Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7098
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Судбината на Егејска Македонија
КУКУШ
Сподели на Facebook

Кукуш е еден од најразвиените културни, стопански и револуционерни центри во Македонија

Тој се наоѓа 45 км северно од Солун и има население од 13 000 души, од кои 12 000 се Македонци и 1 000 души Турци и Цигани. Тој град пред близу 70-80 години бил еден од центрите на производството на платна во Македонија нужни за секое семејство, но имало и претпријатија што произедувале платна за продажба и за извоз во др. околини." ( Влахов - Мемоари )

• За родниот град Кукуш , ште во Воведот од своите Мемоари ,Влахов вели :
• Кукуш е “ еден од малкуте градови во Македонија, што благодарение на своето компактно население, можел да игра значајна улога во делото на преродбата на македонскиот народ.“
• Ќе продолжи со тоа дека токму тој град дал поети како Смирненски, писатели како Георги Тишинов, воени писатели како Дарвингов, но и основопложници на револуционерното македонско дело како Гоце Делчев.
• Кукуш никогаш не бил грчки иако денес со силата на неправедливоста е во Грција. Напротив во минатото најсилниот отпор на грцизмот пропагиран од Грција и Патријаршијата, токму Кукуш го дава.
• Се случува и интерсен момент за кој ни говори Влахов во својот Предговор од Мемоарите а за родниот Кукуш и обидот за Грцизирање. Имено кога десетина Грци опседнати од силен грчки национализам се населени од Патријаршијата и грчката држава со цел да го грцизираат Кукуш преку своите пропаганди и пари, самите се претопуваат во компактниот македонски народ. И токму нивните плодови на мешањето – потомствата, подоцна се чувствуваат никако поинаку освен како – “Македонци”, наместо очекуваниот да ги направт другите – “Грци”.
• Кукуш e бастион на македонскиот народ и неговата ревлуционерна борба, ликвидирани се на се 5-6 поалчни луѓе додека од останатите, по тоа турските власти не можеле да знаат ништо што работи организацијата. Секој граѓанин на Кукуш е во борбата на организацијата како што сведочи Влахов ( “за време на револуционерните борби ,можеше да му се довери скоро на секој жител на тој град”).
• Во однос пропагандистите на соседите за Кукуш , Влахов ќе рече во своите Мемоари :

“ Кукуш е еден од малкуте градови во Македонија каде што не успеа да проникне, наспроти изобилното злато со кое располагаа агентите на соседните Балкански држави , НИТУ ВЕЛИКОГРЧКАТА, НИТУ ВЕЛИКОСРПСКАТА, НИТУ ВЕЛИКОБУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА. НАПРОТИВ со својата упорност граѓаните на тој град успеаја да привлечат на своја страна, за време на конституциониот режим во Турција дури и турски елементи,..“


• За неомразата кон другите народи но само сопствената гола одбрана на Кукушани, Влахов дава и друг белег па вели :

“ Уште едн белег кој го карактеризира македонскотот население во тој град е дека Македонците од Кукуш не беа ниту шовинисти, ниту националисти; кај нив немаше омраза кон се што не е македонско, макар што за време на Првата Балканска војна се допуштија во некои места екцеси спрема турското население. Тоа се должеше исклучиво на подбуцнувањето од емисарите на великобугаризмот, кои ползувајќи ги успесите што ги имаа сојузниците, и специјално Бугарите, за време на војната против турското господство, пројавија садизам кој го извалка славното име по кое беше познат овој град и ја компромитира толерантноста што беше една од важните пројави во општествениот живот на граѓаните. Тие не се водушевуваа од никаков антисемитизам или јудофобство кои, меѓу другото им беа совршено туѓи, од никаква омраза против самиот грчки народ чии што претставители дури и живееја и работеа во Кукуш како лекари и аптекари, ниту против Србите или србоманите, што се беа јавиле во градот за да создадат во тој компактен македонски град великосрпската пропаганда, ниту против великобугарската доколку можеа да се сретнат во градот и во неговата околија.“

- По ова ќе каже и за другите дејности од кои живеел градот.Па вели:

“.. Освен тоа , во Кукуш имаше неколку работилници за растително масло ( шаралагалџилници ), кои произведуваа шаралаган за храна на населението и ќуспе за храна на добитокот . Тој шаралган се произведувал од сусам чија култура беше доста развиена во Кукуш и која успеваше благодарение на климатските услови во реонот. А кога немаше доволно сусам, тоа растително масло се произведуваше од афионово семе што се доставуваше од др. места : Тиквеш , Велес и др.

Кукушкиот реон главно е полско место. Земјата е многу плодна и многу погодна за житни растенија. Во Кукуш се произведуваше жито повеќе од што беше нужно за исхрана на населението, и тоа првокласно жито, сатка, јачмен, овес, а помалку и пченка. Главната храна беше леб од пченица, а од пченка се приготвуваа разни погачи, кои беа, помнам, нешто како деликатес за нас, особено кога во тие погачи се ставаше сирење и малсо.
Кукуш беше пазарен центар за житни храни. Помнам дека имаше неколку души големи трговци кои секој пазарен ден, четврток , ги отвараа своите магази и купуваа од пазарот храни, главно пченица, што селаните ги изнесуваа на пазар. Тие храни беа извезувани во Солун и оттаму препраќани во Марсеј , откаде што се внесуваа освен редица колонијални манифактурни стоки ( манифактурните стоки се добиваа главно од Англија, а колонијалните стоки : шеќер, кафе, ориз – извесен ориз се добиваше од Струмица, а населението го претпочиташе Струмичкиот ориз пред тој внесуван преку Марсеј од југоисточна Азија), исто така и железнички стоки, добивани преки Марсеј, дури од Шведска ( шведско меко железо)
Ние добивавме , на пример, во Кукуш од Марсеј сапун, разни миродии, стакларија, сол, вреќи,зобови,од кои ред години се приготвуваа вреќеи, а совен тоа и суви смокви, суво грозје, урми, лопати, паламари, српови, сенки, сламени шапки со кои се служеа жетварите.“

- И пак Влахов во своојот опис на Кукуш се задржува на работилниците за масло или шаралаган како се викало тогаш, по кој овој град изгледа особено бил познат во она време. За сето тоа продолжува :

“ .. Подоцна шаралаганџиниците останаа да суштествуваат, меѓутоа, производството им се намалуваше, затоа што наместо шаралаган луѓето почнаа да консумираат и зејтин, а се внесуваше преку Солун од Егејските острови. Тука се внесуваа уште портокали и лимуни кои беа евтини, но сепак , поради слабата заработка на населението, не му беа достапни за тоа население
Сопствениците на шаралганџилниците постепено стануваа индустријалци, строеја парни мелници во кои произведуваа секаков вид брашни производи. Некои од тие фабрики имаа свои филијали во Солун и таму ги пласираа своите производи.“

За развојот на другото полјоделство во Кукушко и осбено лозарството, Влахов продолжува :
“ Лозарството во Кукуш не беше слабо развиено. Повеќето луѓе имаа и по малку лозје од кое добиваа грозје за консумација и за вино. А освен тоа , во самиот реон, во месноста наречена Чарлан , каде што живееја главно Турци – Јуруци, преселени од Коња, се произведуваше многу убаво слатко бело грозје , кое го преплавуваше и пазарот во Кукуш.Тоа беше предимно десертно грозје за јадење , а не за производство на вино.“

- И продолжувајќи со последиците од вака големото одгледување на лозови насади а кои се рефлектирале во големото количество алкохол и бакалници низ градот, влахов продолжува :

“ Aлкохолизмот се разви и зеде размери што го застрашуваа здравјето а и животот на тие луѓе и на нивните семејства . По тоа време се јави меѓу нас, младинците, движење за борба против пијанството, почнаа да се држат беседи за штетното влијание на ракијата и виното, за да може да се отстрани тоа зло што, особено за време на дејноста револуционерната организација, ги изложуваше на опасност луѓето на организацијата, а и самата организација. Но, беше веќе доцна. Нашите проповеди не дадоа големи резултати, и ние видовме какви последици имаше злоупотребата од пиењето. “

- Понатаму Влахов , продолжува со другите економии, производства и трговии на градот, па вели :

“ Освен тоа, во Кукуш беше развиено и бубарството. Во градот имаше доста црници и многу куќи се занимаваа со одгледување на бубу. Бубиното семе се добиваше главно од Европа. Количеството на произведени кожурци се продаваше и имаше трговци кои специјално се занимаваа со откупување на кожурците кои ги препраќаа во Солун и понатаму во фабриките за свила во странство. Добиената свила од кукушките кожурци беше една од најдоброквалитетните и бела и жолта, и имаше релативно добра цена.
Плодови во Кукуш се произведуваа слабо, а зеленчуци во достатно количество. Имаше една бавча во самиот град и една вон од градот, кои го снабдуваа кукушкиот пазар со достатно количество зеленчуци кои се продаваа по многу ниски цени. Да одбележам дека компири во Кукуш не се произведуваа, а се внесуваа од Марсеј и компирот беше луксузен артикал. “


- За сточарството како друга сопанска гранка во Кукуш и кукушко, Влахов пак ќе продолжи :

“ Сточарството не беше особено развиено. Имаше главно крупен добиток, крави, биволи, малку овци и кози. Но, во околијата , во некои места овчарството беше доста развиено. Летно време овците се испраќаа на летување кон Малешевско, а зимно време остануваа во Кукушко. Свињи не се одгледуваа во Кукуш и воопшто кукушани скоро непознаваа свинско месо. Тоа се продаваше ретко, само за Божиќ, и тоа неделен ден во дворот на црквата. Населението се хранеше со риби и тоа беше еден од главните прехрамбени продукти, внесуван од Дојранско и Арџинско Езеро.“
- За занетчиството и неговото учество економскиот живот на Кукуш, Влахов ќе каже :


“ Во Кукуш занаетчиството беше доста развиено. Поголем број од жителите на градот се занимаваа со занаетчиство. Но некои занаети постепено исчезнуваа.
Турците се занимаваа со некои од овие занаети : сарачи, налбати, бербери , кафеџии, Циганите со производство на клинци, плочи и разни решета и сита, а нашите Македонци со останатите занаети : ковачи, чевлари, папуџии, шивачи, туфекчии, бербери, кафеџии, крчмари, бакали, мануфактуристи, кожувари, самарџии, златари, бакарџии и ред други занаети какви постоеја во Кукуш. “

- Kонкретно за трговијата и индустријата на Кукуш, Влахов пак ќе продолжи :


“ Трговијата беше, како едрата, така и ситната, исклучиво во рацете на Македонците. Во Кукуш имаше над 3 000 куќи и 850 дуќани. Пред 60-70 години ( бидејќи Мемоарите се пишувани 1952 г., ов значи се мисли за периодот на 1880-90 год. – з.н ) занаетчиите имаа достатен приход да преживеат.
Домашната индустрија беше слабо развиена. Таа била развиена пред 70-80 години, а после не беше развиена. Напротив , во Кукуш се внесуваа производи за домашна индустрија од други места. А подоцна, кога под влијанието на конкуренцијата што ја правеа стоките внесувани од европските индустриски земји, како стоки поубави и попривлечни и поевтини, многу од занаетчиите го напуштија Кукуш и се преселија во Солун каде имаше повеќе работа и можеше да живеат про подобри услови.
Благодарение на близината на Солун, кукушани лесно се решаваа да се преселат во Солун и да се настанат таму. По тој начин голем дел од македонското население во Солун беше од Кукуш. “

- По овој вака исцрпен опис на трговско економските и социјални услови во Кукуш, Влахов продолжува со конкретизирање на конкретната состојба на македонскиот народ во Кукуш во однос ропско –пропагандните патешествија истурени врз плеќите на наехговите сограѓани. Почнува со училишната дејност која и разбирливо е најзлоупотребуваната од страна на туѓинските пропаганди. Така за ова тој вели :

“ Што се однесува до учебното дело на Кукуш, може да се каже дека тоа беше на значајна висина во споредба со многу центри на Македонија. Кукуш имаше едно трикласно мешано училиште и две основни училишта за Македонците, и едно трикласно и едно основно за Македонците – унијати. Турците имаа едно религиозно училиште при една од своите џамии каде се учеа децата да знаат да читаат и главно го изучуваа стихови од коранот на арапски јазик. Циганите во Кукуш беа муслимани и не посетуваа никакво училиште.
Во Кукуш имало отворено училиште уште кон 1840 год. Пред да биде основано народното општинско училиште , пред повеќе од еден век, имало приватни училишта при некои одделни интелигентни, кукушани, кои биле посетувани од момчиња и момичиња.“

- По овa Влахов оди конкретно на секоја училишна туѓинска пропаганда во Кукуш , објаснувајќи од кога, како работела и колкаво и било вистинското влијание врз македонскиот народ од Кукуш. За ова вели :

“ Грчки училишта во Кукуш немало, наспроти обидот на грчките шовинисти од Солун да отворат во домот на грчкиот свештеник ( кој немаше никакви еноријаши ) училиште на грчки јазик и затоа што никој не сакал да посетува грчко училиште, такво училиште не беше отворено .
Српско училиште никогаш немало во Кукуш и кога за прв пат , кон 90-те години на минатиот век се јави некој си Јовановиќ, Црногорец, кој беше добил од турското правителство разрешение да отвори српскоучилиште во Кукуш , тој беше дочекан со чукање на тенеќии и беше изгонет. А подоцна истиот тој Јовановиќ се јави и ги молеше кукушани да му дозволат да остане да живее во Кукуш, а да земе под ќирија една квартира каде ќе подготвува јадење за бедни деца, без да отвара училиште, само да може да живее и да добива плата. Кукушани му одговориле дека штом не води никаква пропаганда може да остане во Кукуш. Тој најмил квартира и готвачка која приготвувала јадења за неколку бедни деца од маалата таму и не отворил никакво српско училиште.“

- И бидејќи овие две пропаганди (српската и грчката) немале законска можност како онаа на Бугарите кои ги добиваат целосните надлежности од страна на Турција, со кои Кукуш и Македонија влегуваат по Бугарската Егзархија, Влахов тука завршува . Ова и за да си остави поголемиот простор за целосна демистификација на бугарската училишна и севкупна пропаганда врз чија подла активност ќе говори низ поголемиот дел од Мемоарите. Затоа преоѓа и на една друга пропаганда која не е од соседите но малку од подалеку а која ја има истата кобна цел – дележ на македонскиот народ и тоа на Христијански верски основи. За ова вели :

“ Кукуш имаше две цркви од кои едната , најголемата, беше на унијатите, макар што тие остануваа два-три процента од целото македонско население, а другата беше на Македонците православни која беше релативно мала. Вон од тие две цркви , на еден рид во Кукуш имаше уште една црква која се викаше Св. Георги и им припаѓаше на унијатите, каде што кукушани одеа при разни религиозни празници на прошетка “

- Со ова Влахов полека не внесува во како што ги вели “културниот живот “ и “ прогресивната интелигенција “ но и преку кои и на жалост туѓите пропагндите заедно со предходните – училиштата, црквите, гостилниците за бедни деца, упорно се обидувале да го придобијат македонскиот народ за свои егоистичко-империјалистички интереси. Така , тој пишува :

“ Неколку збора за културниот живот на Кукуш. Споменав дека пред повеќе од 10 години во Кукуш имало општинсо народно училиште, во кое биле учители Димитар Миладинов, Попов, Христо Батанџиев, еден од основателите на револуционерната организација, Туше Деииванов, исто така еден од основателите на ВМРО, и ред други дејатели кои потоа зедоа најактивно учество во македонското движење.
Кукуш дал и доста прогресивна интелигенција. Овде треба да спомнам дека тоа е град кој прв се откажа од патријаршијата, склучувајќи унија со римскиот папа во 1859 година.“

- По ова Влахов спомнува безброј имиња на Кукушани по потекло од било какво значење за градот и воопшто или се од т.н.р “прогресивна интелигенција” но и дејци чија судбина е со различен подоцнежен тек .Заради прегледност на истите зашто авторот влегува во еден непрегледен низ од настани, личности и попатни случки ,при што некаде и се повторува или пак навраќа на исти и други случки и имиња ,секој спомнат и се што тој спомнува за нив ги даваме во редоследен прецизен низ. Сите останати а што не се Кукушани следуваат во другите прегледи и споменувања :

- Нако Станишев – водач на Унијатското движење во Кукуш. Од љубов кон Русија ги испратил своите синови да учат таму (каде повеќето и останале).
- Милош Станишев – син на Нако Станишев и македонски револуционерен деец завршил право на Универзитетот во Женева.
- Нако Станишев Арапнаков – изработувач на платна и еден од водачите на Унијатското движење во Кукуш
- Христо Станишев - син на Нако Станишев Арапнаков заминува во Бугарија каде е инжинер но и Претседател на Врховниот Комитет во Софија. Инжинерство завршува во Ганд, Белгија.Во Бугарија под дејство на Бугарските пропаганди, пари и функции овој огранок од Станишеви ,се одродуваат и се едни од најдобрите бугарски орудија, толку докажани во тоа , што еден од нив ја доби довербата и стана Премиер на современата Бугарската влада .
- Христо Бучков – Директор на Кукушките училишта а подоцна издавач на македонски весник во Цариград.
- Вано Бучков – Кукушки трговец мануфактурист , предан помагател на Македонската револуционерна организација.
- Гоце Делииванов – виден просветар од Кукуш и подоцнешен задграничен претставник на ВМРО но и брат на револуционерот Туше Делииванов.
- Никола Червен Иванов – фабрикант, завршил хемија во Лајпцинг, подржувач и помагач на организацијата.
- Георги Влахов – лисансие во правото на Универзитетот во Лозана, по враќањето од лозана во 90-те активен учесник во македонското движење на емиграцијата во Бугарија и нејзин делегат на конгресите од с. Бобошево на границата меќу Пиринска Македонија и Бугарија.
- Христо Влахов – еден од основачите на Македонската револуционерна организација, заедно со Гоце Делчев и Туше Делииванов во кукушката околија, раководител на револуционерното движење во текот на 10 години.
- Никола Влахов – активен учесник во револуционерните активности на организацијата. Уште како ученик во последните класови на Солунската Гимназија е фаќан и затваран од турските власти се дури не е испратен во заточение во Мала Азија .
- Христо Тенчев – по завршувањето на наобразбите работи како Гимназиски учител во Солун а подоцна е и Инспектор на училиштата во Македонија.
- Христо Делчев – Завршил Правен факултет во Цариград, долгогодишен учител во Солунската гимназија и адвокат, пратеник во Турскиот Парламент 1908 / 1912 год. од Серскиот округ.
- Христо Г. Тенчев – Прогресивен деец лекар, активен учесник во револуционерната дејност на организацијата .
- Иван Тенчев – аптекар, брат на предходниот Христо Г. Тенчев исто така активен член на организацијата .
- Димитар Тенчев - член на Македонската револуционерна организацијата уште од ученик во Солун и исто така брат на предходните двајца – Христо Г. Тенчев и Иван Тенчев. Завршил стоматологија и работи како хирирг – стоматолг во Њујорк – САД.
- Атанас Јаранов – познат трудбеник и преведувач на училишни помагала и речници особено од француски јазик меѓу другото и за потребите на Егзархиските училишта.
- Димитар Јаранов - син на предходниот Атанас Јаранов инаку познат геолог во Европскиот маштаб.

- Христо Јанков – еден најважните водачи на организацијата, теренец и егзекутор на противниците и пропагандистите против македонскиот народ. Особено заслужен за развојот на организцијата во периодот од 1905 до 1912 год. , кога по негова иницијатива се превземени две крупни акции во Солун. Едната е егзекуцијата на драгоманот на грчкото конзулатство кој пак беше главен организатор на убиствата од видни Македонци од андартите. Ова убиство внело нова силна струја среде македонскиот народ а страв и несигурност кон пропагандистите. Втората акција е организираното убиство на еден од најжестоките и највидни врховисти во Солун – Дамјанов, со што се парализира дејноста и работата на бугарската влада и особено подлите пропагандни злодела насочени кон одродување на македонскиот народ а во нивна бугарска корист. Јанков со сите активности ги неутрлизира пропагандите и тоа во Солун како тогашен центар на Мкаедонија. Христо Јанков е и еден од основачите на ВМРО ( Обединета) и се до нејзиниот крај тој е постојано член на ЦК ВМРО ( Об.). Заедно со Христо Влахов во Ѓурмурџина ја организираат македонската емиграција во Бугарија и низ други политички форми постојано изнаоѓајќи форми како да ја разголи бугарската имеријалистичко грабачка цел особено кон македонскиот народ и земја.
- Христо В,лчев – Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската револуционерна организација.
- Гоце Икономов - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската револуционерна организација.
- Димитар Икономов – хирург- стоматолог од Универзитетот во Женева , како раководител на Македонската револуционерна организација во Штип уапсен и осуден на 6 години затвор од кои повеќе од 3 години поминува во познатата зандана “Куршумли – Ан” во Скопје .
- Иван Икономов – брат на предходниот Димитар Икономов, еден од најактивните и бескопромисни македонски револуционери. Дипломирал инжинерство на Универзитетот во Ганд . - Мицо Галабов - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската револуционерна организација.
- Мирчо Икономов - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската револуционерна организација.
- Насо Садразамов - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската револуционерна организација.
- Ѓорѓо Дупков - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската револуционерна организација.
- Гугушов - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската револуционерна организација.
- Милан Стоилов – член на организацијата, уште како студент на медицина во Санкт Петрбург, талентиран лекар, револуционер и македонски деец. Се враќа во 1903 год. од Русија а на веста за востанието на македонскиот народ и се приклучува на четите во борбите против турските зулумќари. Главно е во четата на Пешо Самарџиев со која оди воТиквешко а загинува во борбите пред да стигне во Кочани.
- Киро Петров – македонски револуционер и деец , бескомпромисен борец против туѓите пропаганди заради и што е ликвидиран во 1924 год. за време атентатите и ликвидациите на непомирливата со бугарските пропаганди и асимилаторски мерки, македонска емиграција . Член е и на најреволуционерниот и цврст Серски округ раководен од Јане Сандански, а како меафриски учител во 1908 год. Киро Петров е на чело од групата македонски револуционери и настрада во ликвидации порачани од бугарската влада и националистички интереси. Убиен е од Хаџи Кимова.
- Насо Стоилов – аптекар и брат на Милан Стоилов ,член на групата револуционери околу Киро Петров и тој како и Петров е меафриски учител во 1908 год. во Серскиот револуционерен округ.
- Туше Калев - член на групата револуционери околу Киро Петров и тој како и Петров е меафриски учител во 1908 год. во Серскиот револуционерен округ.
- Иван Манолов – филолог, македонски деец и долгогодишен учител во Македонија
- Христо Смирненски – посебно талентиран македонски писател и поет подоцна и под дејство на социјалистичките тогашни струи во литературата. Заради ова во време на социјализмот во СФР Југославија, неговата поетска величина посебно ќе биде издигана, па не случајно и Влахов во Мемоарите го нарекува “најголем македонски пролетерски поет и пиосател “.
- Георги Тишинов – македонски писател кој уште во 90-те на XIX век го пишува романот “Пролетни бури“, и кому Влахов исто му оддава посебно високо место на вонвременски талентираните прогресивни творци.
- Иван Јанев – прогресивен деец уште од формирањето на ТМОРО кој на ЦК ТМОРО 1894 год. и предава 500 турски лири доброволно собрани од Кукушките дејци што дури и Татарчев го признава и сведочи, како тогашен член на ЦК ТМОРО.
- Никола Јанев
– син на Иван Јанев и прогресивен деец на Македонската револуционерна организација.
- Димитар Кушовалиев – еден од првите македонски дејци кој во скоро ослободеното од Руските трупи кнежество Бугарија оди на воена обука и наобразби за идното македонско востание, но и каде останува како офицер.

- Гоце Делчев – идеологот на Македонската револуција , бесмртниот борец на македонскиот народ. Главниот мозок на сите акции и активности и теренски организатор ширум цела Македонија на револуционерната организација. Загинува во борба на 04.05.1903 год. во Баница , Серско .
- Мицо Делчев – брат на Гоце Делчев и член на револуционерната организација. Загинува во борба уште во 1900 год. кај с. Бајалци Гевгелиско во четата на Христо Чернопеев.
- Милан Делчев – помал брат на Гоце Делчев, исто како и браќата вклучен во револуционерните активности на организацијата, како и тие и тој го полага животот на олтарот на татковината за време на Илинденското востание.
- Ружа Делчева – најстарата сестра на Гоце Делчев која игра голема роља во револуционерната организација и активности и ја дава најмилата жртва -синот Тодор Чопов исто така македонски беспрекорен револуционер кој е подло убиен од бугарските продолжени раце токму заради непомирливоста во борбениот самостоен пат на македонскиот народ. Но и помалиот син е во истата борба и револуција задоен со истите идеи и свест тоа е -Туше Чопов.
- Гоце Бојаџиев – предан член на револуционерната организација. Загинува во борба уште во 1900 год. кај с. Бајалци Гевгелиско во четата на Христо Чернопеев.
- Мицо Самарџиев - член на револуционерната организација. Загинува во борба уште во 1900 год. кај с. Бајалци Гевгелиско во четата на Христо Чернопеев.

  И по сите овие набројани Кукушани според Димитар Влахов никој не мрднал ни педа од својата македонска борба и дело а со тоа и македонска национална свест , зашто како што кажува немале упех ниту грчката ниту бугарската пропаганда. Спомнува такви накрајот – само двајца, и тоа во следната реченица :
   “ Само двајца издајници ,Анго Попов и Др. Константин Станишев, беа отишле на лагерот на великобугаризмот , а во лагерот на великобугаризмот и великогрцизмот не се најде ниту еден кукушанец. “

Покрај овие родум Кукушани (и кукушко), во градот работат многу други македонски дејци ,револуционери но и интелектуалци и од други соседни земји. Такви се :

- Георги Варналиев – Македонски револуционер и просветен деец кој во Кукуш и кукушко активно делува и работи a е родум од Велес.
- Христо Стојанов - Македонски револуционер и деец родум од Гевгелиско активно делува и работи во Кукуш и кукушко .
- Христо Чернопеев – родум од Беслатинско работи во Кукуш и кукушко.
- Крсто Асенов – родум од Сливен работи во Кукуш и кукушко.
- Михаил Герџиков – родум од Пловдив работи во Кукуш и др.

За својот роден град Влахов на крајот од ова редење на имиња и настани, ќе рече :

“ За време на Втората балканска војна, кога грчката солдатеска ги насочи своите удари на Кукуш , таа сакаше да не останат никакви траги од тој град – херој. Со исклучок на два тутунски склада , сопственост на странаки компании, зградите на една католичка конгрегација на лазаристите, во која впрочем , најдоа убежиште од јатаганите на грчките андарти многу стари кукушани и кукушанки, кои не можеа да бегаат, и едн апарна мелница што се наоѓаше на крајот од градот и која беше спасена благодарение на околноста што еден од работниците беше Грк по националност, целиот град беше изгорен од грчката солдатеска . Грчките шовинисти го сметаа ова нивно дело за некаква голема заслуга, затоа и крстија еден од своите параброди со име Килкиш и изградија нов град Кукуш во правец кон станицата, во кој град ги преселија избеганите гркомани од Струмица и грчки бегалци од Кавказ. “

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4387 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

понеделник, 05 декември 2016
Моментно посетители: 414

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонскиот антички штит бил дрвен
--------------------------------
 Кои се Даките?
--------------------------------
 Македонското вилино ракче, единствено во светот
--------------------------------
 Антите како Словени
--------------------------------
 Св. Лука апостол и евангелист
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: