Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Судбината на Одринско (Тракија)
Бугарите се вадат за теророт
Сподели на Facebook

Бугарите немајќи каде од меѓународните протести и притисоци за ѕверствата во Тракија, пробуваат да се вадат.

Така командантот на резервистите Келибаров и воениот судија во Лоценград и Адрианополе Топалџиков, од името на штабот упатуваат Извештај до редакцијата на “Daily telegraph“, во кој ги смалува жртвите и ѕверствата. Ова вадење како Додаток Ѓ и насловено со – Одбрана и Документи поврзани со Глава 4 е и во извешатајот од Карнеги Балканскиот поткомитет (во преводот од “Култура” -2000 год.).


Едрене под бугарска окупација

- Особено манипулираат со околностите и бројките иако и редакцијата на Лондонскиот весник поседува фотографии и сведоштва од сите инволвирани страни но и националности. На пример иако за бројот на жртвите кај р. Арда е 44, посведочено со единствениот преживеан, потоа комесарот на Извештајот и сведоци - “бугарофили“ и “гркофили “, овој Келибаров ја смалува на 20-тина, но и плетка со околности и причини (?!). А тие се сведуваат на тоа дека било по нивна кривица (демек тие си се криви што загинале со најчестиот изговор – бегале а биле и арамии?!).

- За масовниот број изгинати Турци пак, тоа било од болест – колера што изгледа само меѓу нив завладеала па и за ова не се криви Бугарите но пак – умрените?!

- За пљачките и грабежите од страна на бугарските војници, нив не ги вршеле војниците но локалното население – самото си се ограбувало, особено Грците и Евреите ограбувале. Нејасно зашто токму нивните се најскапоцените продавници и накити за што во сведоштвата на Лондонскиот весник имаше конкретни имиња, дуќани, количини од кого и како е тоа извршено.


Масовни грабежи по улиците, куќите, дуќаните и другите објекти на Едрене за време на бугарската окупација

- За разлика од прецизноста на тие сведоштва, во Извештајот на Келибаров само стои една фуснота “Ако треба ќе потврдат (Турците или др.)“, но ниту се осудиле, ниту нашле конкретно сведоштво поткрепено од повеќе независни извори.

- Ако и дале Бугарите нешто, тоа се некои Наредби од нивни Бугарски Команди (преписка меѓу мајор Васов и Генерал Волков) со кои се наредува да се намали од храната на бугарската војска за да се даде на затворениците – Турци?! И не е човек ниту да се смее ниту да плаче на ваквата детска болест но и безобразие на Бугарите при поигрувањето со на новинарите од “Daily telegraph“ интелигенција (но и со нашата, т.е. на читателот).

- Зашто ај што ништо конкретно не докажуваат ваквите наредби но тие во секој миг можат да се прилагодат, допишуваат или натпишуваат – тие се само нивни! Но и да се вистински од тогаш, на терен колку и како се спроведува е друга работа, за која овој документ не може ништо да докаже.


За масовните бугарски грабежи, силувања и други дивјаштва низ улиците на Едрене, особено се заинтересирале и странските претставници

- Гледајќи ја лавината од осуди низ странскиот печат и дипломатии, овој Извештај завршува со некое оправдување, всушност осуда - дека се на Бугарите им зготвиле Грци по род кои по сите странски амбасади биле секретари (дури и во руската) во Адрианополе(?!)

- Демек тие амбасади немаат конзули и др. персонал кој и самиот е во можност да види што се случува (не малку страдалници токму кај нив доаѓаат за спас при бугарскиот пир), но се оставаат на секретарите (?!).


- Уште поглупаво завршува овој Извештај со последната реченица за овие секретари кои небаре знаеле уште пред војната што ќе биде, та се криеле што се по националност! Последната реченица од ова писание вели:

“Овој факт буди љубопитност за Извештаите на секретарите од некои странски конзулати во Адрианополе, кои внимателно се воздржуваа од признавањето на нивната националност, скриена зад превезот на нивното претставување на странските сили“.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6309 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 36

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Анексија
--------------------------------
 Римската легија и фалангата
--------------------------------
 Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист
--------------------------------
 Кучињата од антиката во служба на Македонците
--------------------------------
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: