Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Меѓународни извештаи - Карнегиева комисија
Борбата за Автономија
Сподели на Facebook

Почнува со историски осврт на ослободувањето од Бугарија и сонот по тоа за –“Голема Бугарија” од која ете “неправедно” отпаднала Македонија. А таму “Македонските Бугари”, воделе борба со Турците за – целокупна Бугарија (?!).

- Борбата во Македонија се разжестува за што авторот дава податоци од Англиската сина книга на почетокот на 1904 год. за Македонијa и според која во просек месечно се убивани по 100 луѓе.

- Не можејќи да ги скрие автентичните македонски интереси искажани од дејци на македонскиот народ низ печатот, а така спротивни на бугарските долевани од Софија, Милјуков плетка се и сешто (повеќето биле“млади луѓе“-?! и како такви, така се однесувале заради некој вид “космополитски идеализам“- ?!). Цитат:

“Меѓутоа секогаш постоеја разлики меѓу гледиштата на официјална Бугарија, која сакаше да го користи движењето како инструмент во својата надворешна политика и оние на самите револуционери, повеќето од нив млади луѓе вљубени во независноста и исполнети со еден вид космополитски идеализам“.

- Но разликите се огледуваат и во следните редови:

“Секако постоеше Централен комитет“ во Софија, чиј претседател обично беше некој кој ја уживаше довербата на кнезот“.

- И пак не можејќи да ја крие автентичната сила на македонскиот народ констатира:

- “ВИСТИНСКАТА револуционерна организација, БЕСКОМПРОМИСНА и ЉУБОМОРНА НА СВОЈАТА НЕЗАВИСНОСТ, СЕ НАОЃАШЕ ВО МАКЕДОНИЈА.“

- Низ краток историски развој на ВМРО, Илинден и последиците и Младотурската револуција, Милјуков сега ги бои работите и меша поими (со термини-“Македонски Бугари”, “Бугари” но и “Бугарски Македонци”- ?!.стр. 65).

- Правдајќи ја индиректно Бугарија со иницирањето Балкански војни за Македонија, Милјуков Младотурската влада ја прави полоша од предходните режими (?!).

- Иако вели дека Македонците масовно купуваат земја од Турците (особено Македонци повратници од САД), Милјуков исфрла проблем - Турците ги бркале од купените ниви и ги делеле на Муслимани од Босна.

- Ова според него е мотив што четите се пак по планините (всушност Врховистичките –з.н). Милјуков во пристрасноста, крие дека тоа е масло на Бугарија на која не и одговара демократизацијата на Турција а со тоа и зголемената свест на македонскиот народ за своја национална држава.

- Затоа и преќутува што тоа не е случај со најбројните чети на македонскиот народ (илјадниците под команда на Сандански кој дури им помага на Младотурците во повеќе борби против султановите поддржувачи).
Затоа го преќутува и жестокиот одговор на Сандански и ликвидациите на Бугарските Врховистички чети (во кои има голем број офицери и војници од Бугарската армија).
Затоа и преќутува за Македонската политичка елита која на демократски начин во Турскиот Парламент издејствува низа Закони, кои се повеќе водеа кон автономност и сувереност на Македонија и македонскиот народ што и ги тера Бугарија, Србија и Грција на договор тоа да престане.

- На крајот од овој дел за автономијата, Милјуков го завршува дека 1910 год. е веќе крај за секаква идеја Македонија да биде автономна и независна (што е неточно зашто тоа е 1912 год. кога сосетките увидоа дека се поизвесната независност, може само со војна да се спречи).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6237 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 24

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Златото на Индија кај Александар
--------------------------------
 Византија паѓа заради долгови
--------------------------------
 Антите како Словени
--------------------------------
 Македонците ги носат слоновите во Европа
--------------------------------
 Фалангата во борба со “Амазонки”
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: