Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Меѓународни извештаи - Карнегиева комисија
Извештај на Меѓународната Карнегиева комисија
Сподели на Facebook

Содржина

 


Насловната од Извештајот на Карнегиевата комисија, објавен во 1914 година

- Извештајот започнува со - ПРЕДГОВОР од Николас Муреј Батлер – Извршниот директор, датиран со 22 февруари 1914 г. и кратко се објаснети причините за ова истражување на комисијата.

- По тоа е - СПИСОКОТ на членовите на Балканската комисија по овој редослед:

АВСТРИЈА:
Д-р Јозеф Редлих, професор по јавно право на Универзитетот во Виена.

ФРАНЦИЈА:
Барон д,Естурнел де Констан, сенатор.
Г. Жистен Годар, правник и член на Собранието на Франција.

ГЕРМАНИЈА:
Д-р Валтер Шикинг, професор по право на Универзитетот во Марбург.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА:
Френсис В. Хирст, уредник на “Економист”.
Д-р Х.Н.Брејлсфорд, новинар.

РУСИЈА:
Проф. Павел Милјуков, член на руската Дума.

САД:
Д-р Семјуел Т. Датон, професор на Учителскиот колеџ на Универзитетот Колумбија.


ВОВЕД
Зошто е ова испитување?


- Вака е насловен Воведот од д,Естурнел де Констан. Сакајќи да даде легитимитет на истражувањата од Поткомитетот и го отфрли сомнежот за пристрасност, тој почнува со своите улоги низ Балканот. Почнува со Бугарија за која ќе рече:

“Јас претседавав на прочуениот состанок во Шато д`О на 13 февруари 1903 г. и истапив како политичар за Бугарија и сите угнетени населенија на Балканскиот Полуостров“.


- За Србија вели дека има многу пријатели од нејзините дипломати. За Црна Гора ќе ја спомне неговата улога - член на Меѓународната комисија именувана по Берлинскиот договор (1879-80) и престојот таму.

- Со престојот и во Албанија, Косово и Македонија. д`Естурнел сака да стави до знаење дека ги познава приликите на Балканот, но се негира во следните редови кога ги опишува народите. Конфузијата и збрканоста кога е националноста во прашање кај него, се потврдува од следното (стр.33):

“Овие народи, измешани во една неразмрслива збрка на јазици и вери, на антагонистички раси и националности, Турци, Бугари, Срби, Србо- Хрвати, Срби што зборуваат албански, Куцовласи, Грци, Албанци, Цигани, Евреи, Романци, Унгарци, Италијанци не се помалку добри или помалку надарени од другите луѓе во Европа и во Америка.“

- Д`Естурнел де факто признава, дека овие народи му се нејасни кога вели “измешани во една неразмрслива збрка на јазици и вери”, а подиректно ја потврдува оваa своја збрка и со термините за непостоечки народи –“Србо-Хрвати” (?!), па народноста “Срби што зборуваат албански“,(?!) а спомнува и раси.

- Д`Естурнел објаснува од повеќе аспекти во делот - “Приговори“, а интересна е трговијата по Балканските војни, за која вели дека е погубна за повеќето индустрии освен воената но и новата трговија во процут, бизнисот со – вештачки нозе. Овој добар бизнис е резултат на двете Балкански војни.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7910 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 34

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Моштите на Св.Марина
--------------------------------
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Преп. Петар Атонски
--------------------------------
 Раката на „Св. Георгиј Победоносец“– во Македонија
--------------------------------
 Описи за набивање на колец
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: