Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8864
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Илинденско востание - Борбата кај с. Душегубица
Сподели на Facebook

Борбите кај селото Душегубица се воделе во рамките на противофанзивата на турските сили, односно во третата фаза на востанието во Кичевскиот реон.

Анимација - Борбите кај Душегубица

На 29 август од правецот на Дебар поминал турски одред од околу 600 души кон Долнореканскиот подреон и го нападнал селото Душегубица (Горна Копачка). Селската чета била распоредена на веќе подготвените позиции и успеала да го задржи нападот цели четири часа. Во борбата учествувале и жените помагајќи на разни начини. Во решавачките моменти на востаниците им пристигнала на помош реонската чета на чело со Лука Џеров и селската чета од Лафчани. По нападот на овие чети турската војска се повлекла во бегство. На боиштето оставила 30 загинати. Востаниците имале само неколку ранети. Следниот ден војската со нови засилувања се обидела повторно да влезе на востаничката територија. Овој пат четите од Горнокопачкиот подреон поставиле заседа на планината Бистра, но поради невнимание по еден истрел заседата била откриена по што војската, со оглед на претходното искуство, се вратила.

На 2 септември на војската и пристигнала помош од уште два баталјона од Дебар (околу 2.000 души), па се обидела по трет пат да влезе во Горна Копачка. Поделена на два одреда војската истовремено ги нападнала Душегубица и Лафчани. Изморена, исцрпена од претходните борби и поради бројноста на турската војска, селската чета на Душегубица се повлекла кон селото Кленоец. Турците навлегле во Душегубица, го запалиле селото, а потоа продолжиле кон Кленоец. Се развила жестока борба во која востаниците употребиле едно црешово топче што се распрснало по четвртиот истрел. Вториот турски одред кој настапувал кон Лафчани бил задржан од селската чета од 75 души кај месноста Два Камена во близина на селото. Под притисок на војската, востаниците се повлекле кон селото Подвис, војската го запалила Лафчани, а потоа се повлекла во Кичево и во Дебар.

Силната противофанзива на турската војска во Кичевскиот и во Поречкиот реон започнала на 8 септември 1903 година. Турска војска од 10 баталјони, односно околу 7.000 души со четири планински топа се насочиле од четири страни: на запад од Кичево, на север преку Круше, на исток од Брод и на југ од Русјаци. Востаниците вкупно околу 200 души предводени од војводите Михаил Јосифов, Пешо Радев и Кочо Куршумот со засилувањето од скопската градска чета, организирале одбрана.

Во дводневниот бој востаниците биле разбиени. По борбата војската ја запалила гората во која бил логорот на бегалците. Потоа биле запалени селата Патеец, Светораче, Козичино и други рабетинколски села. По задушувањето на востанието во рабетинколскиот подреон, Турците презеле мерки за да го задушат востанието во Порече. Наместо еден решителен удар врз востаничките чети, тие го започнале казнениот поход по селата на Порече. На тој начин се обиделе да ги одвојат востаниците од базата и да ги казнат селаните. На 13 и на 14 септември околу 1.500 војници и башибозук од Прилепската каза ги ограбиле селата Црешово, Белица и Вир и извршиле терор врз населението. На 25 септември гарнизонот од Самоков е префрлен на источниот брег на реката Велика каде што ги ограбувал селата. До крајот на септември турските власти во Порече, обезоружувајќи го населението собрале околу 250 пушки.

На 17 септември кога востанието во соседните реони веќе завршувало, војската во Кичевскиот реон презела нови офанзиви. Таа навлегла во Горна и во Долна Копачка од четири страни: од кај Кичево, од Дебарската, Охридската и од Демирхисарската каза. Во меѓувреме Реонското началство добило наредба од Главниот штаб да не започнува големи боеви и да ги зачува силите. Потоа востаниците се поделени на мали групи и добиле инструкции да ги избегнуваат боевите. Три дена војската крстосувала по Кичевскиот реон, но не успеала да влезе во вооружен судир со востаничките сили. Последната офанзива војската ја презела на 1 октомври кога од Кичево и од Дебар навлегла во Долна и во Горна Копачка. Неколку села биле ограбени и опожарени и неколку чети биле принудени да го предадат оружјето. На 13 октомври војската се вратила во касарните во Кичево и во Дебар, а помали постави ставиле по селата.

Во борбите во Кичевскиот и во Поречкиот реон востаниците загубиле 100 души, додека противничките загуби биле шест пати поголеми. Во Кичевско биле опожарени 12 села во кои изгореле 550 куќи. Од населението загинале 204 души. На 10 октомври Главниот штаб ја издал последната наредба со која се ставил крај на востанието. Селската милиција била распуштена, а подоброто оружје било скриено и сочувано за нови борби. По распуштањето на востаничките сили Дебрани (Албанци) го нападнале селото Лафчани и го ограбиле. Сите се надевале дека Бугарија ќе и објави војна на Турција, но од тоа не било ништо. Македонскиот народ доживеал голема измама, платена со скапи човечки жртви.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5474 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 21

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. ап. Тимотеј
--------------------------------
 Златото на Индија кај Александар
--------------------------------
 Македонките заслужни за победата на Аргеј I
--------------------------------
 Партизанската војна и антиката
--------------------------------
 Моштите на Св.Марина
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: