Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Отпорот на Македонците против Фанариотството
Црковни борби против Цариградската патријаршија
Сподели на Facebook
Општествено-економските промени во Османската империја до првата половина на XIX век позитивно се одразиле и во создавањето на македонската буржоазија.
До појавата на македонската буржоазија, во економијата, особено трговијата доминирал грчкиот, еврејскиот и влашкиот елемент (особено грчкиот, доминирал и во општествениот живот во земјата)

Раѓањето и развојот на македонската буржоазија го исфрлило на дневен ред прашањето за односите и доминацијата во чаршијата, од каде што патот водел и кон општествена афирмација т.е. кон доминација и во општествениот живот. Со други зборови, со појавата на македонската буржоазија започнала борбата за изместување на грчкиот трговски капитал од македонската чаршија.


Цариградската патријаршија наместо верски шири грчки политички интереси
Цариградската патријаршија ги штитела интересите на грчките трговски и банкарски кругови, па и борбата на македонската буржоазија за изместување на грчката доминација од македонската чаршија била насочена и против Цариградската црква и се она чиј носител била таа. Во прв ред таа борба била и против патријаршиските (грчки) црковни и училишни институции.

Само така, преку изместувањето на грчката буржоазија од клучните позиции, во чаршијата и општествениот живот во градот можело да се дојде, во условите на Османлискиот апсолутистички режим, до политичка афирмација на поробениот македонски народ.

Преку зафаќање раководни позиции во месните црковно-училишни општини и епархии можело да се оствари контрола над трошењето на црковните, народни средства и да се осигура нивната употреба за општествено- полезни цели - развој на македонското црковно-училишно дело на мајчин јазик, елиминирање на партикуларизмот, постепено и постојано внатрешно поврзување.

Најраните манифестации на оваа борба на зајакнатата македонска граѓанска класа против грчката доминација во економскиот и општествениот живот, против злоупотребите на грчкото духовенство од најниското до највисокото, против грчкиот јазик и просвета во македонските цркви и училишта започнува од 30-те години од XIX век.

Тоа е време на првите македонски црковно-просветни општини. Најран израз на оваа активност се манифестира во Скопје. Скопското граѓанство бара на чело на Скопската епархија за владика да се ракоположи човек од месно, македонско потекло. Борбата против грчката, Цариградската патријаршија во Македонија била долга и тешка.


Македонците во општо движење за обнова на својата некогаш самостојна Охридска архиепископија

Зачетокот е борба против одделни грчки свештеници и владици, за определени права во раководењето со црковно - училишните проблеми за да се претвори во текот на својот процес во масовна сенародна борба, чија цел била откажување од власта на Патријаршијата и создавање на самостојна македонска црква - одн. обновување на укинатата во 1767 год. Охридска автокефална црква.

- Во напорите за здобивањето самостојност не се избирале средства. 1859 год. Кукушани ги прекинале односите со Патријаршијата во Цариград и влегле во контакт со римската црква, на која и понудиле под извесни услови да влезат во Унијата. Последнава ги прифатила барањата, верските обреди во црквата да се вршат на црковно-македонски јазик, со што била ставена основата на Унијатството во Македонија.

Во периодот 1860 - 1870 год. граѓаните во повеќе македонски градови - Охрид, Прилеп, Неврокоп, Битола, Скопје, Крушево - па дури и во некои села ги прекинале врските со Цариградската патријаршија и формирале одделни црковно-училишни општини.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 10951 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,64 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 33

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Најголема археолошка акција со светот
--------------------------------
 Првата црква во Европа е во Македонија
--------------------------------
 Најраните почетоци на кино културата во Македонија
--------------------------------
 Највредната препродадена збирка од Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: