Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Македонски преродбеници
Компарација со други национални движења
Сподели на Facebook

За да не ја трујат околината соседните пропаганди, најдобар начин е пак компаративната анализа со други региони и пропаганди за национални раздробувања.

Еве конкретен пример со еден од поголемите европски народи – германскиот, но исто е и со рускиот, францускиот и.т.н сите ги имаат овие фази на својот национален пат, изодено (со помалите народи состојбата е уште појасна).

- Гермаците и нивното грабење од другите сили се посебно интересни ако не за друго и да се види од каде подоцна и на Хитлер можноста да ги злоупотреби пак во спротивна насока инаку газените чувства и сили на Германците цел век пред него.

Германски сојуз

 


Германскиот сојуз основа на Виенскиот конгрес од јуни 1815 година

“Германскиот сојуз“ (eng. “The Germanic Confederation”, fr. “La confederation Germanique”, ital. “Lega Tedesca”, germ. “Deutscher Bund“) е образуван во Виена на конгрес врз основ на документот (“Bundesakte”) од 08.VI.1815 год. Тој имал 20 одредби (Членови), првите 11 од меѓународно значење внесени во завршниот акт на Виенскиот конгрес (“Wiener Schussakte”) чие остварување го гарантирале Големите европски сили.

- Во Германскиот сојуз влегле 35 државички и 4 слободни градови (Либек [Lubeck], Бремен, Франкфурт и Хамбург), а германскиот народ не учествува во неговото донесување. Всушност Германија е раздробена, под влијанието на Русија, В.Британија и Франција, а козметички е претставено како германско единство. Затоа е и она “сојуз” кај единствено национално ткиво нема потреба од сојуз.

- Русија и Австрија, како феудални моќни империи, тежнееле со овој акт да се зацврсти германската феудална исцепканост, Велика Британија е рамнодушна, а Прусија е немоќна што и да стори. Франција во која националната мисла е веќе на повисоко ниво по буржоската револуција, тргнувала од свои сметки за поделеност меѓу Германците.

- И во овој акт се оставила додатна делбена последица за неединството на Германците. Австрија и Прусија како поголеми германски држави, останале да си ја оспоруваат превласта во сојузот. Затоа и двете во сојузот се опфатени само со делови од своите територии, додека другите нивни територии не спаѓале во зацртаната зона на сојузот.

- Целта на сојузот е формулирана во Чл.2 од основниот документ во кој се велело дека треба “да се обезбеди внатрешна и надворешна безбедност и неприкосновеност “ на поедините германски држави. Во војна, ниту една земја не можела да преговара за сепаративен мир, а можеле да склопуваат сојуз освен со оние кои се против сојузот.


Германскиот сојуз составен од многубројни и различни по уредување држави и државни творби

- Но наизгледната единственост, во другите ставки се раздробува. Секоја од членките свечено се обврзувала дека ја признава независноста и неприкосновеноста на секоја држава членка. Тие имале потполн суверенитет во своите државни и внатрешни работи.

- Иако е образувано Сојузно собрание (Bundestag) со седиште во Франкфурт на Мајна, таа представувала дипломатска конференција, а не Парламент. Делегатите всушност ги претставувале своите феудални владетелства, пред да дадат глас за било која одлука се консултирале нивните владетели. Со ова, сојузот не е национална германска држава, но феудално-интересна братија, германските маси не се консултирани за ништо, а интересот на владетелот е пред се.


Во првичното собрание најмалку бил изразен некаков германски национален интернес, но пред се личните интереси на владетелите од многубројните сеуште феудални творби

- И гласовите не се исти, така на Пленумот од Генералното собрание Австрија, Прусија, Баварија (Bayern), Виртемберг (Wurttemberg), Саксонија (Sachsen) и Хановер (Hanover) имале по 4 гласа, Баден, изборниот Есен (Hessen), Холштајн (Holstein), Луксембург (Luxemburg) и Лимбург имале по 3 гласа, Брунсвик (Brunswick), Мекленбург-Шверин (Mecklenburg-Schwerin) и Насау (Nassau) – по два гласа, а сите останати по еден глас (вкупно 70 гласа).

- За тековни работи се состојувало Малото собрание во кое 11 големи држави имале по еден глас (или 11 гласа), а сите останати имале 6 гласа (вкупно 17 гласа). Одлуките на сојузното собрание не биле обврзителни за државите-членки, со што ниту собранието ниту сојузот немале извршна ниту судска власт.

- Пленумот на собранието првпат се состанал на 05.XI.1816 год. а официјално завршува со распадот на Германскиот сојуз во 1866 год. Во 1833 год. Прусија формира царински сојуз од 18 држави без Австрија, со што на своја страна ги привлекува економски помоќните држави и елементи а со Австрија остануваат феудалните држави.

- Во однос на зедничките трупи, сојузот шест пати ги менува контигентите така да пред распадот во 1866 год. вкупната силина е 696 045 војници и 247 топови а се одредувале во процентуален однос спрема бројот на жители на државата-членка. Сојузното собрание во мирновремени услови имало посебна 7-члена комисија од високи офицери на чело со Австрија кои одлучувале за чисто војнички прашања.

- Но сојузничката војска никогаш не настапила единствено на воиштето. Тоа е само делумно сторено во револуционерната 1848 год. против востаниците, пак 1850 год. во Шлезвиг-Холштајн (Schleswig-Holstein) во Германско-Данските војни и во 1859 год. кога се мобилизирани 4 сојузни корпуси за помош на Австрија во војната со Италија, но не се употребени.

- Растат антагонизмите меѓу Прусија и Австрија.Тоа е и постојан судир меѓу две империи и концепти, феудалната Австрија и се повеќе буржоаската Прусија кој кулминира во отворен судир 1866 год. Со мнозинство гласови Австрија издејствува казнени сили против Прусија а се бара и мобилизација. Но сојузот веќе е распаднат.

- Избива Австро-Пруска војна, завршена со победа на Прусија. Сојузното собрание на 24 август 1866 год. се преселува во Аугсбург каде ја оддржува последната седница. По ова е формиран а на 01 јули 1867 год. и официјализиран ”Северногерманскиот сојуз” (“Norddeutscher Bund”) под диктат на Прусија кој тежни кон обединување на германските држави во една.

- Тоа обединување и се случува со Бизмарк и Прусија особено по Пруско-француската војна која вешто се промовира како Германско-Француска. Под Прускиот цар во оваа војна застануваа 750 000 војници Германци од обединетите германски земји и државички од соузот под Прусија. Со брилијантната победа над Французите, Германија излегува како дефинитивно обединета држава.Тоа е официјално направено со прогласувањето на единствена Германија на 18.I.1871 год. во Версај. Со ова е завршен и процесот на формирање германска нација.

Извори: (J.Kluber “Akten des Wiener Kongresses”, Erlangen, 1817-1837; A.Debidur“ Histoire diplomatique de l`Europe depuis l`ouverture do Congres de Vienne jusqu`a la fermeture du Congres de Berlin (1814-1878),I.i 2.t.,Paris,1891;Е.В.Тарле “Историја “XIX век,IV т., Москва,1938; Endres “ Geschichte Europas und des Orientes”,III t., Wien,1952; D.Tomson “Europa since Napoleon”, New York, 1962; J.Hartmann “Das Geschichtsbuch”, Frankfurt am Main,1959 )

Од се ова неколку факти:

- и кај “големи” народи како германскиот, процесот на национално оформување не е завршен и при крајот на XIX век а камо ли кај “помали” народи кои се и под ропство.

- Народите минувале во преродбенички процеси. Денес и Луксембург и Австрија и Швајцарија, се држави и нации со културни и други разлики иако со јазична блискост.

- Денес, а ниту во блиското минато нема таков (освен нацистите) кој врз јазичната блискост и заедничките држави, да тврди дека се еден народ, како што за македонскиот народ и Македонија денес блеат соседните бугарско-српски пропагандисти.

- Националното име е посебна приказна, до конечното “Германци” се друго се користи но најмалку истото, почесто низ историјата е “Пруси”. Македонија и Македонците се со најпостојаното национално име, освен при некои окупации со територијално-државни поимања (пример- Србија-Јужносрбијанци, Бугарија – Бугари, Турција – Рум-милет, рисјани, неверници и сл.)

- Името “Пруси” е поблиску до “Руси” па нема нормален Русин што ќе ги бара Германците и нивните територии заради сличното национално име. Ако Македонија и Македонците биле низ историјата под “Сербско” (“Сервија”) царство или “Булгарско” (“Вулгарија”-тема), тоа најмалку значи дека се од истоимената народност.

- Уште повеќе претходно низ историјата Германија скоро 1 000 години се викала Свето Римско царство, но нема нормален Италијанец денес кој врз таа основа би барал Германците денес да се водат за – Италијани. Уште повеќе и долготрајната официјалност на латинскиот јазик толку присутна дури и во народот и неговото црковно живеење.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5552 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 23

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
 Византија паѓа заради долгови
--------------------------------
 Највредната препродадена збирка од Македонија
--------------------------------
 “Перфидии” - воени подлости
--------------------------------
 Златото на Персија кај Александар
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: