Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Судбината на Одринско (Тракија)
Ништење на Тракијската посебност
Сподели на Facebook

Тракијците се на посебен удар од Бугарските пропаганди.

Така кога Бугарскиот двор дознава за широките подготовки за формирање на Народната Федеративна партија (НФП), трчат пред настаните за да испреварат и заземат во старт дел од масите а со другиот да направат забуна и разочарувачко-апатични чувства.

Пред најавениот конгрес на НФП, тие прават конгрес на друг основачки конгрес на “Сојузот на Бугарските конституциони клубови во Турција”.
Собира остатоци од Врховисти на ВМРО, покрупни селани, земјоделци, банкари, лихвари и понекој од интелектуалците но и др. Ова е во тесна врска со бугрската влада направено, а се со цел да се придобијат од сите слоеви на македонскиот народ.

Основачкиот конгрес на овој Сојуз е на 07 септември 1908 год. во присуство на 81 делегат од Македонија и Тракија. Од нив 35 се учители, 21 трговец, 3 свештеници, 3 студенти, 2 земјоделци, 4 лекари, 2 адвокати, 2 чиновници, 1 занаетчија, 1 нивинар, 1 судија, 1 банкар, 1 книжар и 4 други.



Раководители на Сојузот : Карајонов, Панче Дорев, Д-р Владов, Д-р Руменов, Никола Ризов, Ефтим Спространов, Тодор Павлов Тилков, Сребрен Поп Петков и зад нив вистинските диригенти (според Влахов) – Тодор Александров, Христо Матов, Др. Кушев и Тодор Лазаров.

Иако програма е наизглед  демократска во однос на национално-културните прашања тоа е само така наизглед се со цел да се налепат понаивни, а патриотски елементи ма кои испрепредените а платени пропагандисти подоцна ќе им долеваат потребни информации и наложенија.

Всушност овој Сојуз во наредните две години ќе ја одигра рољата на камуфлажа за вистинска подготовка на македонската одродничка а вооружена герила. И токму таа преку своите акции ќе има улога да ги затре сите самостојни македонско- национални стремежи и особено оние во Тракија (Одринско), каде се требаше да се добугаризира.

И посебно Тракија е полесен плен во овој поглед таму и инаку е потешка состојбата што од пребројното турско и муслиманско население, што од близината до Истамбул и брзата реакција при евентуални револуционерни раздвижувања (заради и што муслиманската маса подолго се задржува во Тракија да живее), што од целосното окружување.

Имено, ниту во Македонија положбата не беше подобра но за разлика од Тракија, таа има своја специфичност. Тракија во изборот помеѓу само две црковни сосетски пропаганди (Бугарија и Грција) и од нив само едната е словенска (Бугарската), па и природно во борбата поимеѓу двете – еден е изборот кај Македонија е нешто друго.

Токму во меѓусебното касапење на двете "словенски" пропаганди – бугарската и српската, Македонците најдобро ги увидоа разликите и вистинските мотиви, но и пропагандни трикови и вистинската потреба зошто тоа се прави со нив. Особено оние македонски дејци кои учеа и во едното пропагандно училиште и во другото (К.П. Мисирков и 30-40 Македонци ученици).

Македонија беше и во друга предност што за неа се интересираше и друга Голема сила, освен Русија а тоа е Австро - Унгарија, која уште во XVII век влезе длабоко во Македонија и беше на прагот на Македонија да и даде прва државна независност да не беше се сетил баша тогаш Францускиот крал да ја напаѓа од грб Австрија. Тракија е оставена во доменот на една Голема сила Русија, која пак ја исфорсира својата измислена  Бугарија за да дојде и до Тракија и до Босфорот.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6140 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 22

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Единствениот Македонец од Титаник – преживеал
--------------------------------
 Св. ап. Матиј
--------------------------------
 Македонско писмо кое најдолго патуваше
--------------------------------
 Линкестите – македонско племе на рисови
--------------------------------
 Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: