Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Судбината на Егејска Македонија
Егејска Македонија
Сподели на Facebook

Како последница од Балканските војни (1912-1913) и Букурешкиот мировен договор од 28 јули (10 август) 1013 година, санкциониран од Нејскиот мировен договор од 14/27 ноември 1919 година...

и од Северскиот мировен договор од 28 јули (10 август) 1920 година, Македонија беше поделенеа меѓу трите балкански држави Србија, Грција и Бугарија1.

Делот што подпадна под Грција и оттогаш претставува составен дел од грчката држава опфаќа површина од 33 953 км2 од вкупно 66 474 км2 колку што има цела Македонија 2.Со вклучувањето на Егејска Македонија во нејзиниот состав како и на другите територии добиени во и по балканските војни територијата на рција се зголеми, а со тоа се здоби и со државни граници спрема СХС и Бугарија, иако тие не се ниту природни ниту етнички граници спрема овие две држави.

Од вкупно 2 000 000 жиели, колку што броеше Македонија пред нејзината поделба, повеќето од половината. Односно 1 163 477 жители живееа во Егејска Македонија4.

Националниот остав на нејзиното население кое , како последица од петовековното османлиско владеење претрпе сериозни етнички измени, во предвечерието на балканските војни беше следниов: Македонци христијани 326 000, Македонци муслимани 41 000, Турци 295 000, Гри христијани 240 000, Грци муслимани 14 000, Власи христијани 46 000, Власи муслимани 3 500, Албанци хрисијани и муслимани 9 000, Евреи 60 000, Роми 30 000, а преостанатиот број беа жители од други народности5.

Немаме намера да навлегуваме во историјатот на националнот состав ма Егејска Македонија од порано, но секако заслужува да се подвлече и тоа дека пред доагањето на Турците , во овој дел доминираше македонското население и дека, и покрај честите војни во минатото , кои носеа пустош, разорнување и миграции, Македонците сепакостанаа главна националност во Егејска Македонија.

Но тоа што не можеше да се случи во минатото, за период подолг од 5 векови, се случи за релативно кратко време во периодот после балканските војни, во кои настанаа такви крупни миграции и етнички измени во Егејска Македонија, кои имаа несогледливи последници за македонскиот народ во целина.

Со подлелбата на Македонија меѓу трите соседни држави, на македонскиот народ, кој дотогаш упорно се бореше за својата национална слобода, му се нанесе голема историска неправда. Единствена негова алтернатива остана натамошната борбакоја овој пат, поради новите околности, станува далеку посложена и потешка.Освен тоа со оваа поделба покрај сите други реперкусии, Македонците од трите дела на Македонија беа подложени на асимилаторска тортура и присилни имиграции, со единствена цел да се измени етничкиот состав на Македонија. Таквите настојувања предизвикаа последици кои пред се се изразија и се изразуваат во менивањето на националната структура на Егејска Македонија на штета на Македонците.

Во таквата политика на соседна Грција и помогнаа, главно и неколку историски настан, кои пак, таа ги искористи за свои цели. Тоа сеЧ

  1. Првата и Втората балканска војна од 1912-1913 година;

  2. Првата светска војна 1914-1918 година;

  3. Грчко-Турската војна од 1919-1922 година и Лозанската конвенција од 1923 година;

  4. Втората светска војна и Граѓансата војна во Грција од 1940-1949 година;

  5. Политиката што с еприменува во Граѓанската војна во Грција, рафинирана но еднакво перфидна и денационализаторска за Македонците од Егејска Македонија;

 

1 Историја на македонскиот народ, Книга втора, Скопје 1969 г. страна 376-378. Еден помал дел од Македонија остана во рамките на новата албанска држава. КОн овој дел од 1923 година се приклучи и дел од територијата на Мала преспа и понајуг со вкупно 14 села кои од 1913-1923 година се наоѓаа во рамките на грчката држава. Тоа се: Верник, Заградец, Видова, Капешница и Трстеник кои дотогаш влегуваа во состав на Костурската околија и Глобочани Горна и Долна Горица, Туменец, Церје, Шулин, Пустец, Леска и Зрноско, кои дотогаш влегуваа во состав на Леринската околија.

2 Историја на македонскиот народ, Книга трета страна 7 и 170; 

Во врска со површината на Егејска Македонија грчките статистики не дават секогаш исти бројки. Тоа се должи на честите административни промени во кои некои наслеби кои граничат со Епир и Тесалија ако Денско (Аетомилица) Лептокарија и некои други, некогаш административно и припаѓаат на Македонија, а некогаш на Епир и Тесалија. Со наредба на грчката влада од 21 ноември 1923 година, објавена во Владиниот весник бр. 349 од 3 декември истата година, повеќе од 20 села се одвоени од Драмска и се приклучени кон новоформираната околкија санти. Овие села со вкупна површина од 300 км2, им припаѓаа на тогашните општини Ени Ќој, Козлуџа и Сарнич.

4 грчки букви

5Васил Кьичов, Македония, Етнография и стаистика, София 1900; Тодор Симовски , алканските војни и нивните реперкусии врз етничаката положба на Егејска Македонија, Гласник ИНИ, година XVI, број 2, Скопје 1972, страна 62

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5443 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 6

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонци – прогласени за херои на Нирнберг
--------------------------------
 Први истражувања на флората во Македонија
--------------------------------
 Најстариот кадар од македонската Филмска уметност
--------------------------------
 Св. Стефан патријарх Цариградски
--------------------------------
 Описи за набивање на колец
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: