Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Судбината на Егејска Македонија
РЕПЕРКУСИИТЕ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ (1912-1913)
Сподели на Facebook

По Првата балканаска војна која бешеобјавена на 4(17), односно 5(18) октомври 1912 година, сојузничките војски: српската, бугарската, грчкатѕа и црногорската, им нанасеоа тешки агуби на турската војска ,

поради што Турција беше приморана да побара примирје (4 декември 1912 година). Војната со Турција правно беше заврпена со потпишувањето на Лондонскиот мировен договор на 17(30) мај 1913 година , со кој територијалнито дел од европска Турција им се отстапуваше на сојузниците, без притоа да се одредат нивните граници. Поради тоа, а главно поради меѓусебните несогласувања која од нив да задржи и зазме поголем дел од новоослободените македонски територии дојде до Втората балканска војна, која наскоро заврши со целосен пораз на Бугарија.1

Треба да се напомене дека сојузничките војски својата меѓусебна нетрпеливост и своите ненаситни аспирации ги покажуваа уште во текот на Првата балканска војна, во која најмногу страдаа турското и другото муслиманско население во Македонија. Од сојузничките војски беа убиени илјадници муслимани, чии блага беа опљачкани, куќите запалени, а се палеа и цели села па дури и цели елови од градовите што беа населени со муслимани2.

Но на окупираните територии во текот на Првата балканска војна не настрада само муслиманското население, иако тоа претрпе најголеми загуби. Спроведувајќи ги доследно своите империјалистички планови во Македонија, новите окупаторски војски и власти пристапија кон малтретирање и на она христијанско население кое според нивните калкулации и мислења не се чуствуваше за нивно3.

Втората балканска војна која с епокажа многу посвирепа, а која избувна на 29 јули 1913 година, најскапо ја плати македонскиот народ. Во оваа војна, особено од страна на грчките војски беа заклани илјадници невини Македонци, од кои поголемиот број жени и деца, посебно во Кукушко и Валовишко каде што се водеа воените операции. Исто така беа запалени и разурнати десетици македонски села и убавиот македонски град Кукуш. Еднакво свирепи спрема грчкото население посебно во градовите Серес и Доксат се покажаа и бугарските војски.4

Како последница нд двете балкански вони Бугарија на својата територија доби оклу 112 000 бегалци од кои околу 50 000 Македонци, од нив 30 000 од Егејска Македонија5.

Грција пак на својата нова територија оби 157 000 бегалци од кои голем број Турци, а помал број на Грци, Македонци патријаршисти и Власи. 6

Меѓутоа и покрај фактот што во Втората балканска војна поради споменатите свирепости, Македонците беа значително разредени во некои околии (Кукуш, Валовишта. Серес и др.), тие и натаму останаа главната народност во Егејска Македонија, а во апсолутно мнозинство во пограничните области во Вардарска Македонија која беше во склопот на Србија и со Бугарија.

Таквата состојба и од далеку не можеше да ги задоволи грчките планови кои се состоеја во тоа оваа богата и дотогаш негрчка област, да се еленизира. Тоа можеше да се постигне единствено со присилно населување или асимилирање на Македонците и со присилно иселување на турското и другото муслиманско население од една страа, и со населување на грчко население или население со грчки чуства од Кавказ, Мала Азија и други области од друга страна.

Поради тоа веднаш по склученото примирје, врз Македонците и Турците бил извршен силен притисок , да се иселат од грчката држава. Таквиот притисок принудил и извесен број македонски семејства да се иселат во Бугарија и Србија (поточно во Вардарска Македонија која се наоѓала во нејзиниот состав), а се јавило и засилено иселување во прекуокеанските земји.7

 

1Букурешки мир, Београд 1914; Д-р Петар Стојанов, Македонија во времето на балканските и Првата светска вона (1912-1918), Скопје, страна 58-63

2 Анкета на Балканите, Докладъ на Карнегиевата комисия по войните през 1912-1913 година, София 1914, страна 2 и 137

3 Анкета на Балканите .... страна 132

4 Анкета на Балканите .... страна 10-29; Д-ръ Л. Милетичъ, Граъцките жестокости въ Македония през гръцко-българската война, София 1913, страна 39-41 и 57-73

5 Анкета на Балканите .... страна 185; Список - таблица за бегалското население во Бугарија по години и место на потекло од 1924 година. Овој список се наоѓа во фондот „Молоф“, кој се чува во Народната библиотека во софија. Фотокопија во личната архива на авторот.

6 Анкета на Балканите .... страна 184

7 Анкета на Балканите ....; Архив на Македонија, Фонд на Македонскиот национален комитет – Софија. Во овој фонд постои вонредно богата документација во врска со овој проблем.

 

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5332 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 89

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Први зоолошки истражувања во Македонија
--------------------------------
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
 Македонците и воената кола, двоколка
--------------------------------
 Македонското вилино ракче, единствено во светот
--------------------------------
 Крстот на кој е распнат Исус, низ Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: