Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Меѓународни извештаи - Карнегиева комисија
Конфликтот меѓу сојузниците
Сподели на Facebook

Авторот почнува со моментите на конфликт меѓу сојузниците низ опширна анализа. За Македонија и окупацијата, за окупатори ги смета – Србите и Грците, додека за Бугарите мудро премолчува дури напротив не ги смета за такви, за што вели:

- “..Ние ја наоѓаме оваа борба во Mакедонија од првите денови на СРПСКАТА И ГРЧКАТА ОКУПАЦИЈА натаму (Бугарската ?!– з.н). Отпрвин владеела општа радост и изблик на народна благодарност спрема ослободителите...“

- И наместо да каже за бугарската окупација на Пирин и Одрин, авторот со нови магли. Пренесува пишувања на некаков“бугарски весник – Б`лгарин“ од Солун, како нешто многу релевантно (само не кажува по што), толку што и “ненаметливо” му го наметнува на читателот.

- Јасно е - читателот на “независниов Извештај“, треба да се убеди дека штом пишува “бугарскиот” весник “Б`лгарин“од Солун – Македонија, а против окупаторите – Србите и Грците, тогаш народот во Македонија мора да е“Б,лгарски“(?!). Но паднал во сопствената стапица и неубедливост, имено тој вели:

- “Српскиот војник, како Гркот, беше цврсто убеден дека во Македонија ќе најде свои сограѓани, луѓе што го зборуваат неговиот јазик, што ќе му се обраќаат со ЖИВЕО или ЗИТО….Теоријата која ја учел уште како млад за српска Македонија и за грчка Македонија природно страдала; но неговата патриотска убеденост дека Македонецот мора да стане Грк или Србин, ако веќе не станал, останува негибната.“

- И сето до овде е точно но – до овде, до каде се ограничил и себе и читателот зашто се ова во потполност важи и за Бугаринот – војник окупатор на Македонија. И тој како Србинот и Гркот “како млад учел теорија” но за “Бугарска Македонија” (предходните за- “Грчка“ и “Српска“). И за да се дозакопа целосно во своето бугарофилство авторот продолжил со еден нејасен дури и глупав заклучок:

- “Само бугарските агитатори и пропагандисти ја внесувале во населението идејата дека тоа е бугарско .“(?! – з.н).

- ШТО КАЖА АВТОРОВ ?... Каква идеја може да внесуваат бугарските пропагандистри освен бугарската и по што при тоа се разликуваат од грчките и српските ?! – з.н) .“

- И за да си (ни) ја разјасни оваа своја збрка, авторот уште толку се дозаплеткал што дури по тоа на некој неупатен во Балканските прилики, ништо не му е јасно. Имено разјаснувајќи ја Српско-Грчката злосторничко пропагандна мисија и работа во Македонија и меѓу македонскиот народ, за Бугарија и Бугарите - молчи .

- Уште повеќе без никакви факти кои би му ги поткрепиле тезите лепи етикети –“бугарско население“, нешто што го прави и било кој друг Српски или Грчки пропагандист кога за истиот македонски народ вели -“српско население“, “грчко население“. Дека му се сплетуваат тезите се гледа и од самите реченици:

- “Многу полесно било за еден Србин или Грк да ги открие сите тие злосторнички патриоти одошто било тоа за турските власти, под апсолутистичкиот режим да го сторат тоа. Начините за будење на националната свест им биле многу подобро познати на Грците и на Србите, прво бидејќи тие биле навикнати да ги користат во своето сопствено дело. Свештеници, учители, групи постоеле меѓу Грците и Србите, како и меѓу Бугарите.“

- Но по ова пак залетува во бугарски води кажувајќи што павиле Србите и Грците, додека за Бугарите премолчува. Дури и од тие примери на тепани свештеници и епископи може јасно да се согледа дека на Македонците свештеници тепани од Србите, еднакво им се далечни и Бугарите. Имено Србите ако свештеничкиот елемент не им е наклонет, веднаш го протерувале или притискале да замине во Бугарија, но овие свештеници и по цена на мачења и тепања не сакале да заминат ниту кај Бугарите. За ова авторот вели:

- “..Меѓутоа оваа министерска наредба не го спречила локалниот Управник на Велес, неколку недели подоцна (24 јануари / 6 февруари) да му забрани на Неофит да држи служба и собири во својата епископија, да се гледа со свештеници надвор од црквата или да оддржува врска со селата. Бидејќи епископот одбил да ги прифати прикриените навестувања што му биле давани да замине за Бугарија, на крајот бил испратен офицер во неговиот дом придружуван од војници, кој ја зел неговата куќа откога тајно го тепал. На истиот начин Козма, епископ од Дебар, бил принуден да го напушти своето седиште и да замине од градот. Во Скопје било дури и полошо. Таму оној што ја држел Епископијата, архимандритот Методиј, бил првин исфрлен од куќата, земен со сила, затворен во една соба и тепан од четворица војници додека изгубил свест (08/21 април).Исфрлен на улица, Методиј избегал во една соседна куќа, во која живеел некој Французин кој му раскажал за настанот на г. Карлие францускиот конзул во Скопје.“.

- Методиј по ова под заштита на конзулот заминува во Солун каде го прегледале странски лекари на 15/28 април и нашле дека неговото искажување е “сосема веројатно”. Но во Солун за него веќе нема работа, таму пак е трета уште пожестока војска и пропаганда – грчката.

- Да е поуверлив за српската пропагандна мисија преку свештенството во Македонија, авторот дава некоја формуларна изјава која свештениците по селата и нивните паства морале да ја испратат до г. Виркентиј, Српскиот Митрополит во Скопје, со која се одрекувале од наметнатата Бугарштина а се враќаат во старата “Српштината”. За ова и ни дава наводна изјава на епископот Неофит за српските тортури кон “бугарските села” и тоа му го рекол на својот “прогонувач”, а само авторот знае кому, каде и кога (?!) .

- Ништо не дава што би ја поткрепило веродостојноста на наводно изреченото а инаку е многу сака да цитира, лица, слики, сведоштва но кога се работи за Српска или Грчка пропаганда, обратно пак кога се бугарите во прашање и нивната пропагнда – доволно е и на вакви рекла-казала работи да веруваме (?!)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5009 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 29

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најстариот пајтон во Македонија – 150 години
--------------------------------
 Св. вел. мч. Анастасија Узорешителница и др со неа
--------------------------------
 Дијад - најгенијалниот инженер на Александар
--------------------------------
 Деветте Музи се од Македонија.
--------------------------------
 Абодрити, словенско племе во Дакија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: