Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7093
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Илинденско востание - Борбите во Прилепско
Сподели на Facebook

Прилепската револуционерна околија во почетокот на 1903 година била населена со вкупно 38.000 жители од кои во градот Прилеп имало 17.000 лица.

Анимација - Борбите во Прилепско

Од вкупното население 35.000 биле Македонци, а останатите 3.000 Турци, Албанци, Власи и Роми. Во организационен поглед Прилепската околија се состоела од три реона: Мариовски, Полски и Прекуридски. Овие, пак, биле поделени на 13 центри. Мариовскиот реон ги опфаќал селата од двете страни по течението на реката Црна и се состоел од три центри: Витолишки, Старавински и Дунски. Во Мариово дејствувала реонска чета на чело со војводата Толе паша и секретарот Аргир Гермов (Шакир). Во Полскиот реон влегувале селата од Прилепското Поле меѓу р. Блато и планините Бабуна и Селечка. Овој реон имал седум центри: Плетварски, Чумовски, Веселчански, Малокоњарски, Мажовички, Врапечки и Небреговски. Во реонот дејствувала четата на војводата Христо Оклев. Прекуридскиот реон ги опфаќал селата источно од Прилеп и се состоел од три центри: Тројачки, Топлички и Степанечки. Овој реон немал сопствена чета, а таа должност ја вршела околиската чета на војводата Петар Ацев.

Прилепска чета


Прилепскиот околиски комитет го сочинувале: Ничо Биолчев - претседател, Тале Христов - секретар, Јордан Тренков, Ѓорче Враилов, Григор Крстев - членови, Петар Ацев - околиски војвода. При крајот на март 1903 година околиското раководство го добило повикот за учество на Смилевскиот конгрес. На 6 април Околискиот комитет одржал состанок на кој се расправало за востанието и се зазел став дека Прилепската и некои други околии во округот не биле добро вооружени и не се подготвени за каква било акција и се изјасниле против востанието, односно дека е тоа преизбрзано, бидејќи немале доволно оружје. При крајот на состанокот биле избрани Петар Ацев, Тале Христов и Јордан Тренков за претставници на Окружниот - Смилевскиот конгрес. На Конгресот прилепските претставници го искажале својот став за востанието, но им било одговорено дека ќе добијат оружје и муниција. Прилепчани и понатаму останале на ставот дека не се подготвени за востание, но лојални на организационата дисциплина, се потчиниле на одлуката на мнозинството.

На Смилевскиот конгрес бил одреден и раководниот орган на востанието во Прилепско, односно Подвижниот горски штаб во состав: Петар Ацев, Тале Христов, Јордан Тренков и Никола Русински. Непосредно пред Илинденското востание во бојот кај село Дуње загинал Тале Христов. Нови членови на Подвижниот горски штаб станале Пере Тошев во јули, нешто подоцна во август се приклучил и Ѓорче Петров. По комплетирањето на прилепското востаничко раководство е реорганизирана и околијата согласно месните услови. Револуционерната околија станала востанички реон и била извршена поделба на седум подреони: Старомариовски на чело со војводата Толе Петров (Толе паша) и секретар Аргир Гермов; Новомариовски - војвода Никола Пешков, секретар Мојсо Крапчев; Први прекуридски - подофицер Нестор Бајнов; Втори прекуридски - подофицер Димитар Андонов; Плетварски - под непосредно раководство на Горскиот штаб; Мукоски - војвода Анте Василев, секретар Иван Смичков и Битолско Поле - војвода Никола Русински.

Мирче Ацев Оровчанец

По извршените организациски промени новите раководства веднаш ги започнале подготовките за востанието. Постојните востаници биле распоредени во чети од 10-15 души и упатени во подреони, а со нивна помош се мобилизирала селската милиција, нови востаници, се вршела обука, се собирала храна, облека, обувки, оружје, санитетски материјал, се организирала разузнавачката, известителната и курирската служба и ред други активности. Со мобилизацијата на селската милиција и новите востаници се создале одреди од по 100 до 200 души. Меѓутоа, земано во целост, Прилепскиот реон успеал да мобилизира само околу 600 востаници - најмалку во Битолскиот округ. Оружјето не било на време поделено, а имале само 500 пушки без доволно муниција. Одредена помош добиле од Окружниот комитет од Битола. Во селото Беловодица била организирана привремена оружарница, но сето тоа не било доволно за да се отпочне востание. Во тоа време во Прилеп бил дислоциран штабот на 7. турска коњаничка бригада, четири ескадрона, еден баталјон редифи (резервна војска) четири баталјона илави, вкупно околу 4.500 офицери и војници.

Почетокот на востанието го објавиле реонската чета и селската милиција со диверзантски акции: рушење мостови, сечење телеграфска жица, напади на чифлици, беговски кули и др. Такви акции се преземале од 2 до 8 август во селата Скочивир, Грбалово, Брод, Рибарци, Новаци и на патишта за Крушево, Битола, Велес и станицата во Градско. По тие акции Горскиот штаб се обидел да организира поголема вооружена акција со сите востанички сили. На 10 август во селото Жиово, недалеку од Витолиште (нахискиот центар со гарнизон од две чети со 300 аскери) се собрале реонските чети и селската милиција. Раководството изработило план за напад на гарнизонот. Се предвидувало нападот да го извршат најдобро вооружените и обучените чети предводени од војводата Толе паша и Димитар Андонов.

Првата да нападне од исток, а втората од југ. Останатите востаници да бидат во резерва, подготвени за дејство. Акцијата требала да се изврши на 12 август во строга тајност. Меѓутоа, кога востаниците се распоредиле и во приближувањето до касарната еден востаник случајно испукал еден куршум што било доволно аскерот да отвори оган, затоа што турските сили биле во зголемена борбена готовност уште од 2 август. Настанале престрелки, по што четите дејствувале според настанатата состојба. Четата на Андонов зазела едно ритче над селото и од височина со стрелба ги присилила војниците да се повлечат во касарните, а четата на Толе паша влегла во селото и ја нападнала зградата на мудурлукот каде што се повлекло жандармериското одделение. По извршениот напад сите востанички сили се повлекле на врвот Кучкин Камен на Ниџе Планина источно од селото. Во борбите во Витолиште аскерот имал 16 убиени и ранети, а востаниците немале загуби. Горскиот штаб одлучил да го прекине заземањето на Витолиште и наредил четите да заминат во своите реони и да ја продолжат партизанската тактика.

Петар Ацев

Со таа акција завршила првата фаза на востанието во Прилепскиот реон. Горскиот штаб се придружил кон партизанското војување и кон целите востанието да биде долготрајно. Со оглед на стратегиското значење на Прилеп, бидејќи овде минувале главните патишта, се очекувала силна војска, што било поголема причина да се избегне фронталната борба. Таквата стратегија била соодветна и со местоположбата на Прилеп. Оваа територија била главна крстопатница која ги поврзувала Западна Македонија со стратегиската комуникација Скопје - Солун. Патот од железничките станици на Велес и Градско минувал низ Прилеп, па оттаму за Крушево, Брод и Кичево. По тој пат минувале турските сили од Урошевац кои на чело со Омер Ружди-паша со железницата пристигнале до Велес и Градско, а потоа преку Прилеп оделе во внатрешноста за да го задушат востанието. По таа маршрута до 8 август поминале 14 баталјони и една планинска батерија, а до 20 август пристигнале уште 26 баталјони.

Главниот штаб на востанието не ја имал предвид геостратешката положба на Прилеп и можностите на Прилепската околија за постигнување успех во услови на партизанска вооружена борба. Со затворање на теснеците и на оперативно-стратегиските правци востанието можело да добие поинаков тек. Малубројните востанички чети воделе поединечни борби главно по планинските предели. Еден од поголемите боеви се водел на 19 август кај селото Паралово на Селечката Планина, кога четите на Тодор Златков и на Коле Мариовецот помогнати од селската милиција успеале да ја спасат од опкружување четата на Петар (Пецо) Железаров. Во таа акција биле ангажирани 250 востаници против 400 војници, притоа востаниците имале двајца загинати, а војската 26 загинати и ранети. Неколку дена подоцна четите на Н. Пешков, на Т. Златков и на П. Железаров кај селото Дуње воделе жестока борба со бројно надмоќен аскер. Вкупно 350 востаници биле опкружени од 7.000 војска.Востаниците успеале да го пробијат обрачот и да се извлечат. Притоа имале 20 загинати, а противникот имал 160 убиени и ранети.

Во средината на август во Прилепско од Бугарија пристигнала четата на Ѓорче Петров и на поручникот Лука Иванов, со вкупно 138 души кои носеле 130 килограми динамит, 200 бомби, муниција и друг материјал. Во септември пристигнале и 500 востаници од Костурско предводени од Иван Попов и од Лазар Поп Трајков. Малку подоцна поголемиот дел од овие востаници заминале во други реони, а Ѓорче Петров со 14 души и Иван Попов со 116 души останале во Прилепско. На 16 септември четата на Никола Пешков водела жестока борба кај с. Беловодица на падините на Дренската Планина против 300 души војска. Притоа загинале 35 четници заедно со војводата. Противникот, исто така, имал големи загуби.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5884 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

сабота, 03 декември 2016
Моментно посетители: 35

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Аквадуктите и нивната функција
--------------------------------
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
 Како макот ги преживеал Македонците
--------------------------------
 Св. мччки Агапија, Хионија и Ирина
--------------------------------
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: