Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7120
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Отпорот на Македонците против Пеќката патријаршија
Судири на македонската црква со српските интриги
Сподели на Facebook

1508-1540 год., за Турците сега охридскиот свет стол е пречка за исламизација, кој е почитувана институција на христијаните

1508-1540 год.,за Турците сега охридскиот свет стол е пречка за исламизација, кој е почитувана институција на христијаните. Ова го користат Србите за пак да се отцепат. Митрополитите Јован во 1509 год.,Марко во 1524 год. и Павле во 1530 год., иако непризнаени од никого почнуваат да се титулираат за српски Архиепископи!


Пеќка патријаршија

1529-1530 год., најдалеку оди смедеревскиот митрополит Павле кој со поткупи на Турците отцепува епархии прогласувајќи се за Пеќки архиепископ што е веднаш осудено од сите православни цркви.

1530 год. - април, Александрискиот патријарх Јоаким во послание до Охридскиот- Прохор, го напаѓа српскиот акт. За него српската црква е безбожно тело создадено за задоволување на владетелските потреби уште на Стефан Немања и по пропаста на таа држава, нормално е враќање на епархиите кадешто припаѓале- кон Охрид.

1530 год. – септември, и Цариградскиот- Јеремија I, во послание до Прохор го известува дека неговиот синод го смета за неканонски актот на Павле.Според Јеремија, цела Србија мора да е под Охридската патријаршија бидејќи тоа е отсекогаш така и е согласно царските хрисовули. Потсетува дека ако и била автономна српската црква тоа било со насилство а не со одлука на Вселенски собор. Плаши и со анатема за сите што би се отцепувале од Охридската патријаршија.

Наскоро во Охрид е свикан собор пред кој митрополитот Павле ја признал вината и ДАЛ КЛЕТВА дека нема да се дрзне на сличен чин. Согласно 25-тото апостолски правило со 9-тото правило на Картагенскиот собор, Павле е сменет од митрополит. Но тој продложил како лажен Пеќки архиепископ да ракополжи и свештеници како што во Зворник го поставил Теофан за епископ.

13 март 1532 год., Прохор свикува нов собор на кој учествуваат 29 епархиски архиереи и двајца претставници од други архиереи (10 се од Македонија, 5 од Албанија, 15 од екс-српската држава):

Од Македонија - Митрофан Пелагонски, Махомија Мегленски, Јоаким Струмички, Јоаким Гребенски, Пахомија Скопски, Атанасија Кичевски, Григорија Полошки, Никифор Кратовски, Ромил Бански и Никифор-полномошник на Дебарскиот епископ.

Од Албанија – Јосиф Корчански, Теофил Авлонски, Кирил Бератски, Јоаким Спатски и Харитон Музакиски.

Од Србија – Нифон Призренски, Никанор Новобрдски, Симеон Пеќки, Василие Цетински, Марко Босански, Максим Херцеговски, Деометијан Зворнишки, Матија Нишки, Мина – полномошник на митрополитот Студенички.

• Други – епископот Јаков Критски и Сицилискиот епископ.

Соборот ги лишил од чин Павле, Теофан Зворнишки и свештениците ракоположени од нив, навестувајќи анатеми за идни отпадници. За правичност на одлуката, поканети се еднаков број претставници – 15 српски и 15 други (од нив македонски се 10, другите 5 се албански) и двајца гости од крајниот запад – Сицилија и крајниот исток – Крит.

Но Прохор продолжил да шурува со турската поддршка од што се прогласува и за “патријарх” а назначува епископи дури и во Лесново и Кратово, со што врши директен напад на амкедоснката црква. Не застанува тука, кодошејќи ги македонските владици успева да ги фрли во затвор оковани патријархот Прохор и целата администрација.

Ова српскиот “достојник” Павле го постигнал и со големи противуслуги на Турците. Се знае дека го придобил Великиот везир кога за време походите на Турците против Унгарија и Австрија, Павле ја помага турската војска со постојани услуги на српска логистика и шпионажа.

1541 год, јуни, Прохор и охридскиот клер на силни интервенции од цариградскиот патријарх и другите православни патријарси, се ослободени. Ова уште еднаш го потврдува угледот и единството на македонската црква кај рамните на себе, но и трулоста на српската црква.

Прохор свикува трет црковен собор на кој е и Павле кој сега не сакал да одговара на прашањата и се држел горделиво. Оптужен е за тешки канонски престапи:

1) дејствува преку световна власт за да дојде до црковна власт,

2) од користољубие ја напуштил својата епархија-Смедеревската и преминал во град од друга епархија-Пеќката.


Со 14-то и 29-то апостолско правило, како и 1-то и 2-то правило на Сердичкиот собор, Охридскиот собор ги лишил Павле и од него ракоположените свештеници, од свештеничко достоинство. Кој во иднина ќе свештенодејствува со нив ќе е анатемисан. Одлуката е поддржана и од останатите патријарси (поддршка за таков епилог уште пред соборот испратиле Антиохискиот патријарх Михаил и Ерусалимскиот Кирил).

(Извори - Gelcer, H.: Underruchte ungenugend veroffentlichte Texte der Notitae Episcopatum. Munchen 1901; Gelcer, H.:Der Wiederaufgefundene Kodex de Rl. Klimens und andere auf den Patriachat Achrida bezugliche Urkundensemmlungen. Berichte uber die Varhandlungen des Koniglich sachsischen Geslaschaft der Wissenenschaft zu Leipzig. Phil. Hist. klasse, 55 B, II; Zinkeisen, J.W.: Geschichte des osmanischen Reiches in Europa, III, Gotha 1854; Ricaut : Histoire de l`eglise gresque et l`eglise dermennien. Paris 1832; Hammer : Histoire de l`empure Ottoman, IV; С. Димевски : Историја на македонската православна црква, скопје 1989 год. и др.)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4016 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 11 декември 2016
Моментно посетители: 73

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Софија, подигната и обновена од цар Македонец
--------------------------------
 Воениот плен кај Македонците
--------------------------------
 Влезот на Османлиите во Европа е заради предавство
--------------------------------
 Св. ап. Матиј
--------------------------------
 Музејот како поим потекнува од деветте музи
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: