Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Нов век > Илинденско востание
Илинденско востание - Борбите во Кичевско
Сподели на Facebook

Кичевската револуционерна околија ги опфаќа христијанските села од Кичевската и од Реканската каза во кои живеело компактно македонско население, главно сето вклучено во Организацијата.

Анимација - Борбите во Кичевско
На Смилевскиот конгрес Кичевската околија ја претставувале: Тома Христов, Арсо Мицков, Димитар Спространов и Васил Попов. На Смилевскиот конгрес Кичевската околија е поделена на: Кичевски и на Поречки востанички реон. За секој од нив било назначено подвижно горско началство: за Кичевскиот реон војводите: Лука Џеров, Јанаки Јанев и Арсо Мицков, а за Поречкиот: Ѓорѓи Пешков, Ванчо Србаков, Јанаки Петров и Цветан од селото Светораче. Кичевскиот реон се состоел од подреоните: Горна Копачка, Долна Копачка и Долна Река, а Поречкиот од Рабетин Кол и од Порече.

Востанието во Кичевскиот реон се развило во Долно и во Горнокопачкиот подреон, меѓутоа во Долна Река немало услови, бидејќи овој подреон бил слабо вооружен и се граничел со албанско и со муслиманско население. По одлука на Главниот штаб, односно на инсистирање на Даме Груев на 28 мај 1903 година во подреонот Долна Река била упатена четата на војводата Максим Ненов со 40 четници за да го развијат востаничкиот дух. Турскиот и албанскиот башибозук ја откриле и ја разбиле четата при што имало големи загуби. Поради таквата состојба кичевското Горско началство одлучило Долнореканскиот подреон да служи како логистичка база и стратегиска резерва за останатите два подреони. Во врска со тоа кичевското раководство, односно Л. Џеров и Христо Настев преговарале со албанските првенци од Дебар да влијаат кај муслиманското и албанското население. Подготовките за востание во подреоните Долна и Горна Копачка во кои биле опфатени 23 села, започнале веднаш по Смилевскиот конгрес. До почетокот на востанието биле купени 540 пушки и речиси во секое село имало формирана чета. Без оглед на состојбата во Долнореканскиот подреон биле формирани четири чети (две во Галичник, една во Лазарополе и една во Тресонче). Во време на востанието поголемиот дел на четите од овој подреон се префрлиле во Горна Копачка и се вклучиле во тамошните востанички одреди.


Четата на војводата Лука Џеров

Во Рабетинколскиот подреон подготовките биле добро организирани. До Смилевскиот конгрес во тој подреон дејствувала четата на војводата Ванчо Србаков, а обиколка вршеле ревизионата чета на поручникот Тома Давидов и четите на војводите Арсо Мицков, Јанаки Јанев и Јордан Силјанов - Пиперката. Биле организирани селски чети, а во целиот подреон имало околу 250 четници. Најсложена состојбата била во Поречкиот подреон. Во овој подреон уште од порано силно влијание имала српската црква и пропаганда. До Смилевскиот конгрес српската црква имала влијание во 34 од 39-те села во Порече, а во седум имала свои училишта. По Смилевскиот конгрес на Поречкиот подреон Внатрешната организација му посветувала посебно внимание. Револуционерната идеја почнала да се шири во петте егзархиски села: Локвица, Вир, Модриште, Слатино и Сланско, а потоа во април 1903 година се појавила и првата чета со пет до шест луѓе на чело со Марко Дабев од селото Манастирец. Најголемото влијание во Порече го извршила четата на војводата Ванчо Србаков кој до почетокот ги организирал речиси сите села во долно Порече и мобилизирал околу 150 души.

Кичевската чета на војводата Смиле

Вкупно, во поранешната Кичевска околија, односно во двата новоформирани востанички реони до почетокот на востанието биле мобилизирани околу 1.000 души. Во истиот период против македонските востанички сили турската војска стационирала околу 2.500 регуларни војници, еден баталјон илави (резервна војска) и броен башибозук. Војската била стационирана во повеќе места: во Кичево 1.500 души, (еден баталјон редовна и еден баталјон резервна војска), во селото Брод, во текето 200, во нахискиот центар на Порече - селото Самоков 250, во с. Ижица - Рабетин Кол - 200 души. Покрај тоа во соседните кази, Тетовската и Дебарската располагале со уште 4.500 војници. Во услови на таквиот распоред и однос на силите се вршеле подготовки за востанието.

На 26 јули во Кичевско стигнала одлука на Главниот штаб за почетокот на востанието, а на 31 јули раководствата на двата реона се собрале во манастирот "Пречиста" за да ги испланираат претстојните борбени дејства. Тука била донесена одлука и план да се изврши напад врз Кичево со основните сили од Кичевскиот и од Поречкиот реон. Останатите сили биле планирани како помошни со задача да извршат напад врз гарнизоните во кулата и анот во месноста Извор, текето крај селото Брод и Ижишкиот ан. Селската чета од Вранештица и Долна Копачка имале задача да го заштитат реонот од евентуален напад преку преминот Турла до патот за Демирхисарско. На 1 август планот е соопштен на селските војводи, а на 2 август е извршена мобилизација на селските чети кога сите добиле конкретни задачи. На 2 август вечерта за напад врз Кичево се концентрирале околу 600 четници во три одреди: од запад Лука Џеров и Јанаки Јанев од југ - Ванчо Србаков. Околу 1 часот ноќта востаниците отвориле оган кон градот. Еден одред го нападнал логорот во месноста Јурија, вториот одред се обидел да продре кон касарната крај Калето и кон центарот на градот. Нападот бил извршен по жестоката стрелба. Тоа бил демонстративен напад со цел на противникот да му се нанесат загуби и востаниците да се повлечат.

По тој напад загинале 20 аскери, а востаниците се повлекле во подреоните. Во исто време четите од шест села од Горнокопачкиот подреон со околу 120 востаници под раководство на Климент Групчев го опкружиле гарнизонот со 150 војници во месноста Извор. Тој гарнизон имал значајно место, па засилувања упатиле и востаниците и војската. Од Кичево биле упатени уште 150 војници, а нешто подоцна, по акцијата на Кичево Лука Џеров со 200 востаници се упатил кон Извор. Откако не успеал да го спречи соединувањето на турската војска се отворила силна борба кај Извор. Околу пладне војската го пробила обрачот и се повлекла во Кичево. На боиштето оставила 50 жртви. Востаниците загубиле осум убиени и шест ранети.

Максим Ненов

На 3 август војниците од Ижишкиот гарнизон (200 души) придружени со 150 души башибозук од селата Пласница и Лисичани го опкружиле селото Вранештица во подреонот Долна Копачка, каде што селската чета, иако малубројна дала жесток отпор. Арсо Мицков со 200 четници тргнал на помош. На патот кон Вранештица се сретнал со турска чета од околу 200 души, која од Кичево тргнала кон Вранештица. Мицков ја поделил својата чета на два дела. Едниот ја пресретнал турската чета кај селото Староец, а со вториот дел продолжил за Вранештица каде што извршил напад од зад тил со што војската била разбиена. Победа забележале и четниците кај Староец по што војската се повлекла кон Кичево, а башибозукот бил гонет по Долнокопачкиот подреон. По демонстративниот напад на Кичево и Ванчо Србаков заминал со одред во подреонот Рабетин Кол. Во селата Орланци и Бигор Доленци оставил по 50 души на чело со Пешо Радев и Богој Симеонов. Војската се обидела да го следи одредот, но востаниците на Радев и на Симеонов извршиле напад, па војската се вратила назад. Потоа башибозукот извршил напад, но одредот на Србаков го отфрлил тој напад по жестокиот бој и откако бил убиен башибозучкиот водач Алија од селото Гаран. На тој начин завршила првата фаза на востанието во Кичевско и Порече.
---------------------------------------------------
Извор: Илинденско востание со слика, текст и звук
Д-р Ванче Стојчев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7215 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 25

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
 Првиот алпинизам во Македонија
--------------------------------
 Пожар во Александриската библиотека од Христијани
--------------------------------
 Св. Маченик Нестор
--------------------------------
 Храброста на Смилевските мајстори
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: