Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8850
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Судбината на Егејска Македонија
Мерки на Грчката власт против македонскиот народ
Сподели на Facebook

Грчката власт против Македонците ги презема следните мерки:

· Продолжи жестокиот физички и правен терор врз нив.
· Парадржавната воена формација МАИ ( Единици за одбрана на внатрешноста ) тероризира се македонско, од нејзината воља зависат животите, честа и достоинството на Македонците.
· Македонците се сомничени за нелојални граѓани на Грција па будно се следат, немаат право на приватност и основни човечки слободи.
· Македонците масовно се испраќаат во концентрациони логори и изолациони центри врз основ на КЗ 453/45 “Против автономистичка пропаганда“, ПЗ 503/45 “За ред, мир и правда“, Декретот Г/46, ПЗ 511/47 “За организација на концентрациони логори“ и др.
· По Граѓанската војна врз Македонците е воведена е вонредна состојба. Поголем дел од Егејска Македонија е во т.н.р “зона под контрола“, востановена од диктаторскиот режим на Метаксас ( 1936 – 1940 г.) а продолжен по Граѓанската војна .
· За посета и движење во оваа “зона под контрола “воведени се специјални дозволи од Полицијата и од органи на МАИ.
· Специјални воени служби А – Д, за секое село и поединец водат досиеја со податоци за убедувањата на лицата, бројот на жрвите во војната и по неа, список на бегалци вон Грција, список на затвореници, интернирани, ослободени, политички бегалци, лојални и информатори но и на опасни, староседелци и колонисти и др.
· Законот за подрачја на “зона под контрола“ ( каква е Егејска Македонија ) е укинат дури – 1975 год. , што ќе рече дека македонскиот народ во Грција е всушност во еден голем коцентрационен логор 40 – тина години.

- Се ова ги тера Македонците на миграции кон поголемите грчки градови ( вон “зоната“), што е и целта на Грците – оттргнување од родните огништа и полесна асимилација во Грчките средини.

- Друг дел заради теророт заминува во Европските и прекуокеанските земји, што е пак Грчката нацистичка цел – трајно снемување на Македонците од лицето на земјата – Грција.

- М/48 и Н/48 Декрети и др. Закони со кои се конфискуваа околу 2 милиони обработливо земјиште, шуми, пасишта и сл. а за грцизирање на Македонците од Егејска Македонија.

- Конфискувано и експромирано земјиште на Македонци учесници во Граѓанската војна како и членови на Македонски национални организации НОФ, НОМС, и АФЖ ,на кои им е одземено државјанството според Декретот ПЗ од декември 1947 год.

- Законските акти – 944/50, 263/59, 866/51, 828/52 и др. се за конфискации на имотите од Македонците. Овие имоти веднаш се делени на Грци – населувани во Егејска Македонија, со што се врши Грчка колонизација таму.

- ПЗ 23536/ 53 “ Во врска со повторното населување на пограничните подрачја и помош на населението “– Закон кој според својата реакционерност и антимакедонска насоченост и тендециозност, ги надмина сите предходни.

- 23.II.1953 год. , во Солун е оддржано советување на Грчки воени и административни власти во Егејска Македонија. Решено е да се предложи на Владата и Парламентот Закон за раселување на т.н.р “ чувсвителни “ погранични подрачја во Егејска Македонија, со цел конечно да се смени националниот состав во Грчка корист.

- Законот бр. 2536 / 53 е резултат на прифатените барања од Солунското советување и предходната интензивна пропагандна активност за подготовка на јавното мислење за потребата од овој Закон.

- Целосната Грчка фанатизираност ја распалуваа медиумите
* 12.V.1952 год., вес. “Неа Алитија“ во написот за овој Закон вели :
“ …постои изработен план што го поддржуваме сесрдно . Словеномакедонците треба да сфатат дека ако сакаат да живеат во Грција, треба да се преселат на југ, аво нивните подрачја да бидат населени лица од југ. Не можат да ги поседуваат најдалечните позиции на безбедноста на Грција. Просто немаме доверба во нив...“

24.II.1953 год. , вес. “ Вима “пишува :
“ Во седиштето на III воен корпус се оддржа многу значајно советување на кое учествуваше и Министерот на Северна Грција Г-дин Стратос. На советувањето беше разгледана темата за повторно населување на пограничните подрачја, на кои владата им дава големо значење. Бидејќи, како што се поставува прашањето на безбедност, предложено е во принцип во обновените села да се вратат поранешните нивни жители, но само тие жители што се потврдија како лојални, познати со свои докажани национални чувства и убедувања. Ако во некои подрачја жителите се со антинационални убедувања, на нивно место ќе се населат подобни лица од други подрачја.
Во акцијата за изградба на стамбени и др. објекти во пограничните подрачја и за репатријација и сместување на населението треба сите да придонесат, особено армијата, бидејќи се работи за прашање од безбедноста на земјата и поради тоа што се очекува во тие подрачја да се населат повеќе демобилизирани лица од нејзините редови. “

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5190 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 16 април 2024
Моментно посетители: 39

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Поход на Печенезите во Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Св. Васа Солунска
--------------------------------
 Македонските рудници во II Светска војна
--------------------------------
 Целиот учен свет на антиката – во Александрија
--------------------------------
 Македонците први за воен род – коњица
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: