војни

- “Независниот” автор од Карнеги вака ја пренесува веќе пренесената во западниот печат случка со 45-мината Тракијци, но избегнува појасно да ги посочи Бугарите за ова ѕверство. Инаку знае во детали и со пописи на најневажни покуќнини да оди кога на пример пљачкаат Грците, Србите, Турците и нивните банди, а за ѕверства и да не говориме. Нагласено ја става и националната им припадност, но овде НИТУ НА ЕДНО МЕСТО не ги спомнува Бугарите, но зборува во воопштена форма.

* ПРИМЕР, од почетокот: “...посетите на куќите почнале” (Од кого ?-з.н), потоа: ”Не е сосема јасно како биле одбрани 45 лица за затварање” (Од кого ?-з.н). Во цитирањето на Извештајот пак ништо, пример: “Вечерта (на 8/21 јули) кутрите суштества беа врзани по четворица” (Од кого ?-з.н), “Парите и часовниците им беа одземени” (Од кого ?-з.н).

- А каде нешто и наговестува, всушност затскрива, пример: “Им рекоа дека ги водат во Бугарија, но кога војниците дошле близу мостот преку реката Арда, некој викнал: “Трчајте брзо, возот доаѓа!“”.
Сега не е јасно: “Им рекоа дека ги водат во Бугарија” (Кој им рече ?-з.н) , “кога војниците дошле близу мостот” (чии војници ?-з.н), а за она дека НЕКОЈ рекол да трчаат (Кој ?-з.н), е класично оправдување за следувателното “убиени во обид за бегство” ( како со турските заробеници )

- И речениците што следат исто: “Го ПРЕМИНАЛЕ мостот и ДОШЛЕ на спротивниот брег. Тука ГИ НАРЕДИЛЕ во линија, со лицата кон реката и ГИ ТУРНАЛЕ во водата. СЛЕДУВАЛА ужасна сцена. Додека кутрите ѓаволи се тргале, војниците ПУКАЛЕ по секого чија глава ќе се покажела над водата“. Пак прашањето – КОЈ се ова го прави? Зошто авторот избегнува да ги спомне Бугарите ?

- Но најперфиден е почетокот кога авторот вешто вметнува обид за кривица на Пантелејмон (Пандели!) во тоа што наводно 12 – годишниот син земал “малку брашно”, кое ете го вратил ама некако е задржан со другите?! Ова е интересен момент зашто ГО НЕМА во оригиналниот Извештај од комесарот и бројните сведоци!

- Во својот текст, авторот ГО ДОДАВА на Извештајот и тоа на почетокот со што кај читателот создава мисла за причината на нивната ликвидација - КРАДЕЛЕ! Иако крадењето “малку брашно” и не е некој мотив да се ликвидираат луѓе, иако кражбата е наводна и несигурна, но спомнувањето на истото, го одвлекува вниманието од вистинското бугарско злосторство.


„Независниот“ Брајлсфорд, втор креатор покрај Миљуков од Карнеги извештајот за масакрите по Тракија
- Со само еден наводен акт на кражба малку брашно од синот на Пантелејмон, авторот на Кранеги Извештајот наметнува впечаток дека и останатите 44 Тракијци се арамии. Со наводна кражба, се наметнува во свеста на читателот и прашањето – “Инаку, зошто би ги избрале”?!).

- А нема и најмало посочување за такво нешто, па со ова посредно се етикетирани. Авторот немајќи ништо што би ги поврзало со кражби, констатира “Не е сосема јасно како биле одбрани четириесет и пет лица за затварање” (всушност ликвидација !-з.н). Како и да е тие се ликвидирани од Бугарите.

- Тие не се Турци, таму никогаш историски не живееле ни Грци (има само грчка црковна пропаганда), за Срби и Бугари и да не се спомнува (Бугарите го вршат и колежот!). Јасно е дека се работи за автохтони Тракијци што се гледа и од националните облеки на сликата но и од православните имињата.

- Иако оригиналното име од преживеаниот Пантелејмон и самиот автор го соопштува како такво, потоа го врти во “Пандели”. Но и такво, приказната од него е потврдена и од сведоци како кај авторот “бугарофил” и “гркофил”. Ова дополнително ни укажува дека ниту е овој по род Бугарин ниту другиот е Грк, на што укажуваат – филствата (можеби адепти на нивните пропаганди но не и чистата форма - Бугарин, Грк).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6550 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,47 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 28

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонци – прогласени за херои на Нирнберг
--------------------------------
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
 Македонското име одбрането и со ихитофауната
--------------------------------
 Преп. Филотеј
--------------------------------
 Македонците и базите
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: