Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7120
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Судбината на Егејска Македонија
Катраница – III македонска Герника
Сподели на Facebook

- Но до која обезличеност и обезчовечност може да втаса човекот, доживеа Катраница, при овој налет на грчките фашистички банди од април 1944 год. Очевидецот Димитар Шопов вака го опишува пеколот во Катраница :

“Точно два дена траеше бурата над Катраница. Од самото селско ридче кога влеговме во селото се чувствуваше смрдеа на лешеви и на сите очите ни се насолзија кон малата чистинка, каде беа исфрлени купишта трупови...
На седум места труповите беа нафрлени еден врз друг...Страшна кланица на мажи, жени и деца. Некои глави беа сосема здробени со исфрлен мозок. На други пак се гледаше каде пробил куршумот. Повеќе беа убиени во тилот, здробени со казби...

Во една плевна биле затворени повеќе луѓе, била запалена и изгорена. Само купишта коски, собрани пред вратата во обид да излезат, но тука изгореле. Германците и бандата на Пулос откако сите девојки ги обесчестиле, ја запалиле плевната. Во тој пламен изгорела и учителката откако над неа ги задоволиле животинските страсти над 20 бандити...

Влеговме во еден двор. До самиот праг еден легнат старец со столчена глава со камен. До старецот седнато едно 5-годишно дете. По се изгледа дека детето кога ги забележало оружените лица си ги затворило со раката очите од страв. Детските кревки гради беа пронижени со безброј куршуми и тоа останало така смрзнато, залепено за ѕидот, а до него стоеше недокастрено стапче и нож “

- За истото дивеење во Катраница, се бележи и во еден Извештај од 21. X. 1944 год. од Потполковник Дионисис Каранџис – Мелас, Командант на единица на ЕЛАС, кој меѓу друготo пишува :

“...од беглиот опис што го давам за страдањето на градчето Катраница, колежот извршен од Германците и нивните домашни соработници ПАО и Пулус, ќе можете да ги сфатите размерите на злосторставата..

Градчето Катраница од 1 000 куќи, откако целосно беше разурнато, откако ги изгуби покуќнините, 12 000 грла овци и кози, 1 500 глави крупен добиток, плати и данок во крв од 640 жени и деца масакрирани на најсвиреп начин..
..нашите очи гледаа купишта од трупови, еден од 35 трупови, друг 67, трет 94 и уште еден од 125, и.т.н..

Како историчарот ќе го крсти случајот на смртта на онаа бремена жена од Катраница, која е фатена во пештерата во моментот на породувањето и откако е оставена наполно сама да ги поднесе болките од породувањето е убиена веднаш по породувањето заедно со својата рожба “.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5559 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 11 декември 2016
Моментно посетители: 54

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Играорки Јапонки во групата Билјана
--------------------------------
 Крај на влијанието од Рим врз Цариград
--------------------------------
 Битката и Македонците во антиката
--------------------------------
 “Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
--------------------------------
 Преп. Григориј Синаит
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: