Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7108
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Судбината на Егејска Македонија
КИПАРСКОТО ПРАШАЊЕ и КОНФЛИКТ
Сподели на Facebook

Да го сврти вниманието на народот од изолацијата и кризата, Хунтата сака надворешен “патриотски” успех – соединување на Кипар и Грција.

- Кипар со Циришката и Лондонската конвенција има т.н.р “ зависна независност”.В.Британија ги задржува базите на Кипар а со Турција и Грција се гарантни сили. Овие конвенции се основата на приклучувањето на Кипар кон НАТО и користењето како стратешка база.

- Архиепископот Макариос како премиер на Кипар сака независна политика, па Кипар влегува во неврзаните, што на НАТО не му одговара а на Грција и е добар повод за акција

- 17.II.1970 год.- Русите ја обвинија Грција и НАТО за заговор .

- Макариос во писмо до Претседателот на Грција- Генералот Фидон Гизикис, за неприликите на Кипар ја оптужува Грција. Бара повлекување на грчките офицери од Националната стража (НС) на Кипар, како основа на интриги за Грчка контрола на Кипар.

- 21.II.1970 год. – СССР на Советот за безбедност му пишува : “ Реакционерните сили во Кипар заедно со НАТО подготвуваат планови за соборување на власта на Кипар и востановување на терористички режим сличен на грчкиот “.Иако Кипар овие тврдења ги отфрли, настаните потоа ги потврдија.

- Март 1970 год. – обид за атентат над Макариос

- 02.VII.1974 год. – Виши офицери од ГШ на Грција и Кипарската национална стража (НС), носат одлука за преврат на Кипар и ликвидација на Макариос. Според планот “Ермис”,подготвен уште 1970 год.,треба да го изведе НС на Кипар.

- 15.VII.1974 год – НС на Кипар врши преврат, Макариос со приврзаниците и помош на Англичаните се префрла во Лондон.Попладне за нов Премиер е поставен Никос Симеон. По 8 дена и тој е сменет со Главкос Клиридис- близок на САД и В. Британија.

- 16.VII.1974 год. – Турција изјави дека доколку Лондон не интервенира, таа ќе го направи она што смета дека е најдобро.Следниот ден премиерот Еџевит е во Лондон да го види пулсот на В. Британија и САД при Турска акција на Кипар.

- Макариос за утеха е признаван за единствен легитимен представник на Кипар. Тој во Советот за безбедност на ООН ја оптужи Грција за агресија врз Кипар и бара итна интервенција на ООН за враќање на уставниот поредок на Кипар.

- 20.VII.1974 год. – Во 05 ч. утрото Турската армија е во Кипар. Во 05, 15 мин., падобранците се во турскиот сектор – Левкосија а во 06 ч. Турците се во Киринеа. НС на Кипар дава недоволен отпор.

- 20.VII.1974 год. - Се води кон судир меѓу Грција и Турција што САД не го дозволуваат. На состанок во Атина со воениот врв на Грција, САД преку Зам. Министер за надворешни работи категорички порачаа дека во интерес на југоисточното крило на НАТО, Грција не смее да превзема никаква акција против Турција.

- 21.VII.1974 год. – Советот за безбедност на ООН едногласно донесе резолуција бр. 353 со кој ги повикува страните веднаш да ги прекинат сите дејствија и да се повлечат од Кипар.Но ова остана историски документ зашто не е почитуван и спроведен.

- 21.VII.1974 год. – Командантот на вооружените сили на Грција ја одби одлуката на Хунтата за објавување војна на Турција а вишите офицери на втор состанок решија да ја отстранат Хунтата од власт .

- 22.VII.1974 год. – Примирје меѓу Кипарските Турци и Грци.

- 23.VII.1974 год. – Командата на сите родови од грчката армија реши власта да се отстапи на политичарите.

- 24.VII.1974 год. – Формирана влада со Костантинос Караманлис од десницата и центарот, наречена ”влада на национално единство”.

- Придонес за паѓање на Хунтата има и што кај Грците со растот на отпорот против Хунтата, јакне и Анти-НАТО и Анти-Американско расположение. Ова расположение и денес е силно.

- Новата влада се додворува на народните расположенија, меѓу првите одлуки и е повлекувањето на Грција од НАТО. Бргу е приземјена па останува политички (не и воен) член.

- 25.VII.1974 год.- Во Женева во согласност со Параграфот 5 на Резолуцијата 353 на ООН состанок на В.Британија, Турција и Грција за Кипар.

- 30.VII. 1974 год. – Заврши I фаза од трипартитниот состанок со потпис на заедничка декларација. Кипар се дели на две држави со зона на безбедност меѓу нив. Се предвидува повлекување на војските и воспостваување легална власт, што не е почитувано. Со грчката власт на Главкос Клеридис функционира и турска со Рауф Денкташ.

- 09.VIII.1974 год. – Почна II фаза од состанокот во Женева ,сега учествуваат и Главкос Клеридис и Рауф Денкташ. Ниту една страна не прифаќа ништо предложено.

- 14.VIII.1974 год. – Турците на грчката тврдоглавост одговараат со нови воени операции на Кипар.

- 16.VIII.1974 год. - во турски раце е територија од 36,4 % од Кипар. Голем број загинати и исчезнати а 19 125 лица емигрираа. Има и големи материјални штети.Конечната поделба е – Грците = 60 %, Турците = 36,3 % и 3,7 % = неутрална територија.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4579 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 06 декември 2016
Моментно посетители: 111

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Тајната на сребрената рака на Св. Богородица
--------------------------------
 Овошја во Македонија со потекло од Арапите
--------------------------------
 Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово
--------------------------------
 Потеклото на парадите – од Македонците
--------------------------------
 Кралските круни потекнуваат од Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: