Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Меѓународни извештаи - Карнегиева комисија
Извештајот
Сподели на Facebook

По враќањето на Комисијата во Париз, има тешкотии околу составувањето на материјалите (кои да влезат а кои не?!). Иако баронот сака да прикаже единство во ставовите, со внимателно читање се гледа дека не е така, тој вели:

“Подготвувањето и објавувањето на Извештајот одзеде повеќе време и имаше повеќе тешкотии одошто очекувавме..“.

- Пристрасноста и правдањето заради истата се огледа и во следното (зголеменото и знаците се за да се подвлечат контрадикторностите на Извештајот):

“По Извештајот следува додаток кој Комисијата би сакала ДА БЕШЕ МНОГУ ПОЦЕЛОСЕН (?!-з.н). Таму СЕ НАДЕВАВЕМЕ ДА ГИ ОБЈАВИМЕ официјалните соопштенија и протестите на ГРЧКАТА И НА СРПСКАТА ВЛАДА, како и НИВНИТЕ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ДАВААТ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИТЕ, РАНЕТИТЕ И ИСЧЕЗНАТИТЕ И ПРОЦЕНИТЕ НА МАТЕРИЈАЛНИТЕ ЗАГУБИ (?! – з.н). НЕ Е НАША ВИНА (?! – з.н) што тие документи не го завршуваат нашиот Извештај, но во недостиг на владини информации, ТОЧНИ И ПРОВЕРЕНИ (?! – з.н) информации, како што ќе се види НЕ НЕДОСТИГААТ (?! – з.н)“.

- Од горното логички и прашањата

• Како “независната” комисија го составува Извештајот,кога ПАК СЕ ИСПУШТААТ ПОДАТОЦИ ПО СИТЕ СЕГМЕНТИ, ОД ГРЦИЈА И СРБИЈА НО НЕ И ОД БУГАРИЈА (?!)

• Како се дојде до она “ТОЧНИ И ПРОВЕРЕНИ” информации ако се базирани на само едната од трите страни?

• Ако не можеле да добијат официјални податоци од Србија и Грција за загинати, ранети, исчезнати и материјалните загуби, КАКО не можело да им се објават нити официјалните СООПШТЕНИЈА И ПРОТЕСТИ, (барем тие се јавни?!).

- Со Глава – I,  д`Естурнел оди на содржината – Причините за двете војни и се разбира бидејќи е пишувана од Милјуков, мора да ја брани од пробугарските ставови.

- Свесен за пристрасноста кон Бугарите (и дамката врз цела Комисија), авторот пробува да се “одлепи” од ова, со други околности, долги реченици и растегливи категории, пр.:

- “Им препорачуваме на оние читатели кои тврдат дека НЕКОИ ОД НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ СЕ СО ПРОБУГАРСКИ СИМПАТИИ (з.н), да ги прочитаат страниците на кои се разоткрива, од освојувањето на Турците и нивното заземање на Константинопол, фаталноста на актите што доведоа до двете последни војни, а меѓу овие акти, избуванувањето на лудоста, незаузадниот милитаризам против народната воља“.

- Ова постојано бранење од ЕДНОСТРАНИТЕ и ПРОБУГАРСКИ СИМПАТИИ дополнително го компромитира Извештајот, особено и од она што следи ..

- Свесен за пристрасноста, баронот “замаглува” со индивидуи од Бугарската армија како Генералот Савов (“неморално” ја почнал Втората војна ?!.)

- Ова може да се толкува и поинаку. Токму со втората војна, Бугарија изгуби повеќе територии, а и опстанокот и е во прашање (Софија пред паѓање). Нормална е осудата за Савов, кој ги донесе овие несреќи пред се на Бугарите, а потоа на другите.

- Едноставно - НЕМА конкретен и целосен опис на Бугарско ѕверство, не како на другите (Грчки, Српски, Турски, ..). Ако и е спомнато Бугарско ѕверство, тоа е поради фактори кои го изнеле на виделина (печат и сл. а што ќе се види подоцна овде). Но тоа баронот (и др. членови) пробува да го правда со се друго (околности, состојби, и сл.), само не со вистината и Бугарите!

- Главата – II е за маскарите и човечката престорливост во ѕвер, за која сепак многу кратко и повеќе поетично се изразува баронот, осудувајќи го сето тоа но и никого конкретно.

- Главата – III е уште пократка со опис од 3-4 реченици и пак воопштено без конкретизирање на оваа инаку тешка и мачна глава со ѕверста.

- Главата – IV – Војната и националностите, за најлошите ѕверства баронот ги обвинува повеќе локалните жители одошто туѓите војски преку нив (?!).

- Главата – V -“Војната и меѓународното право“, секоја одредба од меѓународното право е прекршена од сите страни. За баронот свирепоста, жестината и најлошите срамоти на Балканот се директна последица наследена од ропството и војната.

- Главата – VI - Економските последици од војните,на ова д,Естурнел највеќе се задржува. За најголем добитник од војната според него (и мислењето на мнозина) е Грција која максимум добила со минимум загуби, зашто е релативно далеку од главните бојни полиња, а и прави и други економски сметки.

- Д,Естурнел потоа преоѓа на – Поука од двете војни. За Турција која ќе ја бркаа од Европа вели дека сепак остана во Европа а за другите кој под чиј надзор останува (главно Австрија). За Македонија,ќе рече:

- “МАКЕДОНИЈА, ВЕЌЕ НЕ ГРОБ, СТАНА ПЕКОЛ“.

- За малите, а “Големи” Балкански државички кои го предизвикаа сето ова, ќе рече:

- “Голема Грција, Голема Бугарија, Голема Србија, деца на современа мегаломанија, од своја страна внимателно ќе го набљудуваат Босфор...Средоземното Море отвара нови соперништва, пак станува бојно поле што беше престанало да биде.“

- Го осудува и печатот (го распалил национализмот на Балканот што можело Европа да ја вовлече во нови судири). Компарира и со Јужна Америка, Австралија и Канада но и се враќа на безизлезноста од Балканските нарушени односи. Со ова го завршува – Воведот.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4973 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 57

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. новомчци Триандафил и Спасо
--------------------------------
 Св. мч. Георгиј Кратовски
--------------------------------
 Св. мччка Теодотија со трите деца
--------------------------------
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: