Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ
Сподели на Facebook

МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Obzor 4, 7. I. 1903, уводник

Европскиот печат уште се занимава со целта и успехот на патувањето на рускиот министер за надворешни работи гроф Ламсддорф во Белград , Софија и Виена . Различни новинарски дописници што се обидоа да го симнат превезот за тајниот пат на рускиот министер, беа принудени да признаат дека не можеле ништо да разберат освен она што во печатот по некои порано познати претпоставки се предвидуваше дека се работи за македонското прашање.

 Мора да се признае дека сегашниот раководител на руската надворешна политика знае многу добро да молчи. На сите замрсени поздрави во Белград И во Софија , тој одговарал со конвенционалната фраза: “благодарју”.Се разбира дека би било наивно да се очекува дека Ламсфорд сите свои потенкости на својата мисија ќе ги обеси на големо звоно. Од Белград И Софија стигнуваат различни противречни вести за причините за престојот на грофот Ламсдорф во тие престолнини на балканските држави.По едни вести , задоволни се И кралот александар И кнезот фердинанд со она сто им го соопштил рускиот министер од име на рускиот цар И од свое име; по други вести , изгледа дека тие повеќе очекувале И дека сега тие И нивните министри останале разочарани……..

……Нема сомнение, дека Русија има готов план за секоја евентуалнот И дека една од главните цели на патувањето на рускиот министер во Белград , Ниш , Софија и Виена беше тоа во меродавните кругови таму да се протолкува тој план И да се придобие согласност за неговото евентуално спроведување.

Стара е праксата на руската дипломатија отпрвин да се обиде по мирен пат да го постигне она за што оди на Балканот , апотоа што поенергично, евентуално со вооружена рака, со сила да го извојува она што не И било можно да го постигне по мирен пат.Во Портата тоа добро го знаат И затоа побрзаа во што е можен пократок рок да ги спроведат најавените реформи И да ги отстранат причините за нертедите во Македонија , што не можат веќе да ги трпат…….

……..Веќе одамна се зборува дека Русија спрема резултатите на проучувањето на приликите од руските учени,на лице место приготвува план за евентуална поделба на Македонија на три дела:Србија би го добила пределот од Скопјениз Вардар И Солун со западен дел од Македонија, Бугарија би го добила источниот дел на Македонија до Тракија,што би останала И понатаму под Турција , а на Грција би И припаднал јужноит дел на Македонија.

Во Атина почнаа да дават знаци на загриженост што грофот Ламсдорф не наминал на својот пат И во Грција И се надеваат дека барем дипломатијата на Хабзбуршката монархија,не заборавила на интересите на Грција во Македонија.- Англиските весници како да очекуваат, дека Портата ќе ја осети нуждата дека во оваа голема самотија ќе го побара пријателството на Англија ,која И е сепак подоверлив потпирач од Германија.Вистина умре Гледстон, што беше заштитник на христијанските поданици во Турција , но Англија И денес ќе помисли да ја земе во заштита Турција против настојувањето на Русија, при нужда , да му тури крај на азијатството во Европа

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5988 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 45

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
 Св. Стефан патријарх Цариградски
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
 Хелените најголеми противници на Македонците
--------------------------------
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: