Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7120
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Меѓународни извештаи - Карнегиева комисија
Сојузот и договорите
Сподели на Facebook

Најчестиот и најприроден предлаган пристап за решавање на Македонското прашање пред Балканските војни, е пристап кој ни Милјуков не може да го скрие, но и го прави нереален заради др. околности. Тој вели:

“НАЈПРИРОДНО РЕШЕНИЕ за Балканската збрка се чинеше дека Е СОЗДАВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА НА НОВА АВТОНОМНА ИЛИ НЕЗАВИСНА ЕДИНИЦА (з.н), заедно со другите единици остварени во Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора, сите тие земји кои порано беа ослободени благодарејќи на Руска или Европска интервенција.“

- За антагонизмите на балканските државички кои со комплекс на“мали” за да станат“Големи” (на сметка од Македонија), вели:

- “Овие гледишта за наследството на“Болниот човек” и за осватрување на “големите национални идеали“во форма на “Голема“ Србија, “Голема“ Грција или „Голема“ Бугарија го правеа невозможно секое заедничко дејствување од страна на овие мали држави за нивните заеднички цели.“

- За превртливоста и додворувања да дојдат до целта, вели:

- “Сите им се додворуваа на Русија или на Австрија, по ред, понекогаш дури двајца едновремено, прво едниот па другиот, со гледиште спротивно на своите соседи и обезбедувајќи изгледи за хегемонија на својата сопствена земја“.

- За Големите сили, Австрија и Русија на ова додворување:

- “Русија и Австрија, од своја страна, природно ги гонеа сопствените интереси на Балканот, - интереси кои никако не беа идентични.“

- Со Руската интересна сфера на Балканот, интересни се и анализите за Австрија и Србија. И пак кај Милјуков НЕ ПОСТОЈАТ ХРВАТИТЕ зашто според него ТИЕ СЕ – СРБИ (?!) што се огледа во следното:

- “ Австриската политика исто така имаше свои договори склучени за да му парира на Руското влечење во форма на тајни договори склучени од 1881 и 1889 год., направени со крал Милан – Српскиот крал – кому од своја страна му ја ветуваше Вардарската рамнина и западниот дел на Македонија, под услов Србија да ги повлече своите намери за Јадран, своите“пансрпски“тенденции, т.е., да се согласи со анексија на Санџакот Босна и Херцеговина и конечно ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ШТО ЗБОРУВААТ СРПСКИ, ДУРИ ДО ЗАГРЕБ (?! – з.н)“

- За идејата - Јужнословенска федерација, сите се добитници за Милјуков, освен Бугарите (?!), Србите постојано добивале туѓи територии а Бугарите ги губеле, неправедно (?!). Епитафот на гробот од убиениот српски кнез Михајло од 1868 г. –“Твојата мисла нема да исчезне”, за него е мисла која станала уште посложена и подеструктивна.

- Ја дава и мислата на Љ.Каравелов за бугарско единство како праведна и потребна. Бугарофилството кај Милјуков уште повеќе се согледува кога веднаш по ова анализирајќи ја Англиската политика кон Балканот вели:

- “Англиската одговорност во овие нови компликации и тешкотии ја изнесе војводата од Аргил (и во неговата“Our Responsibility for Turkey”), затоа ние нема потреба да се задржуваме на ударот зададен на идејата за федерација на балканските националности кога Бугарија – една и неделива – според договорот во Сан Стефано, - беше поделена на три со Берлинскиот договор. Целиот тек на настаните што следуваа беше резултат на оваа СЕРИОЗНА ГРЕШКА (з.н). Најнеодамнешните настани лежат тука во никулец.“

- Оваа своја констатација со која се потврдува како бугарофил, Милјуков МУ ЈА НАМЕТНУВА и на читателот на“независниот Извештај од Меѓународната комисија“.

- Лажно УТВРДУВА, ОБВИНУВА, ПРЕСУДУВА и НАМЕТНУВА единствено можно решение – САНСТЕФАНСКА (ГОЛЕМА) БУГАРИЈА, за која вели ЕДНА И НЕДЕЛИВА (демек природна ?!), што е вон секаква историска вистина.

- Го лоцира како СЕРИОЗНА ГРЕШКА Берлинскиот договор, обвинувајќи дека и Балканските војни се од оваа ГРЕШКА –“никулец” (?!). Пишувајќи за Македонија, Милјуков воведува и нова категорија –“ВТОРОСТЕПЕНИ НАЦИОНАЛНОСТИ“(?!), во долгата и конфузна реченица:

- “Повторното обединување кон слободна Бугарија на сеуште вазалната Источна Румелија и, како непосредна последица на тоа, српско-бугарската војна од 1885 год., растечките соперништва меѓу националностите во сеуште потчинета Македонија, НОВАТА ПРОПАГАНДА ЗА ВТОРОСТЕПЕНИ НАЦИОНАЛНОСТИ, изолацијата на Грција во нејзиниот обид од 1879 год.,фетишизмот на статус квото, како што беше ублаженото и подобрено со интригите на Силите, пропаѓањето на дволичниот план за реформа во Македонија во 1907 – 1908 год., интермецото на Турската револуција со нејзиниот неуспех да реши еден нерешлив проблем, потоа големината и опаѓањето на Балканскиот“сојуз” – сите тие беа природни резултати на грешката од Берлин, - грешка која сега секој ја гледа а е немоќен да ја поправи.“

- Со “ВТОРОСТЕПЕНИ НАЦИОНАЛНОСТИ” од Македонија и“НОВАТА ПРОПАГАНДА”, Милјуков крие друго. Другите националности беа познати (Турци, Албанци, Власи,... се до пропагандните “Срби”, “Грци“ и “Бугари”) па јасно е дека авторот мисли на Македонците за кои во тоа време и навистина има барања за нивна самостојност (“новата пропаганда”). Токму силината на барањата, особено од надвор го тераат да се крие зад она –“Второстепени националности”.

- Милјуков потврдува и дека желбата за грабеж на македонските теротории,не е нова. Со Балканскиот сојуз на г. Буршие во неговите статии (Балкански сојуз – Лондонски Тајмс – 4,5,6, 11, 13 јуни), спомнува и за г. Трикупис, кој како грчки министер им предложил на Белград и Софија уште во 1891 год., да си ја поделат Македонија и др. Балкански територии под Турска власт. Со истиот предлог, Грција настапила во 1897 год., кога г. Делијанис ги повторил предлозите на Трикупис.

- Бугарија тогаш го одбива предлогот со образложение кај Милјуков, дека на неа посигурна и е дотогашната политика со Портата за нови концесии во црковно-училишни проширувања одошто несигурна и безизгледна војна.

- Со ова ги загатнува и пропагандните војни во Македонија - Грчко-Романските судири за Власите,Српско-Бугарските но и Грчките за македонскиот народ, Руско-Австриските замешувања и сл. Интересни се Српско-Бугарските договори за Македонија во 1903/4, 1908/9 на кои се надоврзува Грција по 1910/11 год. Постојано некој тактизирал до 1912 год.,за Бугарија пак вели:

- “Подобро Македонија автономна како целост, под турски суверенитет, одошто независност под услов за поделба. –СЕКОГАШ БИЛО ТАКВО БУГАРСКОТО ГЛЕДИШТЕ. Дури во 1910 год. Малинов како што истакнавме, бил повеќе готов да чека одошто да прави отстапки. Така сега Гешов, штом се вратил во Софија, пак решил да одложува. Во декември Миловановиќ го обновил предлогот за сојуз; но по десет дена без одговор, морал да го модифицира својот предлог. Тогаш а не дотогаш бугарската страна се решила за договор. Преговорите траеле целата зима а договорот бил склучен меѓу 29 февруари и 13 март 1912 год.“

- Русија е арбитер на евентуалните спорови во првичниот Српско- Бугарскиот сојуз. Авторот вели дека сепак се ќе падне во вода при “првиот здив на реалноста”. За Грција и сојузот, вели:

- “На Софија и бил признат и втор интерес во Грчко-бугарската спогодба што ја понудил Венизелос во април 1911 год. ОД 1897 год. ГРЧКАТА ВОЈСКА СЕ СМЕТАЛА ЗА РЕЧИСИ“ЗАНЕМАРЛИВО КОЛИЧЕСТВО”, а напредокот постигнат со француската обука одвај бил познат. Но грчката морнарица била потребна за да се пресечат турските комуникации со Анадолија преку Егејско Море и така да се спречи превезувањето на трупи во Македонија.“

- За Бугарскиот есап со предложени нови грчки граници, Милјуков вели:

- “Бидејќи грчката помош не котирала високо во Софија, Бугарите не биле склони да прават жртви, уште повеќе ПОРАДИ ПЛАНОВИТЕ ЗА СОЛУН“

- И бидејќи ни Грците не одстапувале од своите мегаломански граници се договорило она што авторот вака го опишува:

- “Затоа несреќно било решено да се остави војната да го реши тоа прашање, со тајна намера да се биде прв што ќе стаса на саканото место.“

- Ова е клуч на судир меѓу “Сојузниците“, кои новиот сојуз го “бојадисуваат“ со мир:

- “Што се однесува до Сојузот, било решено за“ чисто одбрамбена “база, со ветување“ да не му се даде на договорот никаков вид агресивна тенденција“. Главна цел се чини дека била “мирољубива коегзистенција на различните националности во Турција, врз основа на вистинска и реална политичка еднаквост и почитување на правата што произлегуваат од договорите или им се инаку дадени на христијанските националности на Империјата“.

- На Српско-бугарскиот и Грчко-бугарскиот договор се надоврзала и Црна Гора, но Сојузот сеуште не се осмелувал да се активира против Турција, според авторот на конкретна акција ќе ја принуди нешто друго – Албанија. За ова вели:

- “...Тие настани почнаа пролетта 1912 год. со бунт во Албанија,бунт кој беше предвиден и земен во разгледување од страна на непријателите на Турција. Во летото бунтот вроди со плод кој ги надмина сите очекувања. Кабинетот поднесе оставка, собранието беше распуштено, извршниот комитет на партијата “Единство и напредок“, згрозен со целосен пораз, беше принуден да им даде се на Албанците што бараа за да го запре движењето во Истамбул, движење кое незадоволната војска одбиваше да го спречи...”

- Што е причината за Албанскиот успех ?! - Како што се гледа од документацијата за Турската империја, Албанците се несразмерно многу присутни во Турската армија и институции, што и при бунтот од 1912 год. (инаку режија на Австро-Унгарија – з.н),предизвикува нереагирање на војската која и самата е незадоволна . Веднаш авторот продолжува за сојузниците:

- “Оваа демонстрација на турската слабост ги охрабри новите сојузници, уште повеќе што албанската втономија, која опфаќаше четири вилаети во Македонија и Стара Србија директно ги загрозуваше христијанските националности со истребување. Србите побрзаа да се спротивстават на планот за “Голема Албанија“ со свој план за поделба на Европска Турција меѓу балкнаските држави во четрири сфери на влијание“

- Следи опис на договореното (кој колку сили треба да мобилизира или даде за помош и при евентуален напад од Австро-Унгарија или др. сила). Но и моментите на конфликти и предоговарања, пред судирот со Турција .

- Австро-Унгарија на 25 септември (8 октомври), прокламира енергично спротивставување на сите обиди за менување на статус-квото. Ова ги замислило Сојузничките. Уште неиспратен одговорот настаните ги забрзува Црногорскиот крал Никола кој на 9 октомври 1912 год. и објавува војна на Турција.

- Дека Милјуков народите ги смета спрема соседниот поголем народ, па Црногорците ги прави – Срби (?!) и во предходна реченица за Никола кој првин се вплеткува во Турско-Италијанската војна, вели:

- “Кога почнала Турско-италијанскат војна, во септември (1911 год. – з.н), тој бил првиот што предложил заедничка воена акција од страна на Србија, Бугарија и Црна Гора. Била постигната спогодба со Бугарија во април 1912 год.,а со Грција малку подоцна. Белград изостанал. Тој не бил во добри односи со Цетиње, делумно поради ПАТРИОТСКОТО СОПЕРНИШТВО МЕЃУ ДВЕТЕ СРПСКИ ДРЖАВИ (од која секоја ја сакала улогата на “Пиемонт“)...“

- За Милјуков по Хрватите, Босанците и Црногорците се Срби (?!).

- Црногорскиот крал Никола е пак пред настаните, прв и објавува војна на Турција а го следат сојузниците кои на 30 септември / 13 октомври формално побарале турска согласност за автономија на европските вилаети. Турција возвраќа со објава на војна на 04/17 октомври.

- Ослабената Турција за неколку недели е прегазена во целиот Европски дел со исклучок на Албанија (според линиите на договор меѓу Србија и Бугарија). Со ова авторот го завршува овој дел насловен како –“Сојузот и договорите“.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3949 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 11 декември 2016
Моментно посетители: 83

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Филип и Александар, најчести имиња во Македонија
--------------------------------
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
 Партизанската војна и антиката
--------------------------------
 Играорки Јапонки во групата Билјана
--------------------------------
 Ерменецот роб – најуспешен војсководец на Јустиниј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: