Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Илинденското востание во Струмичкиот округ
Сподели на Facebook

Струмичкиот револуционерен круг го опфаќал реонот на исток до реката Струма, а на запад до реката Вардар.

На север се граничел со Скопскиот, а на југ со Солунскиот револуционерен округ, односно ги вклучувал Струмичката, Радовишката, Малешевската и дел од Горноџумајска околија. Со комуникацијата по долината на Струма ги поврзувал Софија и Солун, а по течението на Вардар се патната и железничката комуникација која ги поврзува Солун и Скопје. Овие двете котлини и комуникации меѓусебно се поврзани со Клучката Клисура, односно комуникацијата Струмица - Петрич.

Поради тоа овој округ имал големо стратегиско значење. Во тоа време во Струмичкиот округ живееле 104.000 души, од кои 71% биле Македонци. Претставниците на Струмичкиот округ на Солунскиот конгрес Иван Ингилизов од Струмица и Георги Варналиев од Радовиш гласале за востание, иако немале доволно оружје, но очекувале дека ќе го добијат од Бугарија. При крајот на јануари 1903 година од Бугарија кон Струмица тргнал Борис Сарафов со чета од 40 души. Кон овие се присоединиле четите на војводите Сава Михајлов и Андон Јанев - Ќосето со 25 души. Сарафов бил одреден од Организацијата за подготовка на востанието во Струмичкиот округ во улога на инспектор на четите.

Откако се запознал со состојбата тој проценил дека е нужно прво да се консолидира организацијата и да се ликвидираат последиците од Горноџумајското востание. Поради тоа ја започнал агитационо-организаторската работа. Во Малешевско Сарафов се сретнал со Крсто Асенов и ненамерно неговата чета се судрила со околу 150 души турска војска во почетокот на февруари во с. Владимирово. На 12 февруари неговата чета водела борба со војската кај с. Касапли. Во исто време четата на Андон Ќосето водела борба кај с. Смиљанци Радовишко, па против двете чети Турците испратиле силни потери. Од Малешевско Сарафов дошол во Радовиш каде што се сретнал со Варналиев. Откако ја согледале состојбата се договориле за неопходните мерки кои требало да се преземат согласно одлуките на Солунскиот конгрес. Потоа, по наредба на Иван Гарванов, Сарафов заминал за Битолско каде што учествувал на Смилевскиот конгрес и во подготовките на востанието во Битолскиот округ.

Коњичко одделение на струмичкиот војвода Кочо Хаџиманов

При крајот на март 1903 година во Струмичкиот округ пристигнале Христо Чернопеев и Христо Мазнејков со своите чети кои требале да дејствуваат во Струмичката и во Радовишката околија. Со овие чети границата ја минале и велешката чета на Никола Дечев и тиквешката на Тимо Ангелов. При доаѓањето на 6 април на врвот Готен, четите биле пресретнати од турската војска и тогаш првпат во практика заедно се бореле четите на ТМОРО и на ВМК против турската војска. По овој судир Чернопеев и Мазнејков се префрлиле во Струмичката и во Радовишката околија и ја започнале планираната дејност, а четите на ВМК се повлекле во Бугарија. По солунските атентати во радовишкото село Воиславци се случило предавство.

По тој настан, а мотивирани со подготовките околу 200 селани вооружени со разно огнено и студено оружје барале од Чернопеев веднаш да започне востанието. Војводата Чернопеев едвај ги смирил револтираните селани, но сепак во текот на мај имало неколку вооружени судири.
По тие настани започнале масовните турски репресивни акции кои особено биле заострени откако Хилми-паша го донел планот за смирување на Македонија. Македонското население ги доживувало сите страотни мерки што Турците ги применувале во Ерменија. Во средината на јули Хилми-паша лично допатувал во Радовиш за да го контролира спроведувањето на мерките и да се увери во резултатите на планот. Недостатокот на соодветен раководен кадар и општата состојба влијаеле во Струмичкиот округ да не се одржи конгрес, па и подготовките биле слабо организирани.

Предлогот на Софиското советување за водење партизанско востание во Струмичкиот округ го пренеле Сава Михајлов и Чернопеев, меѓутоа недостасувале доволен број чети и оружје за водење партизански и диверзантски дејства. Од друга страна, во Организацијата настанале бројни провали и афери поради кои истакнатите дејци биле принудени да го напуштат округот или да бидат затворени. Поради сето тоа востанието во Струмичкиот округ не се развило.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8762 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 35

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
 Вампирите кај Македонците уште во XII век
--------------------------------
 Македонскиот крал-бебе на бојното поле
--------------------------------
 Апокрифи – скриени списи
--------------------------------
 Кулите како градби во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: