Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонски преродбеници
Реформи во Турција и примена во Македонија
Сподели на Facebook
Внатрешните потреси во Османската империја при крајот на XVIII век и првата половина на XIX век, предизвикани од слабиот општествен развој и напорите на старите сили да го конзервираат постојниот систем - бараат реформи за избегнување на натамошниот распад на државата.


Селим III (1789-1807)

 Неспособна за порадикални зафати, централната власт постепено воведува реформи, со цел прилагодување кон достигнатиот степен на општествениот развој. Со Селим III (1789-1807), се извршени неколку реформи во империјата, првично во војската и финансиите.

1826 год. Махмуд II го укинува јаничарскиот корпус. 1834 год. ликвидиран е постојниот тимарско-спахиски систем - еден вид аграрна реформа, која во некои делови на Македонија продолжува до шеесетите години XIX век.

03.XI.1839 год. се објавува т.н. “Гилхански хатишериф”, како најголем дострел на реформите. Под влијанието на француската револуција, овој акт прокламира еднаквост на сите граѓани пред законите, без разлика на вера, народност и положба како и полна сигурност на животот, честа и имотите.


Махмуд II (1785-1839)


Со либералистички идеи, Гилханскиот хатишериф ги затврдил воведените реформи мо и отворил процес за навлегување на реформите во сите области на општествениот живот и армијата. За популаризирање на реформите пред населението се организираат масовни народни собири по градовите, на кои подготвени толкувачи го објаснувале значењето.

Со желба да допрат подлабоко до народот, тие биле печатени на јазиците на населението до кое биле упатени. Познат е еден таков акт од 1851 год. напишан на македонски јазик под насловот: „Канунаме за селата битолски чунки закон за чифлигарите и чифлизите што се под поела битолска“. Со овој закон е востановен начинот на избирање на селските старешини (коџобашии), е забранет секаков притисок и злоупотреба на локалните власти при собирањето на даноците, се третираат односите помеѓу чифликсајбиите и чифлигарите итн.

Реформите во Турција не одат глатко (особено отпор кај војската). Албанските и босанските феудалци одбиле да ги применат. Се придружиле охридскиот Џеладин бег, како и пашите во Тетово и Скопје. Со ова, северна и средна Македонија е под одметниците и е арена на пресметки со централната власт.

Април-мај 1831 год, во борбите на Бабуна и Прилеп, одметничките сили се разбиени. Последиците се тешки за македонскиот народ. Прилеп и околните места, како населението од Скопска Црна Гора се опљачкани. Но северна Македонија и подоцна, во 1843 - 1845 год.,пак е центар на одметнички и пљачкашки дејствија.

1845 год., со победата на Централните сили кај Катланово, овој дел на Македонија здивнал од теророт и пљачкањата но последиците имале траен карактер. Колебливоста во спроведувањето на реформите и отпорот против нив ги направиле многу од реформите - празни прокламации.

Печат удира и Кримската војна. Меѓутоа и покрај недоследностите во спроведувањата на реформите тие се одразиле позитивно врз натамошниот развој на земјата до Кримската војна. Кримската војна (1853-1856), меѓу Русија и Турција, привремено го запре процесот на реформи во земјата.

Се влошува положбата во земјата. За македонскиот народ се воведуваат давачки при чие собирање има уште поголеми злоупотреби. Незадоволството води кон одметнувања в планина, особено во битолско (но без појаки форми). По мирот во Париз, во 1856 год., спроведувањето на реформното дело во Османската империја оди со позасилено темпо.

Се ова ќе ја предизвика појавата на македонската преродба која понатаму ќе ги поттикне идните силни национални движења кај македонскиот народ во стремежот за конечно ослободување од турскиот јарем.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 11934 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,52 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 10

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Царот на Јапноија во 1976 г. ја посети Македонија
--------------------------------
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
 Антите како Словени
--------------------------------
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: