Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7108
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Илинденското востание во Серскиот округ
Сподели на Facebook

Серскиот револуционерен округ ја зафаќал територијата на исток до реката Места, на север до бугарската граница, на запад до реката Струма и на југ до Егејското Море. Центар е градот Сер.

Во границите на оваа територија, непосредно пред Илинденското востание, живееле 429.382 души од кои 245.582 Македонци, а останатите биле Муслимани, Турци, Власи, Грци и други. Серската област има особено значајна геостратегиска положба. Бројните планини, реки и клисури, како и слабо развиената патна мрежа овозможувале организирање востание и раздвижување на востанички чети. Особено по Македонското (Кресненско) востание, Серската област добила посебно значење во турската воена стратегија на Балканот. Во првата половина на 1903 година на просторот меѓу Струма и Места биле стационирани следниве турски сили: Во Сер бил сместен штабот и делови од 9. пешадиска дивизија и 18. бригада, а во Горна Џумаја била 33. пашадиска бригада. Во другите градови: Мелник, Драма, Демирхисар, Неврокоп итн. имало истурени баталјони. Освен по градовите, турската војска во помали состави од 30-40, па до 100-150 војници, односно од вод до чета била распоредена и по селата. Распоредот зависел од местоположбата на селото и од револуционерната раздвиженост на населението. Вкупно во Серската област непосредно пред востанието имало 5.000 турски војници.


Серска чета

Според планот на востанието Серскиот револуционерен округ е преименуван во IV востанички округ ,,Пирин". Меѓутоа, на Солунскиот конгрес кога се разговарало за дигање востание единствениот претставник од Серскиот револуционерен округ, Лазар Димитров, познавајќи ја состојбата и присуството на турските сили се изјаснил против востанието, но одлуката на мнозинството ја прифатил. При крајот на јануари 1903 година во Серскиот револуционерен округ пристигнал Гоце Делчев. Во селото Караќој, Неврокопско, се состанал со Јане Сандански, со Пејо Јаворов, со Таската Серски и со други дејци и војводи на Мелничката организација.

По смртта на Гоце Делчев, Серскиот окружен конгрес е одложен, меѓу дејците настанала тревога. Настанале меѓусебни обвинувања меѓу Внатрешна организација и ВМК за предавството и убиството на Гоце. Тој раздор се чувствувал и меѓу четите на двете организации, постоела сериозна опасност да дојде до меѓусебни вооружени судири во предвечерието на востанието. Од друга страна, врз населението поразително влијаеле настаните по Горноџумајското востание и особено ужасите по Солунските атентати. Во таквата состојба единствено Јане Сандански кој ги следел идеите на Гоце Делчев, можел да донесе авторитативна одлука и да влијае врз населението. Тој проценил дека Серскиот револуционерен округ не е подготвен за масовно и повсеместно востание. Меѓутоа, со оглед на веќе донесената одлука за востание и за да не се создава уште потешка состојба дошло до помирување меѓу серското крило на ТМОРО и ЦК на ВМК. Раководството на ТМОРО, всушност, било принудено да го прифати учеството на членовите на ВМК, односно на бугарските офицери во македонските востанички чети.

Кон Серскиот револуционерен округ се насочиле врховистичките чети на полковникот Анастас Јанков со 134 души, на поручниците Јордан Стојанов и Петар Дрвингов со околу 300 души, а нешто подоцна во округот стигнал и генералот Иван Цончев. Врховистичките чети во Серскиот револуционерен округ располагале со вкупно 850 души. Првите борбени дејства во овој реон започнале на 15 август 1903 година со судирот на четата на поручникот Јордан Стојанов со еден турски одред на падините на Беласица, а потоа на 19 и на 20 август поручникот Петар Дрвингов ги обединил четите на Ј. Стојанов и Борис Стрезов, го формирал Беласичкиот одред кој под команда на Дрвингов водел борба кај Банско, на височината Етипица и кај Елтепенските Езера.

На 22 август во месноста Белемето на Пирин се одржал конгрес на Серскиот округ на кој претседавал Јане Сандански и на која покрај другото, била донесена одлука востанието да продолжи со партизански борби, а најмногу со диверзантски акции по железничката пруга Дедеагач - Солун. Освен тоа, на Конгресот кој траел три дена, било одлучено востаничките дејства во Серскиот округ да започнат на 14 септември, на ден Крстовден 1903 година, речиси еден месец подоцна од објавувањето на Илинденското востание во Битолскиот округ. Серчаните го започнале востанието еден месец и 12 дена подоцна затоа што биле против стратегијата на повсеместното востание и фронталната борба. До првата средба на четите на ТМОРО со четите на ВМК дошло на повик на Јане Сандански упатен до поручникот Јордан Стојанов, а средбата била на 28 август 1903 година во с. Пирин - Мелничко. Покрај мелничката, односно четата на Јане, овде била и четата на Михаил Чаков. Народот, иако бил ревносен кон врховистичките чети, сепак ја прифатил соработката, затоа што се надевал на ослободување.

На 31 август 1903 година во областа меѓу Неврокоп и Мелник се нашле повеќе чети на ТМОРО и на ВМК. Тука се нашле и генералот И. Цончев и полковникот А. Јанков со повеќе офицери и војводи. Со нив биле и двајца руски новинари - Петар Орловец и Ромоалд Пржевалски. Против таквата концентрација на востаничките сили турската команда испратила два баталјона војска. Кај селото Пирин настанала жестока борба во која четите на ТМОРО и на ВМК во овој округ прв пат заедно дејствувале и ја разбиле турската војска. Овде дошло и до средба меѓу Јане Сандански и генералот Иван Цончев. По кратката средба Сандански ја образложил состојбата и пердложил да се прекинат борбените дејства, а четите да се извлечат кон Брезничките езера додека официјално не се објави почетокот на востанието. Генералот Цончев го прифатил овој предлог и сите чети се повлекле. На брезничките котлини кај малото езеро е одржан заеднички состанок меѓу претставници на ВМРО и на ВМК. Тука повторно дошло до спротивни ставови за востанието. Генералот Цончев барал четите да не се разделуваат по реони и борбата да започне едновремено со сите средства во сите реони. Јане Сандански барал четите да се рашират по реоните и да водат долготрајни партизански и диверзантски дејства. Се согласиле само околу почетокот на востанието односно тоа да започне ноќта на 14/15 септември на Крстовден. Со оглед на мнозинството прифатен е планот на генералот Цончев и бил формиран единствен Главен штаб на чело со Цончев и Димитар Стефанов, а во чиј состав влегле претставници на ТМОРО и на ВМК.

Јане Сандански со група востаници

Помирувањето меѓу четите на ТМОРО и ВМК траело кратко. Јане Сандански со своите следбеници се повлекол на југ кон Серес и кон Драма, продолжувајќи ја тактиката на партизанско востание. Генералот Цончев, полковникот Јанков, потполковникот Стефан Николов и поручниците Дрвингов и Саракинов, предводејќи ги врховистичките чети ги започнале, вооружените дејства на 15 септември согласно нивната стратегија - со непрекинати фронтални борби. Нивните дејства главно се извршувале во близина на границата до Бугарија, односно Горноџумајско и Разлошко, па кога наидувала посилна турска војска врховистичките чети се повлекувале во Бугарија, а потоа страдале селаните и селата биле опожарувани. Јане Сандански организирал чета на чело со војводата Мирчо Кипрев која на 14 септември наишла на заседа во Драмско. Притоа бил убиен војводата Кипрев, четата ја презел војводата Иван Анастасов - Грчето. На 16 септември кај с. Калапот четата водела борба со турската војска, четворица загинале, а останатите четници се повлекле во гората. Востанието во Серскиот окружен комитет кратко траело, но сепак поради појавата на бројни чети на ВМРО и на ВМК турската команда ангажирала бројни сили. Од друга страна врховистичките чети своите дејства повеќе ги искористиле во пропагандни цели, отколку за протерување на турската војска.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6445 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,87 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 06 декември 2016
Моментно посетители: 82

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
 Македонија прва по ранохристијански локалитети
--------------------------------
 Македонија и најбезумната крстоносна војна
--------------------------------
 Св. Ап. Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник
--------------------------------
 Држава, етимолошко поимање
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: