Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8813
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Илинденско востание - Бојот на Маргара
Сподели на Facebook

Како еден од најголемите и најзначајните боеви од времето на Илинденското востание во Прилепскиот реон се истакнува бојот на Маргара кај селото Чаниште, Мариовско.

На 2 октомври 1903 година четите на Лазар Поп Трајков и на Иван Попов во состав од 116 души, на Ѓорче Петров од 14 души, едно одделение од 10 души од четата на Толе паша на чело со Милан Ѕвездов, односно во целост се работело за еден востанички одред со вкупно 140 души, воделе повеќедневна продолжителна борба со бројно надмоќен противник од околу 5.500 војници, односно, со една комплетна пешадиска бригада. Бојот започнал по изгревот на сонцето околу 7 часот. Еден баталјон аскери се обидел од височината Маргара ненадејно да го нападне востаничкиот логор крај с. Чаниште. Меѓутоа, востаниците го откриле движењето на турската војска и обезбедувањето на логорот во состав од 20 четници раководени од Јован Ивановиќ, по потекло Црногорец, а српски офицер, истрчало веднаш и пред турската војска се искачило на височината Маргара и ги зазело позициите за борба. Селаните од Чаништа со цел да го спасат селото се обиделе да го предадат одредот. Меѓутоа, стражата раководена од Ивановиќ успеала да го спаси востаничкиот одред и да му овозможи време да се развие за борба. Во текот на таа борба Ивановиќ го загубил окото. Останатите востаници веднаш се растрчале сите борбени средства да се изнесат и се распоредиле на височината Маргара, а четата на Васил Котев ги зазела позициите на соседната височина. Командувањето го презел поручникот Лука Иванов. Тој ги распоредил востаниците во одбранбен борбен распоред и наредил да не отвораат оган без негова заповед.

Четата на Лука Иванов

Турската војска го започнала нападот од сите страни одеднаш. Иванов наредил востаниците да ги наполнат пушките и кога противникот ќе се доближи на 200 чекори да отворат оган од сите пушки одеднаш во вид на плотун. Во првиот напад Турците оставиле многу загинати и биле отфрлени на почетните позиции. По еден час откако добиле засилување, војската повторно започнала напад во уште погуст стрелечки строј. Овој пат востаниците го пуштиле аскерот да се приближи на 50 метри и со бомби, плотуни и со други експлозивни средства го разбиле. Со оглед на густината и на карпестиот терен, турската војска повторно претрпела големи загуби и била отфрлена.

Околу 15 часот откако им пристигнало последното засилување од вкупните 5.500 души, турската војска започнала општ напад од сите страни со сите средства. Се слушнале трубите што го означиле почетокот на нападот, се згустиле редовите, а востаниците цврсто решени да се борат до крај, за слобода или смрт, ги подготвиле бомбите, динамитот, па дури и поголеми камења и камите за во случај на борба гради в гради. Од третиот напад од експлозиите се тресело цело Мариово, звукот се слушал дури до Битола. Навечер, откако се увериле дека не можат да ја освојат Маргара, војската се повлекла, а нападите ги одложиле за следниот ден кога очекувале да пристигне артилеријата. Меѓутоа, преку ноќта востаниците се пробиле и се извлекле на источниот брег на реката Црна, во Старомариовскиот реон.

Во бојот на Маргара кај Чаништа, што се водел 12 часа помеѓу македонските востаници во вкупна бројна состојба од 140 души и турската регуларна војска во состав од една пешадиска бригада со околу 5.500 души, се покажала македонската храброст и непокорност, но и максималното искористување на сите предности што ги овозможува факторот простор. Правовременото запоседнување на височината Маргара и добрата снабденост со оружје, муниција, бомби, динамит и други експлозивни средства, овозможувале бројната инфериорност да се надокнади со адекватен борбен распоред, а максималното искористување на височината Маргара да се претвори во недостижна предност.

Од друга страна, турската војска направила неколку обрачи околу Маргара и со непрекинати јуриши во неколку бранови се обидувала да се искачи по каменитиот терен за да ја освоји височината. Со раководењето од страна на војводите Ѓорче Петров и на Иван Попов, изборот на одбранбениот борбен распоред од поручниците Лука Иванов и Јован Ивановиќ и со храброста и пожртвуваноста на македонските востаници, квантитетот во однос на бројноста во сили кај македонските војници е претворен во квалитет. Иако постојат различни податоци, сепак се работи за големи загуби. Меѓутоа, со напаѓање во густи редови на противник со високи борбени и морални вредности логични се големи загуби. Турците загубиле 200-400 души, а македонските востаници имале четворица загинати и осум ранети борци.


Покрај наведеново, успехот во бојот на Маргара го овозможувале следните фактори:


1. основното јадро на востаниците го сочинувале искусните костурски четници кои со долги години се подготвувале за востание. Од периодот на формирањето на четните институти на ТМОРО, костурските четници имале обука во тактиката и во настава по гаѓање и ракување со оружје и со минско-експлозивни средства. Обуката ја изведувале војводата Лазар Поп Трајков и поранешниот бугарски подофицер, подоцна војвода Иван Попов. За квалитетот на обуката на костурските четници многу пофалби изнесувал и Гоце Делчев;

2. востаниците биле мошне добро вооружени. Освен пушките "гра", поседувале и "маузери" и "манлихери" со многу муниција. Располагале со големо количество бомби и динамит. Имено, овој востанички одред располагал со вкупното оружје, бомби и експлозив што четата на Ѓорче Петтров ги донела од Бугарија;

3. со овој востанички одред раководел Ѓорче Петров, кој, всушност, учествувал во изработката на речиси сите правилници за четите и општиот план за востанието. Организацијата на одбраната и системот на оганот ги поставиле и со нив командувале поручниците Лука Иванов, Јово Ивановиќ и подофицерот, односно војводата Иван Попов. Големо влијание на исходот на борбата покрај предностите на просторот, односно доминацијата на височината Маргара, имала и погрешната тактика на турската војска.

Битката кај Маргара не само што била една од најголемите туку била последна битка во периодот на Илинденското востание. Имено, Главниот штаб на 1 октомври 1903 година одржал состанок во Смилевската Корија и донел Решение за расформирање на востаничките чети, прекинување на вооружената борба и собирање на оружјето за подобри времиња, со оглед на увереноста дека очекувањата за помош однадвор биле неосновани и залудни. По донесувањето на решението Борис Сарафов, бегајќи во Бугарија со украденото штабно знаме, на 6 октомври 1903 година се сретнал со Ѓорче Петров во Мариовско и му соопштил за решението.

По тој настан Ѓорче запишал: "Тоа расформирање по наредба, тоа решение на Началството што ги водело четите во борба, ми се виде неморално. Би стоел до крај, но самиот не би ги советувал да си одат дома, особено кога началствуваштите лица беа решиле да одат во Бугарија. Тоа нешто доведе до страшен морален крах, населението се сметаше за изиграно. Требаше и Борис и сите да останат внатре, да теглат. Од повидните луѓе во земјата останаа само јас, Даме Груев, Пере Тошев, Павел Христов, Петре Ацев, Христо Узунов, Ѓорѓи Сугарев Ѓакон Евстатиј". Имајќи го предвид општиот план за востание, односно стратегијата на вооружената борба Ѓорче, како и Гоце, сметал дека востанието треба да биде долготрајно, да се водат партизански борби и диверзантски акции таму каде што има услови. Востанието официјално да не се објавува, ниту да се прекинува. Таа визија се покажала како исправна, со оглед на тоа дека по прекинувањето на востанието и по повлекувањето на видните луѓе во Бугарија народот ја загубил довербата во ТМОРО и во можностите сам да се ослободи.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 13784 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,44 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 19 март 2024
Моментно посетители: 45

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
 Најславниот антички пат врви низ Македонија
--------------------------------
 Преп. Петар Атонски
--------------------------------
 Докажувањето на младите Македонци од антиката
--------------------------------
 Чудната царица Теодора
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: