Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8864
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Судбината на Одринско (Тракија)
Ѕверства над Тракијци-немуслимани
Сподели на Facebook

На крајот од оваа мартирологија, сакам да споменам податок за едно неверојатно злосторство.

По првите вести за приближувањето на Турците, недела 7 кули, Бугарите го запалија складот за храна кај железничката станица во Карагач.

Некои Грци спасија неколку вреќи со храна. Во следниот понеделник, Бугарите се вратија, уапсија 45 бедници, ги врзаа по четворица и ги фрлија во Марица, а пукаа во секој што ќе се обидеше да избега. Само еден, Пантелејмон, успеа да избега така што потона во водата и се преправаше дека е мртов. Неколку дена подоцна ги извадија телата. Ќе испратам фотографии од нив.
Тоа што жените од Адрианполе мораа да го издржат е надвор од она што може да се замисли. Гркинките, Еврејките па дури и Ерменките и покрај тоа што Ерменците им беа наклонети на Бугарите, беа обесчестени. Се разбира, најголеми насилства доживеаја Турчинките. Не се почитуваше ни рангот, ни годините. Меѓу нив имаше многу млади девојки и стари жени. Повеќето од тие девојки сега се со деца. Тие што можеа да го поднесат тоа, отидоа во далечните предели за да го скријат својот срам. Повеќето полудеа. Многу од нив молчеа за нивната зла судбина, од разбирливи причини.“


Приказни од сведоци

- Со овој поднаслов продолжува статијата од “Daily telegraph“, всушност Извештај од Рускиот полицаец, кој конкретизира сведоштва, велејќи:

“Eве неколку примери: Хамид Нури, муфтија од Адрианполе, со солзи во очите ми ја раскажа следнава приказна:

“Неколку дена пред да заминат Бугарите, многу луѓе ја поминале ноќта под неговиот покрив поради заканите на Бугарите дека ќе го уништат градот и ќе го искоренат населението. Спроти него живееле жена на некој турски мајор, кој бил задржан како затвореник во Бугарија, со нејзините две млади ќерки. Еден час по зајдисонце од оваа куќа се слушнал голем плач:
“Земете се што сакате само не допирајте ги моите ќерки. Зарем нема муслимани што ќе ја одбранат нашата чест?“

Муфтијата го испратил бугарскиот војник, кој властите го одредиле да го штити неговото многу пати ограбувано живеалиште, да им помогне на жените. Еден момент подоцна, војникот се вратил и со огорченост му рекол дека сите бугарски војници ги силувале трите жени, но оти тој не можел ништо да стори, бидејќи му се заканиле дека ќе го убијат со мускетите. По три часа престанале очајничкиот плач и липањето на жените. Мајката и ќерките лежеле избезумени, откако војниците заминале. Сите што таа ноќ побараа уточиште кај муфтијата тврдеа дека се сведоци за вистината на таа приказна.

Друг пример.

Истиот ден 4 бугарски полицајци влегле во куќата на богатиот Израелец, Саломон бен Басат. Жените и младите девојки избегале во соседните куќи прекачувајќи се преку оградата, но децата останале на првиот кат. Служавката, 18-годишна, која се вратила по нив, била силувана од двајцата полицајци. На крајот, кажувајќи им дека на горниот кат ќе ја најдат убавата ќерка на домаќинот, таа избегала. Службениците тргнале горе, а девојката избегала оставајќи крвави траги зад себе. Таа се уште е во болница. Муфтијата, осврнувајќи се на горново, како и сите жители без оглед на религијата, рекоа дека неколку дена по влегувањето, Бугарите ги затвориле сите џамии што предходно биле осквернавени и се користеле како нужници. Бугарските војници си олеснувале себеси од минарињата со цел да ги навредат муслиманите. Тие го имитирале повикот на Мезините и кажувале вулгарни непристојности за Мухамед, за религијата, за Султанот и за Чукри паша, претходниот Управник на тврдината. Кога муфтијата се пожалил, бугарскиот командант, Генерал Велчев, побарал да му ги посочат злосторниците. Кога муфтијата од прозорецот му го покажал бугарскиот војник како задоволува природна потреба на минарето, Генералот Велчев саркастично одговорил “После се, не можете кутриот војник да го лишите од ненавредлива разонода”.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5666 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 23

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Преп. Петар Атонски
--------------------------------
 Македонците и воената економија на силите
--------------------------------
 Според сметањето на православната црква
--------------------------------
 Хелените најголеми противници на Македонците
--------------------------------
 Македонките заслужни за победата на Аргеј I
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: